Брoj 2780  петок, 05 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Приватните автобуси стартуваа со електронска безготовинска наплата

„Моја карта“ се продава на триесет продажни места за 120 денари

Снежана Калабакова


Приватните превозници од „Слобода превоз“ стартуваа со примената на електронската наплата во автобусите со таканаречената „Моја карта“ и со системот за следење на возилата. Официјално, вчера заедно со турската фирма „Ксмет карт“ тие ги промовираа системот и картичката, за која Ахмет Осмачи, претставникот на турската фирма, рече дека во неговата земја ја користат четири милиони корисници.

Новите платежни електронски картички во Скопје се продаваат на триесет продажни места на автобуските постојки за 120 денари. Едно возење чини 15 денари, а картичката може да се надополни неограничен број пати и со колкава било сума. При качувањето во автобус, со нејзиното приближување до читачот апаратот „валидатор“ ќе ја одземе вредноста на чинење на превозот, а трансакцијата ќе се потврди со звучен сигнал и ќе се прикаже на дисплејот на читачот. Елктронската картичка ќе може да се користи во 90 приватни автобуси, а во наредниот период и во сите други. Засега ќе може да се користи на автобуските линии со број „12“, „22“, „23“, „45“, „63“ и „73“, додека на линиите „9“, „19„,“20“,„52“,„55“ и„61“ инсталирањето треба да заврши во наредниот период. Системот на „Ксмет карт“ нуди можност во иднина оваа картичка да се користи за паркинзи, наплатни рампи и слично. Во наредниот период системот ќе се воведе и во приватното претпријатие „Макеспрес превоз“ и во ЈСП „Скопје“.

„Моја карта“ претставува технолошко најнапредно системско решение за фискализирано електронско плаќање во превозот на патници. Ваков платежен систем има во возилата во Лондон, Париз, Рим, Амстердам, Измир и многу други.

„За патниците употребата на ’Моја карта‘ е едноставна, влегувањето ќе биде брзо и ефикасно, а со тоа ќе се намалат турканиците и застоите, особено во ударните часови. Системот ќе биде безбеден и од злоупотреба. Картичката може да се употребува три години и со неа ќе има можност да се даваат организирани попусти. Во иднина ќе има картички за разни категории граѓани, односно ученици, студенти, вработени, невработени, пензионери, лица со посебни потреби“, рече Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“ на вчерашната промоција на „Моја карта“.

Турскиот амбасадор во Македонија, Арслан Онџал, истакна дека го радува соработката на неговата земја и Македонија на економски план, особено зголемените инвестиции на турските фирми во Македонија, што е доказ дека Турција има доверба во иднината на Македонија.


��татијата е прочитана 404 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Гази Баба исплатила 3,7 милиони денари за надоместоци на советниците
Фудбалски турнир по повод 8 Септември
Донирани 370 книги за училишните библиотеки
„Слатко“ изненадување за посетителите на Луна паркот

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.