Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Македонија

Последен збор

Евгениј Димитров

(1919-2010), академик

Вчера во 91. година од животот почина академик Евгениј Димитров, еден од најголемите познавачи на уставната материја во државата и бард на македонската правна наука.

Академик Димитров е роден е на 1 јануари 1919 година во Плевен, Бугарија. Основно училиште и гимназија завршил во Велес, а матурирал во Скопје. Правните студии ги почнал во Белград, а ги завршил во Софија. Како студент пројавил активна дејност во редовите на предвоената напредна студентска младина. Поради тоа што на еден јавен политички собир одржан во јуни 1939 година во Велес истапил со говор на македонски јазик против тогашниот профашистички режим, а во кој се застапувал за решавањето на македонското национално прашање и за федеративно устројство на Југославија, во почетокот на јули истата година бил прогонет од Југославија во Бугарија. За време на студиите во Софија, активно работел во движењето на напредната македонска емиграција, а на Универзитетот бил организиран во група студенти-марксисти.

Кус период бил и адвокатски приправник во Скопје.

Во периодот од 1942-1943 учествувал во Народноослободително движење, а во септември 1944 година стапил во НОВ на Југославија. Работел во Министерството за надворешни работи на ФНРЈ. Од октомври 1945 до април 1946 година бил прв секретар на Посланството на ФНРЈ во Атина. Во 1951 година е именуван за член на Матичната комисија за формирање на Правно-економскиот факултет во Скопје и истата година е избран за наставник по уставно право во звањето предавач. Во 1954 година е избран за доцент на Правниот факултет. Во 1962 година хабилитирал и бил избран за вонреден професор, а од јуни 1967 година бил редовен професор на истиот факултет. Во 1957/58 година бил продекан, а во учебната 1963/64 и 1964/65 бил декан на Правниот факултет.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на во 1974, а за редовен член во 1981 година. Во периодот од 1980-1983 година бил секретар на Академијата, а од 1984 до 1987година избран член на Претседателството на МАНУ. Има објавено голем број научни и стручни трудови, меѓу кои „Проблемите на македонскиот национално малцинство во соседните земји“, „АСНОМ и интегритетот на македонскиот народ“, „Државата во процесот на транзиција во Република Македонија“,„Специфичностите на парламентаризмот во Македонија“.

Академик Евгениј Димитров беше погребан вчера на Градските гробишта во Бутел во кругот на своето најтесно семејство. (П.Р.)






#
Статијата е прочитана 833 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
Похумани услови за пациентите во Бардовци
Млекарите станаа тутунари
Прилепчанки виткаат сарми за Свети Никола
Топлина од колекторски отпад
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu