Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Македонија

Топлина од колекторски отпад

Горан Момироски

ОХРИД – Тињата што се добива со пречистување на отпадните води во колекторскиот систем за заштита на Охридско Езеро наскоро ќе се употребува како суровина за производство на енергенси и природно ѓубриво. Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, со донација на швајцарската влада, неодамна набави специјална преса со која ќе се двои тињата од отпадот што се создава во пумпните станици на колекторот. Потоа ќе се складира во специјални јами и со дополнителна обработка ќе може да се употребува како суровина за пелети или ѓубрива. Заокружувањето на целокупниот процес за добивање еколошки чист производ подразбира дополнителна инвестиција.

„Има повеќе варијанти, а за која ќе се одлучиме, пред се', зависи од финансиските услови. Но, најважно е што покажавме дека знаеме да ги искористиме природните ресурси со кои располагаме“, вели директорот на МЈП „Проаква“, Бранислав Трпчески.

Талогот што се добива со пречистување на отпадните води во колекторот има висока енергетска вредност и може да се меша со други природни суровини, во процесот на производство на пелети, за што покажале интерес и производителите на овој вид енергенси.

„Во Струга веќе има една фабрика за производство на пелети, а постои иницијатива за отворање на уште една. Многу граѓани и институции се преориентирани на алтернативна енергија, односно греење со пелети, поради што сметаме дека овој проект економски е оправдан и одржлив“, смета градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Тој посочи дека општините Струга и Охрид, кои заеднички стопанисуваат со МЈП „Проаква“, ќе го поддржат развојот и на вториот проект за производство на комбинирано земјоделско ѓубриво, кој е во завршна фаза.

Специјалната преса за преработка на тињата неодамна беше пуштена во употреба, со што се заокружи швајцарската донација за колекторскиот систем за заштита на Охридско Езеро вредна 1 милион евра. Околу 700.000 евра беа употребени за рехабилитација на редукторите на колекторскиот систем.


#
Статијата е прочитана 403 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Похумани услови за пациентите во Бардовци
Млекарите станаа тутунари
Евгениј Димитров
Прилепчанки виткаат сарми за Свети Никола
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu