Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Македонија

Похумани услови за пациентите во Бардовци

Болните ќе се сместуваат во простории со еден, два или најмногу со три кревети

Во Психијатриската болница во Бардовци, пациентите, место во шесткреветни и осумкреветни болнички соби, ќе се сместуваат во простории со еден, два или најмногу со три кревети, кои ќе имаат и посебни тоалети. Ваквиот комодитет се предвидува со реконструкција на постојниот објект на Психијатриската болница, кој е павилјонски тип болница и чии објекти се постари од 50 години.

„Вредноста на првата фаза е 2,1 милион евра. Ќе се реконструираат два поголеми тракта, делот за акутни пациенти и за психогеријатрија, односно за постари пациенти и два други тракта. Во втората фаза влегуваат уште два објекта од болницата. Целта е не само да се подобрат условите, туку комплетно да се модернизира болницата и целиот систем на лекување на душевните пациенти. Рокот за завршување на градежните работи е 13 месеци“, истакна министерот за здравство, Бујар Османи, во стартот на реконструкцијата, која е дел од проектот за реновирање, изградба и доградба на над 40 болници во Македонија.

Намерата на Министерството, како што посочи Османи, е да се оди кон деинституционализација на овие пациенти, преку ставање акцент на центрите за ментално здравје, каде што ќе се третираат на дневна основа.

Османи истакна и дека е започнато испитувањето на функционалната и структурна стабилност на сите јавни здравствени установи, за да се спречат евентуални случувања како она со покривот на тетовската болница. „Ги реконструираме и паралелно ги испитуваме сите кровни конструкции за да утврдиме колку се стабилни“, додаде Османи. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 356 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
Млекарите станаа тутунари
Евгениј Димитров
Прилепчанки виткаат сарми за Свети Никола
Топлина од колекторски отпад
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu