Број 3457  среда, 15 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Телекомуникации








Site Meter
Македонија

Прилепчанки виткаат сарми за Свети Никола

На градскиот плоштад ќе биде сервирана свечена трпеза со илјадници посни сарми, гравче и риба

Моника Талеска



ПРИЛЕП - В недела на градскиот плоштад ќе биде сервирана свечена трпеза на која ќе има илјадници посни светиниколски вкусни сарми во чест на големиот христијански празник Свети Никола, кој е прогласен за патрон на прилепчани. Освен посните сарми, гостите ќе вкусат и посно гравче. Во казаните од АРМ, според рецептот на вештите кувари-војници, ќе бидат сварени 300 килограми грав. Дел од јадењето ќе бидат и од 450 до 500 килограми риби. Вкусната закуска ќе се залие со два тона вино, 400 литри ракија и многу сокови.

Годинешни домаќини на чествувањето се бизнисменот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и „Жито-Прилеп“. Како што информираат кумовите, при крај се подготовките за годинешната свечена и традиционална трпеза. А, 65 членки на прилепските здруженија „Преродба“ и „Мајка традиција“ се орни со песна и оро да свиткаат сарми со големина на орев од листови на 1.200 килограми зелка. Пред две години Прилеп го освои Гинисовиот рекорд, а вредните домаќинки тогаш завиткаа над 80.000 посни сарми.

„За свечениот ручек покрај зелка, се подготвени и 400 литри масло, 100 килограми ориз и 40 килограми црвен пипер. Сармата ќе се крои во хотелот ‘Сонце‘, а в четврток ќе се вари во фабриката за печурки. До моментот на сервирањето, сармите ќе се чуваат во фрижидери“, истакна Горан Јанков, директор на „Жито-Прилеп“.

Тој додава дека гостите ќе уживаат и во песните на македонските естрадни ѕвезди. За забавата се задолжени: Миле Кузмановски, Милица Кузмановска, Ирена Спасовска, КУД ‘Мирче Ацев‘, Белинда. „За оваа свеченост ги поканивме Синодот на МПЦ, Владата и премиерот Никола Груевски, дипломатскиот кор, политичките партии“, изјави Јанков.

Церемонијата ќе почне со литургија во црквата „Свето Благовештение“. Чествувањето ќе продолжи во центарот на градот пред параклисот „Свети Никола“, кога кумот ќе му го предаде кумството на домаќинот на градската слава за 2011 година. Засега се чува во тајност името на идниот кум.

Целата церемонија ќе биде директно пренесувана преку сателитската телевизија Сонце, чиј сопственик е токму годинешниот кум Атанасоски, кој ќе допатува од Калифорнија во Македонија. Атанасоски освен на „Жито-Прилеп“, сопственик е и на два хотела, „Сонце“ и „Липа“.

За овој празник во Прилеп важи поговорката - половина граѓани го слават празникот, а другата половина одат на гости. По прославата во центарот на градот, чествуваат во домашна атмосфера. Илјадници прилепски семејства ги привршуваат подготовките за денот.

„Свети Никола е домашна слава од памтивек. И кај мајка ми ја славевме и кај свекрва ми. И еве со децении ја славиме и ние. Почнавме многу порано, со чистење на куќата, се' до последно парталче што се вели мора да биде испрано за празникот. А, еден ден пред тоа спремаме сарми, гравче, риби, благо... Каква сиромаштија да имаш дома и да страдаш за леб, за Свети Никола секогаш од некаде ни доаѓаа пари. И многу сме среќни што Свети Никола пред некоја година стана заштитник на градот“, вели прилепчанката Митра Спасеска.


#
Статијата е прочитана 649 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Похумани услови за пациентите во Бардовци
Млекарите станаа тутунари
Евгениј Димитров
Топлина од колекторски отпад
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu