Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Скопје

ВМРО-ДПМНЕ потстанар во музејот на Есма?

СДСМ пра��ува дали донацијата од 1,5 милион денари ќе се потроши за покривање на киријата

„Дали донацијата од 1,5 милион денари ќе се потроши за довршување на музејот на Стево и Есма Теодосиевски или за доуредување на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, кој се наоѓа токму во овој објект на улицата ’Самоилова‘“, праша вчера Софија Куновска, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Опозициските градски советници прашуваат од кога штабот на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во куќата на Есма и колку пари плаќа месечно за кирија, изразувајќи притоа сомневање дека постои документација со која би се потврдило дека објектот е регистриран како музеј.

„Дали донацијата од градската каса е за неисплатена кирија и еден вид благодарност за лојалноста кон Груевски? Дали одговорните во фондацијата ’Стево и Есма Теодосиевски‘ имаат морал да примат донација од Градот, а во исто време да дозволат закуп на простории наместо сите средства да ги искористат за подобрување на општествениот статус на Ромите“, прашуваат од СДСМ.

Социјалдемократите се револтирани од ставот на Есма Реџепова-Теодосиевска, советничка во Град Скопје од редовите на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, дека се чувствувала навредена од воздржаната реакција на СДСМ за доделување на парите за доизградба на музејот. Опозицијата се сомнева во искрените намери на мнозинството, како што велат, дури и кога се работи за наводно благородни иницијативи. Токму од тие причини сакале да бидат сигурни дека 1,5 милион денари ќе се потрошат за вистинска цел.

„Длабоко го почитуваме делото на Стево и Есма Теодосиевски и нивниот придонес во областа на музиката и хуманизмот, но сметаме дека ова е врв на лицемерство. Нивната досегашна работа не смее да биде ставена во партиски прегратки за да се сервисира ДПМНЕ со народни пари“, рече Куновска. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 1191 пати.

Испрати коментар

Од: miki
Датум: 15.11.2010 13:09:20
esma, esma, esma...........aj, da ne komentirame da ne ispadneme smeshni......sekoja cest za muzikata ama, nesto ne chini....
Од: 2014 Δ.п.н.е.
Датум: 15.11.2010 15:37:55
Есма -вистинска цел за вложувања на државата... посмешно, здравје!
Од: asan
Датум: 16.11.2010 08:22:42
Teta Esma moze e potisnata i moze nekoj drug dirigira.....

Најди! во Утрински
Скопје
Кој ја асфалтира „Кристијан Тодоровски-Карпош“?
Вкрстен оган врз Јакимовски за армиските станови
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial