Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Скопје

Вкрстен оган врз Јакимовски за армиските станови

Градоначалникот на Карпош обвинет дека кочи голема инвестиција

Самостојниот синдикат на вработени во одбраната побара припадниците на Армијата да не бидат жртви на политичка конструкција, туку да се направи се' проектот „АРМ мој вистински дом“ да се реализира во најскоро време.

„Потценети од фактот што градоначалникот Стевчо Јакимовски не сака да не' прими 13 дена, омаловажени од неговиот игнорантски однос и навредени од неговите изјави со кои се потценува свеста на припадниците на АРМ, и денеска сакаме да кажеме дека политика не не' интересира. Ние кои достојно ја носиме македонската униформа и кои достојно ја претставуваме нашата држава не' интересира да бидат изградени нашите домови“, рече Ристо Ајтов, претседател на ССВО, на вчерашната прес-конференција.

Од Карпош експресно реагираа отфрлајќи ги сите обвинувања дека го кочат донесувањето на ДУП-от за касарната Илинден. „Општина Карпош ги поддржува сите проекти на Армијата, како што е проектот ’АРМ мојот вистински дом‘. Меѓутоа, претседателот на Самостојниот синдикат на одбраната ја избра политиката наместо струката. Му препорачуваме да држи прес-конференции пред Јавното станбено претпријатие, кое управува со 480 стана во државна сопственост и во кои е сместена една друга, партиска војска на ВМРО-ДПМНЕ“, е одговорот на Општина Карпош.

Случајот вчера го коментираа и министрите за одбрана и за транспорт и врски, Зоран Коњаноски и Миле Јанакиески. Коњаноски, исто така, побара да се деполитизира проблемот и да се направат напори да се најде решение за станбеното прашање на припадниците на АРМ, посочувајќи дека тоа не е можно со иселување на околу 400 диво вселени лица во државни станови. Јанакиески смета дека градоначалникот на Карпош кочи голема инвестиција во неговата општина.

„Го повикувам градоначалникот да ја започне јавната анкета за ДУП ’Илинден‘, бидејќи одговорно тврдам нема правни пречки за тоа. Сето земјиште што е слободно и нема да го користи одбраната е дадено на Општина Карпош за таа да го урбанизира“, рече министерот Јанакиески.

Агенција за катастар на недвижен имот, пак, демантираше дека Катастарот на кој било начин врши опструкција на проектот за изградба на армиски станови на територијата на општината Карпош. А реагираше и

Агенцијата за планирање на просторот со образложение дека не се точни забелешките на градоначалникот, а кои се однесуваат на она што е предвидено со планот. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 922 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Кој ја асфалтира „Кристијан Тодоровски-Карпош“?
ВМРО-ДПМНЕ потстанар во музејот на Есма?
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language