Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

И Врховен суд ги потврди доживотните затворски казни за убиството кај ПМФ

Највисокиот суд во државава ги потврди трите доживотни затворски казни за убиството на Африм Арифи, припадник на полициските „алфи“

Љубиша Станковиќ

Врховен суд на Македонија ги одби жалбите на тројцата осудени на казна доживотен затвор за убиството на Африм Арифи, припадник на полициската единица „Алфи“.

Одлуката на Врховен суд доаѓа по точно еден месец од одржувањето на јавната седница на која судот, освен што ги изведе сите околности поврзани за овој немил настан, ги разгледа и жалбите на осудените Реџаиљ Ќерими-Реџо (42) од Липково, со адреса на живеење во Опае, Агим Ислами (28) од Скопје и недостапниот за органите на прогонот Алмир Дрпљанин (32), исто така, од Скопје. Судот ќе го осуди на шест години затвор обвинетиот Рамадан Шакири (20) од Арачиново за помагање на сторител по извршено кривично дело.

Настанот за кој Ќерими, Ислами и Дрпљанин беа осудени на доживотен затвор се случи на 28 ноември 2008 година на паркингот кај Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Во службеното полициски возило „мазда“, во кое освен загинатиот Арифи се наоѓале уште двајца негови колеги, било стрелано од автомобил „голф“ со темносина боја. Нападот се случил молскавично така што припадниците на „алфите“ не можеле ни да возвратат.

Непосредно пред овој трагичен настан „алфите“ извршувале редовни задачи во населбата Ченто. Тие, движејќи се по булеварот „Александар Македонски“, се упатиле кон ПМФ. Иако полицајците биле во „цивилно“ возило, сепак, постои верување дека тие извесно време биле следени од напаѓачите.

Сведоци на жестокиот напад, кој траел половина минута, при што биле испукани 70 куршуми, се одиграл пред очите на десетици студенти на ПМФ.

Во текот на судскиот процес обвинетите ја негираа својата инволвираност во атентатот врз полицискиот тим. Тие тврдеа дека воопшто не се познаваат меѓу себе, а некои од сведоците се обидоа да им обезбедат и алиби.

Нивните бранители понудија докази со кои се обидоа да го оспорат обвинението, а со тоа и инволвираноста на своите штитеници во настанот од 28 ноември 2008 година. Во исто време Обвинителството го тврди спротивното, односно дека не постојат никакви дилеми дека токму лицата што се обвинети се извршители на нападот на паркингот кај ПМФ.

Скопскиот кривичен суд, како првостепен суд, на 30 април минатата година изрече три казни доживотен затвор и шест години за лице обвинето за помагање.

Обвинетите, незадоволни од висината на изречените санкции, преку своите бранители, поднесоа жалби до Апелациониот суд во Скопје. На јавна седница адвокатите и осудените се обидоа да ја „оспорат“ првично донесената одлука, но и повисокиот суд донесе истоветно решение, односно одлука со која се потврдуваат трите казни доживотен затвор.

Незадоволни и од оваа одлука осудените го побараа своето право, во согласност со законот, во Врховен суд на РМ, но и највисокиот суд ги потврди веќе донесените одлуки.


#
Статијата е прочитана 1165 пати.

Испрати коментар

Од: makedon4e
Датум: 20.06.2011 12:21:44
A za dokazite nikoj ne pishuva. Lesno vi e vaka da pishuvate gluposti. So kakvi dokazi gi sudnaha- otpushek, jogurt na nekoja niva i pashteta na istata niva, kade shto kravite idat. Da vi 4estita pobedata, taka se raboti, vse pokrito da bide!

Најди! во Утрински
Хроника
Тешка сообраќајка во тунелот „Катланово“
Скопјани осомничени за фалсификување платежни картички
Притворена четиричлена разбојничка група
Двајца малолетници претепани на скопскиот плоштад
Полицијата расветлува пријава за лице во кома

"""