Полицијата расветлува пријава за лице во кома
Во саботата наутро полицијата добила известување дека во Градскиот парк во Скопје, непосредно до рампата кај Луна-паркот, има повредено лице. Лицето било во коматозна состојба и со возило на Брза помош е пренесено во скопскиот Ургентен центар.
Полицијата засега соопштува дека станува збор за И.К.(30) од Скопје, а дека СВР-Скопје презема интензивни мерки за расчистување на случајот. |