Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Скопјани осомничени за фалсификување платежни картички

Полицијата поднесе кривична пријава за две лица од Скопје за сторено дело - употреба на фалсификувани платежни картички, со кои купувале техника. Според скопската полиција, осомничениот Б.К. (29), во јуни минатата година, преправил две фалсификувани платежни картички и потоа ги употребил како вистински заедно со својот пријател Г.К.(29).

Првопријавениот на својата оригинална платежна картичка, издадена од една домашна банка, како и на уште една фалсификувана платежна картичка им вметнал податоци од други картички, сопственост на странски државјани, кои ги обезбедил нелегално. Со овие картички двајцата пријатели купувале техничка стока во повеќе скопски продавници. Тие успеале да извршат девет успешни трансакции во вредност околу 162.000 денари, но и исто толку неуспешни трансакции, во износ околу 356.000 денари. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 702 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Тешка сообраќајка во тунелот „Катланово“
И Врховен суд ги потврди доживотните затворски казни за убиството кај ПМФ
Притворена четиричлена разбојничка група
Двајца малолетници претепани на скопскиот плоштад
Полицијата расветлува пријава за лице во кома

"""