Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хроника

Притворена четиричлена разбојничка група

Скопската полиција поднела кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство за четири лица за сторено кривично дело разбојништво. Станува збор за А. А. (45), Н.Б. (33), Н.А. (27) и Б.Д. (33), сите од Скопје, кои, според полицијата, извршиле разбојништво врз велешаните З.Д. и Б.Н., а притоа се здобиле со противправна имотна корист од околу 10.700 денари.

Ова дело осомничените го извршиле минатата среда. Имено, тој ден, околу 19 часот, на стариот пат за Велес, поточно на раскрсницата за селата Брезница и Летевци, тие ги пресретнале оштетените што се движеле со мотоцикли. Откако им го попречиле патот и ги запреле, првопријавениот А.А. им се обратил на оштетените: „Што барате тука, сега ќе ве убиеме!“

И осомничениот Н.Б., кој држел хебла в рака, исто така, им се заканил по живот на оштетените, по што со влечење и со туркање ги однеле кај репетиторот што е во непосредна близина. Таму им ја ставиле хеблата в раце, а потоа ги фотографирале со мобилни телефони. Тие им кажале дека, доколку го пријават случајот в полиција, сликите ќе ги испратат како наводен доказ дека краделе железо од репетиторот. По ова осомничените до претресле З.Д. од кого одзеле паричник со 9.600 денари и 20 евра, како и лична карта.

А.А. ја задржал личната карта, а на оштетениот му се заканил дека, доколку во рок од два часа не донесе 500 евра, ќе го најде по адресата и ќе го убие. Тој му дал број од мобилен телефон за да се јави и да му ги донесе парите во селото Катланово, кај месноста Кисела Вода.

За настанот оштетените му јавиле на својот пријател, полициски службеник, кој, пак, ги поврзал со друг полициски службеник што живее во Катланово. Еден час подоцна А.А. се јавил на телефон и го прашал оштетениот З.Д. дали ги обезбедил парите, кој му одговорил потврдно. На средбата, по краток разговор, А.А. му ја вратил личната карта, но кога го забележале полицаецот кого го познавале, почнале да бегаат. Додека бегале тие упатиле закани и по сигурноста и животот на полицискиот службеник.

Полицијата ги пронашла сите припадници на групата, а по спроведувањето пред истражен судија биле однесени во притвор. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 921 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Тешка сообраќајка во тунелот „Катланово“
И Врховен суд ги потврди доживотните затворски казни за убиството кај ПМФ
Скопјани осомничени за фалсификување платежни картички
Двајца малолетници претепани на скопскиот плоштад
Полицијата расветлува пријава за лице во кома

"""