|
|
|
|
|
|
Едукативен карван за срцеви заболувања
ОХРИД - Во текот на летниот период најмногу страдаат лицата со срцеви проблеми, па токму поради тоа, ПЗУ „Филип Втори” и Црвен крст го организираат карванот за едукација на граѓаните и превенција од срцеви заболувања во овој период од годината, под мотото „Од срце за срце“. Стручни лица од познатата болница заедно со активисти на Црвен крст ги обучуваат граѓаните како да се заштитат од високите температури.
Едукативниот карван се одржа вчера во Охрид од 10 до 13 часот и во Струга од 14 до 17 часот. Стручни лица ги обучуваа граѓаните како да се заштитат во летните горештини. Едукативните предавања се на тема „Превенција од кардиоваскуларни заболувања како последица од високите температури“, а се реализирани од д-р Жан Митрев и неговиот стручен тим во просториите на Црвен крст во овие два града.
Д-р Митрев потенцира дека срцевиот инфаркт не е болест само на постарата генерација. Младата популација се' почесто е на удар од ова заболување, кое може да заврши и фатално. (В.М.) |
#
|
Статијата е прочитана 545 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: В. Кратовалиев |
Датум: 06.07.2011 12:02:07 |
|
Грижата на докторите од ФИЛИП Втори за здравјето на болните веке е докажана со високата професионалност и посветеност. Добро е, што превентивата станува препознатлива во ФИЛИП Втори, од што ползата ке биде многустрана, но најголема ке биде за граганите, кои преку едукацијата, со малку труд и внимание ке ги избегнат болничките ходници и операционите сали. |
|
|
|
|
|
|
|
|