Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Се затруле од пица

Пицеријата „Бонита“ во Струмица, како што известува Министерството за здравство, ја затвори Државниот санитарен и здравствен инспекторат по појавата на случаи на труење со храна. Според информациите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, пет случаи на труење се појавиле на 29 јуни, за што бил известен епидемиологот од Центар за јавно здравје - Струмица. Првите симптоми на труење се јавиле кај лицата на полноќ и во раните часови наредниот ден откако храната, како што се вели во известувањето од Министерството била консумирана во вечерните часови во пицеријата. Веднаш бил извршен инспекциски надзор во пицеријата, сопственост на ДПТУ „Мајско цвеќе“ ДООЕЛ. Земени се брисеви од вработените и од работните површини и од храната што ја консумирале заболените лица.

Пицеријата ќе биде затворена се' до добивање исправни микробиолошки резултати од земените брисеви. Наредена е вонредна хигиенизација на објектот, генерално механичко чистење, варосување на магацинот и дезинфекција од овластена здравствена установа, стои во соопштението.

Поради тоа што одговорното лице не дозволило поставување на службената лента за забрана за користење на објектот, од Државниот завод најавуваат поднесување и на кривична пријава.

Од Инфективното одделение на Општата болница во Струмица известуваат дека заболените лица по примената инфузија и соодветната терапија, биле пуштени на домашно лекување.


#
Статијата е прочитана 1012 пати.

Испрати коментар

Од: Tinat
Датум: 06.07.2011 10:45:01
Se mislam sto ke pravi toj Ramzi, ako gi vide tie kujni kade nema higiena na prv stepen, Ke poludee od psovki i ke go napravi gotvacot za nigde so kritika.A koj e toj sto gi pravi Pizzite? Nekoj ulav? nekoj od ulica, bez diploma? Se toa e vrlo vazno, da si ja ima diplomata na videlo. Kao sto doktor gi ima diplomite na zid vo sobata. A so taa da si e ponosen oti rabotata mora da dostigne diplomatska visocina.

Најди! во Утрински
Македонија
Осум баби живеат со клетвата на Бабино
И невработените бараат бесплатен градски превоз
Ликовна колонија „Дрен“
Едукативен карван за срцеви заболувања

"""