Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

И невработените бараат бесплатен градски превоз

Новоформираното Здружение на невработени „Македонија“ ќе бара да се издаваат бесплатни лични карти и пасоши

Јасмина Јовановска


И невработените како и пензионерите од државата ќе бараат да се возат бесплатно во градските автобуси. Ова е една од заложбите на новоформираното Здружение на неврабо��ени „Македонија“. Тие ќе бараат да им се издаваат и бесплатни лични документи, лична карта и пасош, кои ќе ги подигнуваат од Агенцијата за вработување. „Овие поволности ќе може да ги користат сите невработени, се разбира, доколку му се придружат на здружението, бидејќи ќе мора да добијат и заверена картичка од градскиот превоз“, објаснува генералниот секретар на ова здружение, Горан Давитковски. Тој потенцира дека здружението го формирале за да им докажат на државните институции дека невработените лица немаат исти права како и вработените. „Обврските ни се исти, а правата различни“, додаде Давитковски. Освен поволности, ова здружение ќе се залага и за активно вработување на оние што останале без работа. „Ќе бараме активно вработување на невработените, а не како Агенцијата за вработување, која вработува лица што работат само еден месец и потоа пак се на улица“, додава Давитковски. Според него, со подобрувањето на социјалниот и на економскиот статус на невработените ќе се врати социјалниот мир во државата и ќе се намалат криминалот и одливот на мозоци од државата. Давитковски нагласи дека треба да се привлечат инвестиции во земјава што ќе отворат фабрики, а не да се градат трговски центри.

Нивните предлози за бенефиции за невработените ќе ги достават до Владата или, пак, ќе разговараат со пратениците.

Како може да очекуваат државата да им дозволи вакви бенефиции кога од септември ќе им наплаќа на невработените доколку сакаат да имаат здравствено осигурување, од Здружението немаа одговор. Тие беа затечени од законските измени, според кои, невработените ќе мора да пополнат изјава дали и колкави хонорари примаат годишно преку трансакциска сметка. „Државата ќе треба да се запраша зошто овие лица примаат хонорари, а не се вработени“, револтирано вели Воуслав Кукољ. Здружението, сепак, ќе ги разгледа критериумите за добивање сини картони за невработените. „Ќе бараме да се измени критериумот, според кој, лицата што имаат приходи од 15.000 денари и се грижат за четиричлено семејство, да не плаќаат 1.100 денари за сини картони. Што ќе им остане за да преживеат ако се знае дека потрошувачката кошничка е 15.000 денари“, прашува Кукољ.


#
Статијата е прочитана 1274 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 06.07.2011 07:08:40
Невработените имат ПРАВО,да барат само работа ако ја најдат.Ако се однесува и за овие кои имат завршено високо образование ,нека одат да завршат уште два,три факултети така полесно ке најдат работа(сигурно ке земат и поголема плата).И тоа факултетите да бидат од техничките науки.Тоа го препорача министерот за образование,јавно го кажа и остана жив!!!!!!!
Од: Pavel
Датум: 06.07.2011 09:10:00
Бесплатниот превоз за пензионери во петок и вторник е извонреден потез со кој се прослави Владата на РМ. Но, ова не е привилегија што само во Македонија се практикува. Тоа го практикуваат и други земји! На пример, во Србија, пензионерите имаат бесплатно возење во сите денови во текот на годината и тоа: за трамвај, тролејбус, автобус и воз. На секој пензионер му се издава бесплатна карта за неограничено возење во сите правци, во сите превозни сретсва, во сите денови од годината. Ако Владата на РМ сака да биде оригинална во овој поглед, нека го повлече својот потез и дозволи и на одредени категории невработени, стечајци да им издаде дозволи за бесплатно возење. Дури со тоа Владата би сторила нешто оригинално значајно што би било и за поздравување.
Од: ivo
Датум: 06.07.2011 10:26:38
Sto sakaat nevrabotenite?! Pak da se vozat? Pa site ovie godini se imaat vozeno iljadnici i iljadnici kilometri na partiski trosok, od miting do miting! Partiite im davaa i sendvici i dnevnici i vozenje! ...Ah, da, se setiv, baraat da bidat ramnopravni so penzionerite koi isto se vozea po mitinzi!...Epa, dobro togas, neka baraat i vozenje i staz i minat trud i penzisko osiguruvanje ...! Ili toa ne im bilo rabota tuku hobi? ... Togas neka se vovedat pogodnosti za nevraboteni , koi sakaat da se vozat od hobi! Taka barem ke bidat dinamicni namesto da cmaat! Vladata sigurno ima nekoja izmislica, kako da ja podrzi ovaa grupa na svoi podrzuvaci, osven ako Branko ne bil toj sto gi vozel po mitinzi! A i da gi vozel, zarem Gruevski treba da ostane podolu od Branko vo aktivnostite?
Од: Tina
Датум: 06.07.2011 10:36:43
Lugeto Se ohrabruvat da za zdraveto gi upotrebuvat Biciklite a i od skoro vreme e dobro protivu polucija na avtomobilsko patuvanje po gradot. Se sekavam da Skopje bese grad na Biciklisticka nacija. luge, pa me cudi da tie nezaposlenite nemat na um, da si gi upotrebuvat biciklite, koi sigurno lezat nekade vo dupka ili izba. Tek tolku, se sekavam na tie ubavi denovi na bicikli so zvoncinja,
Од: abraham
Датум: 06.07.2011 10:56:37
duri sega ke go vidime macorot za sve nesto treba da se plati licenca besplatno ni vozduh ke nema veke najgolemiot dusman na narodot min. za pravda pompezno gi najavi izvrsitelite a nas ke ni sleduvaat dva metra vo butel normalno ako ostane nekoj da go plati tova.
Од: aleksandar
Датум: 06.07.2011 11:53:39
molam ako nekoj ja znae nivnata adresa ili tel da mi dade informacija zasto sakam da stapam vo kontakt so niv.odnapred blagodaram. [email protected]
Од: Istocna Makedonija
Датум: 06.07.2011 12:11:37
Nikoja ne ostanal so status nevraboten po svoja volja. Mnogu od niv imaat najvisoki naobrazbi na poznati uni verziteti,ne na ,,vecernjaci,,!.Nema potreba da se dava milostinja!.Neka se izvrsi revizija na negativni resenija za pravoto na materijalno obezbeduvanje na osteteni stecajci,tehnoloski visok.Mnogu od niv gi odbija,iako gi ispolnuvaa uslovite.Mal broj na slucai resija.

Најди! во Утрински
Македонија
Осум баби живеат со клетвата на Бабино
Ликовна колонија „Дрен“
Се затруле од пица
Едукативен карван за срцеви заболувања

"""