Ликовна колонија „Дрен“
ПРИЛЕП - Во прилепското село Дрен, во манастирот „Свети Илија“ годинава по четврти пат се одржува ликовната колонија „Дрен 2008“ на која учествуваат 14 уметници од Македонија, Србија и од Бугарија. До 9 јули овие млади уметници ќе творат во прекрасен амбиент, наоѓајќи инспирација во природните убавини, пејзажите во околината на манастирот.
„Делата што ќе бидат создаден�� во оваа колонија ќе бидат изложени во посебна поставка во рамките на манифестацијата „Прилепско културно лето“, изјави Тони Чатлески, директор на центарот за култура „Марко Цепенков“, кој е организатор на оваа традиционална манифестација.
Ликовната колонија „Дрен 2008“ финансиски е поддржана од ресорното министерство. (Мн.Т.) |