Број 2854  четврток, 04 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Црвенковски ја повика Европа да се посвети на решавање на спорот

Претседателот зборуваше на конференцијата „Предизвици и перспективи за Македонија”

Берлин - Претседателот Бранко Црвенковски ја повика европската зедница да се посвети на решавање на апсурдниот спор за името што Грција и' го наметна на Македонија.

„За разрешувањето на овој апсурден спор, кој реално во безбедносна и во стратегиска смисла отвора голема дупка на југоистокот на континентот, водечките европски земји треба да посветат поголемо внимание, точно да видат што претставува во целиот контекст општоевропски интерес и да ја промовираат логиката на помирување и заедничко гледање кон иднината“, укажа Црвенковски.

Тој вчера имаше обраќање на меѓународната конференција „Предизвици и перспективи за Македонија”, што во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“ се одржа во Берлин.

Црвенковски во обраќањето изрази резервираност дека Македонија со тужбата поднесена против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг може да ја постигне целта - да издејствува јужниот сосед во иднина да не ја попречува нејзината евроатланска интеграција. „Токму затоа мојот став за спорот околу името е дека Македонија треба да се обиде да направи фер компромис кој нема да го загрозува нашиот етнички, јазичен или културен идентитет и да се интегрира во евроатлантските структури“, изјави Црвенковски.

Според него, „сите други чекори, независно од нивната неоспорна легитимност, можат да значат губење драгоцено време“, што Македонија „не смее да си го дозволи во името на просперитетот на сегашните и идните генерации“.

„Без јасни евроатлантски перспективи ниту една балканска држава не може да напредува по најбитните прашања, а тоа се демократијата, економскиот развој и добрососедската соработка“, посочи Црвенковски во обраќањето на конференцијата во Берлин.

На меѓународниот форум посветен на Македонија учествуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, евроамбасадорот Ерван Фуере, пратеници во македонското Собрание, германската пратеничка и претседател на Надворешно-политичкиот круг за разговорите за ЈИЕ, Ута Цапф.

„Секој процес, особено процесот на пристапување во ЕУ мора да се одвива според јасно дефинирани рокови - со почеток и крај“, нагласи вицепремиерот задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, во своето обраќање.

„Почнувањето на преговорите за членство во Европската унија ќе значи јасен политички сигнал за Македонија внатрешно, но и регионално. Од аспект на регионалното оп��ружување, сакам јасно да потенцирам дека ЕУ има потреба да го рефокусира своето внимание кон интегрирање на земјите од Процесот на стабилизација и асоцијација“, истакна Боцевски.

Пред учесниците го посочи и големиот успех што го постигна Македонија досега во однос на процесот на либерализација на визниот режим.

„Врз основа на досега постигнатото, сега е време Унијата да ги почитува своите заложби и да донесе политичка одлука со која ќе се овозможи префрлање на Македонија на белата шенген-листа и со која македонските граѓани ќе можат слободно да патуваат“, истакна Боцевски во обраќањето на конференцијата во Берлин. (МИА)


Статијата е прочитана 514 пати.

Испрати коментар

Од: ljupco,bitola
Датум: 04.12.2008 00:34:42
Организаторот на овој настан во Берлин не успеал да обезбеди нити едно македонско знаме,па затоа залепил фотографија од истото зад нашиот држалник,кој за да ја наполни салата отпатува таму со цела тајфа од неговата сдсм.Со вакви ли шопинг-екскурзии ќе поместите некои работи од место?Никогаш.
Од: dechkoto na ljupco, bitola
Датум: 04.12.2008 01:16:48
ljupco glupco, pamtis ne taka odamna koga otide tvojot lider na vol strit so ogromen bedz fyrom na rever. vie prostacite znaete da vregate samo so prosti zborovi i bez argumenti. branko napravi sad i uste 120 zemji da ne priznaat i da dobieme kandidatski status. a toa sto seta sdsm ne plakaat graganite. delegacijata na tvojot bese so sto dusi a nieden sostanok . aj gitla tamu. brane srce si , ne te zasluzuva ovoj narod
Од: strumićanec
Датум: 04.12.2008 01:55:58
go pozdravuvam komentarot na lupćo od bitola što piši vistinata S D M S predsedatelot bil vo berlin otidel nešto da si pazaruva za nova godina tie se makedonski grobari edno zbori a drugo raboti dvolićen lažać
Од: do Ljupco Bitola
Датум: 04.12.2008 02:22:41
Koga bi imal oci da poglednes posiroko togas bi bil i poobjektiven, ama ti imas oci poltronski vmrovski tesno partiski i zatoa SLEPO gledas. Takvite kako tebe uste odma na prviot zbor se preposnavaat deka LAZAT ne ja zboruvaat vistinata tuku SEKOGAS zboruvaat-pisuvaat vo interes na partijata. Pogledni vo svojata partija i zaprasaj se STO TIE NAPRAVIJA za Makedonija???? JA UNISTIJA a ti si SLEP da go vidis toa. Ne pripagam na niedna partija no MI SE GADI od takvi kako tebe. Gledam segde i sekogas te ima no ZALUDNO pisuvas - NIKOJ ne ti veruva osvem tvojte vmrovski sopartijci.
Од: saso
Датум: 04.12.2008 04:27:34
Ajde sega ke ja karal Evropa deka ne ne priznavaele. Mizi da te mamam. Pa kade bese prethodno. Istio toj smeni zname, smeni ustav, smeni Ime. Pa aj sega pu pu nevase. Ili sto bi rekle nasive sosedi "salili smo se". Ajde dosta ti e ti treba odmor a i nas da ne odmoris.
Од: berlin
Датум: 04.12.2008 08:18:17
Do Ljupco, Imase ogromno zname na Makedonija, Germanija i Evropskata unija. Imase i nad dveste ucesnici i site ja oslovuvaa Makedonija so Makedonija, na site napisi i na site materijali stoese samo Republika Makedonija, pa duri i grckite pretstavnici ne reagiraa na upotrebata na ustavnoto ime. Novinarot na Utrinski zaboravil da napisi deka imase dva organizatora: Fondacijata Fridrih Ebert, no i Germansko-Makedonskata asocijacija od Berlin. Jas sum clen na taa organizacija, a bogami nie ne dozvoluvame nikoj poinaku da ja narekuva Makedonija, a ne pa da nemalo zname. Pozdrav od Berlin do site Makedonci.
Од: Nikola - Germanija
Датум: 04.12.2008 09:23:07
Dobro be,do koga nie Evropejcite ke gi resime vasite problemi?EU ne smee i nema da se mesa vo toj problem,bidejki ne i dojde do MK!Previse e i toa sto zapadot ja drzi MK zaedno,bidejki koherentnite sili vo MK se preslabi da ja drzat MK zaedno imajki vo predvid kompliciranite odnosi megju dvete najgolemi etnicki zaednici.Molite se na boga deka nema da dojde do podelba na KosMet,inaku so toa ke se otvora pandorinata kutija na Balkanot so BiH i dr. i togash nitu "Sv. SAD" nemaat da i bidat od pomos na MK.Pola MK stana Bugarska preku pasosi i od 1991 primite evropski pari da ne dojde do socijalen bunt vo MK,pa od odozgore uste plukate po taa za vas "trula Evropa".Vie ste neblagodarni presnoebci i bezkicmenjaci!Simnite gi vednas znaminjata na EU pred vladata i sobranieto,bidejki ste ziv sram za Evropa!Evropa i MK edna-druga ne se zasluzuvaat!MK odamna ja otpisav od licniot tefter,samo uste moite roditeli koi ziveat vo MK ja odrzuvaat mojata vrska so vo sekoj pogled odvnatre trulata MK!:-)
Од: devicanecot
Датум: 04.12.2008 09:43:04
Pretsedatele, Koj ti gi resava doma tebe problemite? Komsiite, rodninite, prijatelite?.. dusmanite? Ako ne si gi resis sam, kako glava na semejstvoto,sigurno deka nikoj drug n ema da ti gi resi. Samo sramota e toa sto ti i tvojata tajfa, se slozivte da se pregovara za ovaa izmislena rabota. Do sega so parite potroseni za pregovaranje, patuvanja i slicno nekolku fabriki ce se izgradea. A od sega natamu uste povece. Zarem ne gledas Deka Evropa, Nato, SAD i sekoj vika resete si gi Vie problemot???
Од: PADOT NA VIZANTIJA
Датум: 04.12.2008 11:02:42
Добри се коментарите...добро е тоа што Претседателот се покајал,знам дека се кае,увиде дека неговите деца порасна и дека и тие треба да живеат во Убава Македонија...да во право си ЕУ треба да го преземе целото раководење на оваа мала наша држава...сите што дојдоа после осамостојувањето гледавте сите да се збогатите,тое се однесува и на Вас претседателе...и вие заборавивте дека имате поколение кое треба да живее во МК...Под хитно додека моежеш ургирај и направи нешто ако имаш такви ингеренции,ако не си со дослух со дпмне се разбира и сдс...ако нема некој зад кулисен рамковен договор како што имате обичај да си правите..ургирај целосно превземање на цела Македонија да биде под ингеренции на ЕУ..народот е осиромашен,државата нагло се краде,градите само во СК ,вработувате само партиски...ако си се покајал мислам дека Бог простува...и стори нешто за Македонија... во ваква состојба и ваков изглед и ваква безиззлезна состојба земјава не била никогаш....МК е предадовте сите....
Од: istoricar
Датум: 04.12.2008 12:52:16
brane vrska od zivot nemas samo mavtas vrati da ostanes na vlast,mak e taa koja gresi koja saka da prisvoi anticka ist sto e apsurd nikanvi istoriski izvori ne govot´rat za toa a ist se bazira na izvori i fakti,a ne na lagi da se maneme od antika ce vlezeme vo eu za 1godina na pat sme na ispolnime covekovi prava,korupcija vo sudstvo i opstestvoto....
Од: Koreni
Датум: 04.12.2008 15:15:51
samo edno se molam vo prasanjeto na sporot so Grcija i naodjanje kompromis da ne se vpletkuvaat nasive egejci. Tia uste od kolevka se zatrueni so antigrcko raspolozenie( moezebi i opravdano0 pa se izrazito subjektivni i pravat povece steta otkolku korist vo celiot toj proces. Neka si ja teraat rbotata pred Medjunarodnite sudovi za svoite prava, ama neka ne ja pletkaat nasata drzava vo seto toa. Ama ups.. sto zboruvam jas.! Pa i nasiot Grujo ima dlaboki egesjki koreni . Zatoa uspea vaka da go zaplatka prasanjeto so Grcija da ne Nimic tuku i Sv. Nimic ne moze da go otpletkat

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
Се тресеше гората...
Атентатот останува мистерија
Алесандро дел Пјеро
Verbatim