Број 2854  четврток, 04 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Атентатот останува мистерија

Во изминативе години се обработени три можни траги. Како ќе се дејствува понатаму не е јасно

Гордана Дувњак

Само еден ден откако Обвинителството соопшти дека се покажале лажни тврдењата на новиот сведок за атентатот врз тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров, отровните партиски стрели се насочија кон оној што прв го обелодени постоењето на очевидец. Вчерашниот ден не беше посебно пријатен за професорот Љубомир Фрчкоски, кој беше двојна цел: на поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, и на премиерот Никола Груевски, со кого се најде на суд за да одговара за изречена клевета.

Лидерот на Демократскиот сојуз, Трајанов, вчера побара од МВР и јавниот обвинител да спроведат целосна истрага за да се утврдат мотивите и одговорноста на ексминистерот Љубомир Фрчкоски. Повод за тоа се пишувањата на Фрчковски дека зад атентатот врз Глигоров стои Службата за државна безбедност, кои, како што наведува лидерот на Демократскиот сојуз и актуелен пратеник, се затскриени зад изјавата на „сведокот“ со сомнителен кредибилитет.

„Сосема е извесно дека на Фрчковски во 1995/96 година, кога беше министер за внатрешни работи, му беа достапни сите битни информации и докази сврзани со атентатот врз Киро Глигоров , кој беше извршен на 3. октомври 1995 година, па вклучително и оние кои му беа предочени од ’сведокот‘”, рече Трајанов на вчерашната прес-конференција.

Тој смета дека со тие информации, кои Фрчкоски ги дополнил и ги објавил, на крајно манипулативен начин нанел огромна штета и го предизвикал Обвинителството да преземе процесни дејства.

„Со ваквите неодговорни постапки, со се' уште нерасчистени мотиви, Фрчкоски треба да понесе одговорност поради најмалку две тешки последици: нанесе огромни штети врз меѓународниот углед на Македонија, тврдејќи дека ДБК го извршила атентатот врз Киро Глигоров, а наедно создаде огромна вознемиреност кај семејствата на сите оние кои беа повикувани на разговор во МВР под сомнение дека се учесници во атентатот врз Киро Глигоров“. Лидерот на ДС, новото отворање на овој случај го оквалификува како „повторен атентат“ врз Киро Глигоров и врз Македонија.

На ваквите прозивки на Трајанов, поранешниот министер за внатрешни работи и универзитетски професор Љубомир Данаилов Фрчковски вчера не сакаше да одговори, а уште помалку да ги коментира.

Што се однесува до исходот од сведочењето на сведокот, чие постоење го обелодени Фрчкоски во една своја колумна, тој вели дека тоа е работа на Обвинителството.

„Јас бев во целиот случај обичен трансмитер. Повторно би го сторил истото, доколку добијам слични сознанија“, додава Фрчкоски.

Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски уште на завчерашната прес-конференција, на која ги соопшти резултатите од проверката на исказот на новиот сведок, изјави дека дополнително ќе се проверуваат мотивите и евентуалната одговорност поради лажното сведочење. Но, и тој смета дека Фрчкоски постапил коректно и без да навлегува во содржината на исказот на сведокот, само го пренел она што го добил како сознание и помогнал да се идентификува евентуалниот нов сведок.

За Обвинителството досието „Атентат врз Глигоров“ не е затворено, иако е свесно дека по 13 изминати години е многу тешко да се дојде до нови сознанија околу овој криминален настан.

„Ние сме во постојан контакт со МВР, а преку нив и со безбедносните служби од регионот и пошироко. Секое ново сознание што ќе се појави, ние ќе го провериме. Исто како што тоа го сторивме со последниот сведок“, ни изјави вчера првиот човек на Обвинителството, Љупчо Шврговски. Тој уште еднаш повтори дека во изминативе години оперативно се обработени сите траги до кои е дојдено. Сите досегашни концепти кои воделе во три различни правци биле доволно истражени и апсолвирани, поради што се напуштаат затоа што не дале резултати.

Иако, Обвинителството определи нов обвинител, кој ќе работи на овој случај, кој и по 13 години се' уште е во фаза на преткривична постапка, бидејќи нема елементи за отворање официјална истрага, речиси е сигурно дека обвинителот Марко Зврлевски нема да има многу работа околу овој предмет. Мистеријата останува.


Статијата е прочитана 693 пати.

Испрати коментар

Од: монах Спиридон
Датум: 04.12.2008 00:49:24
Од секогаш е познато дека со ПРАЗЕН ЏЕП и најмудриот човек изгледа глупо. А со полни џепови секоја будала изгледа како мудрец. А Павле наш Трајанов, лидер на големата и влијателна партија, дава и изјави.Ја проширува листата на образовани примитивци кои не може да си ѓи контролираат своите амбиции и со врзувањето со власта се уверени дека се им е доппуштено, дека имаат право не се...
Од: strumićanec
Датум: 04.12.2008 01:03:20
antetatot na gligorov se znae koi se bili na vlast pred 13 godini vo državna bezbednost koj e bil nivni šev ne znae što pišuva što zbori mešamu se vo glava saves griza
Од: Pavle Trajanov reagira vo stilot "napad e najdobra odbrana" zosto bas TOJ e eden od somnitelnite
Датум: 04.12.2008 04:24:08
Pavle Trajanov i Slobodan Bogoevski koi i denes se vo vlasta so VMRO-DPMNE a vo toa vreme bea megu glavnite vo DBK se glavni osomniceni deka bas tie dvajca se zamesani vo atentatot. Zatoa denes koga svedokot dostavuva cvrsti dokazi za vmesanosta na DBK vo atentatot Svrgovski odnosno VMRO-DPMNE go omalovazuva toa i po sekoja cena saka da go prikaze kako laga i izmislica. Frckovski togas bese Minister na policija no Bogoevski, Trajanov i mnogu VMROVCI bea vo DBK pa zamislete sto sve DBK moze da napravi bez znaenje na Ministerot. Na ist nacin i CIA go ubi Kenedi i zatoa NIKOGAS ne se otkri atentatorot. Koga DBK (CIA) stoi zad atentat togas slucajot se blokira. Ako Frcko bil umesan vo atentatot VMROVCITE do sega ke go zatvorea. Svedokot ja zbori VISTINATA a Svrgovski LAZE gi prikriva VMROVCITE.
Од: Milan
Датум: 04.12.2008 07:07:25
Kakvo je toa MVR koga go komanduvaat raznorazni stranski emisari, a nasite Funkcioneri i inspektori glumat samo manekenki i slugi. Pa sigurn odeka na toj nacin nikogas nema da se odkrie atentatot, ocigledno je deka nekoj ne saak resavanje na ovoj zezok problem. Takov atentat nema sansi da se organizira i izvrsi bez necija pomos odnadvor, mislam na nekoja zapadna razuznuvacka sluzba.
Од: Sovest
Датум: 04.12.2008 08:29:13
Pavle e chudo od chovek,dobro nauchil kako so godini dobro da prezivee.Mene mi e cudno zosto direktno nepovikan a skoka?Sto se odnesuva do Frch nemoj nekoj da go potcenuva daleku e od toa deka e naiven i neinformiran.Vo celiot sluchaj Bogoevski mi izgleda najmaten od site poranesni??? spioni.
Од: Petre
Датум: 04.12.2008 10:17:42
dosta so demagogija...ne samo sto ne se napravi istraga, tuku se stavaat pod tepih i javno poznati raboti...Poplava vo MVR od parnoto greenje, unisten kompjuterot a vo nego bea dokazite na germanskite experti... i ne samo toa, tuku toj sto go organiziral se toa za da nema megunarodna reakcija ja zalozil R.Makedonija , pa podocna koga se sluci padot na Kingerot (kade sto se vmesani strukturi od stranstvo) racete ni se vrzani ..obicen cirkus, no vo nego ima i domasni statisti koj sakaat da izvlecat korist za sebe...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Карикатура
Се тресеше гората...
Црвенковски ја повика Европа да се посвети на решавање на спорот
Алесандро дел Пјеро
Verbatim