Велија Рамковски се надмина себеси и во јавноста упорно сака да се прикаже како all round играч. Ги среди состојбите во земјоделството, се просветли со културата, ги реши маките на млекопроизводителите, обезбеди пласман за откуп на родот на тутунарите и сега на ред му дојде спортот. Со така „успешни“ перформанси во неколку сегменти, Рамковски би бил дел од идеална петорка на сезоната во НБА-лигата или, во најмала рака, најдобар шести играч. Човекот има решение за се'. За него не постои нерешлив проблем. Утре можеби ќе посака да биде и претседател на Македонија.
Најсвежата амбиција на Рамковски е фудбалот. Таму не му оди како што замислил човекот на кого може да му позавиди и еден како Мекдоналдс од причина што гигантот за брза исхрана има помалку објекти низ светот отколку маркети „Хедис“. Затоа во погон ги стави своите медиуми (електронски и печатени) за задоволување на апетитите. Ќе го урива претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи Ристески. Му дал седум дена да си поднесе оставка. Притоа, додал дека ако не го стори тоа, ќе почнел јавни напади против него. Може да демантира колку сака, но здравиот човечки разум го толкува тоа така и никако поинаку.
Ако Рамковски толку многу сака да помогне во спортот, зошто не се насочи кон одбојката, пливањето, ватерполото и останатите федерации кои мака мачат за средства и едвај преживуваат за реализација на активностите впишани во нивните годишни програми, туку фрли око на финансиски најстабилната. И не е тешко да се претпостави која е причината. Примарна цел е контрола врз парите.
„На народот треба да му дајме забава“, рече Рамковски на промоцијата на новиот изглед на бесплатниот весник „Шпиц“. Така и треба да се сфати.
Не вреди да се коментира веќе за човекот. Искомпромитиран е до бесвест. Уште тој самиот да го свати тоа.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.09.2009 01:06:17
Се сложувам со последната констатација да човекот има перфектно чуство да ,,намириса,, пари.Така беше и со СВЕДМИЛК долгот од околу 300.000 евра не го плати а ваму бескрајна грижа за млекопроизводителите,притоа велејќи да парите се посигурни кај него,отколку кај млекарата.Дотичните го ,,испија на екс,, образложението и му поверуваа.Ова е прв критички осврт кон дотичниот изгледа ги откачи плавците и стана поморанџест,вакви салта нема ни во кинескиот циркус,Или партииве се кусогледи или има уште носеви дресирани за мирисот на парите.
Од: bale
Датум: 26.09.2009 06:14:12
E more Velija.... Velija..... sutrak nieden.... na narodot uste do zabava mu e .............so noviot SPIC?????
Од: Митко
Датум: 26.09.2009 06:48:16
Во земјата на чудата се е можно. Од шверц со пилешки копани - до 20 регистрирани фирми (на иста адреса)...и ете ти го во фудбалот?
Од: Vanco
Датум: 26.09.2009 12:42:40
Stom nekoj ke se digne protiv Zingo, vednas mu spremaat "likvidacija". Prv medium koj go stavi na odstrel Ramkovski bese "Vecer" i "Sitel"(bidejki Ramkovski objavi kako Zingo vladee vo Kratovo i kako gi prisvoil traktorite od Japonskata pomos za Makedonija). Sega eve i vie se pridruzivte na hajkata protiv Ramkovski. Ne go branam covekot, toj si e poznat mesetar, no..... samo on li e? Mora li i vie da vleguvate vo semite na nekoj strukturi koj ja parcosuvaat drzavava. Ostavete go Ramkovski na mira, covekot ne e nisto polos od mnogu drugi za koj ne smeeme ni da pisneme, bidejki ke ne lepat po mediumi(kako sega Ramkovski). Ima mnogu povazni raboti koj treba da se sredat vo drzavava, ima mnogu POLOSI od Ramkovski koj haraat po drzavava koj treba da gi razotkrieme i raskrstime so niv. Ramkovski e "siten svercer" vo sporedba so niv.
Од: црвена линија
Датум: 26.09.2009 13:10:37
...ногу арно,не е на арно...Човеку,сепак знај до каде ти е допуштено.Умен,а да не ја видиш,црвената линија...На една вистина секогаш следат сто и една приказна.Ако не ти пречи,тогаш терај.Ама многу луѓе ќе се земаат нашија.Греота!
Кој,тоа толу те поткрева?.А кој тоа толкју ќе те оплакува (недај Боже),сигурно не овие првите.
Од: nacional-patriot
Датум: 26.09.2009 17:22:03
Treba da se smeni rakovodstvoto na FFM.No ne smee da gi smeni nekoj potrcko na Ramkovski.
Од: farmer
Датум: 27.09.2009 09:14:28
Velija pred i da kaze nesto treba da gi vrati parite na Swedmilk, bidejki e toj eden od pogolemite dolznici na istata.Poradi Velija i slicnite na nego (primer Ala- M&A Beverages, bivs akcioner vo Swedmilk) mlekarnicata nemase pari da tekovno gi naplatuva svoite dobavuvaci, a megju koi i farmerite.Potoa neka gi plaka svoite vraboteni po zakonot, mislam so socijalno, zdravstveno itn. Da ne gi ucenuva i potcenuva istite.Ako veke e eden GOLEM biznismen sozdaden vo tranzicijata, te sega e golem kapitalist, neka se odnesuva kako i negovite kolegi kapitalist. od zapadot te (megjudrugoto koi kapitalisti go stvarale nivnoto carstvo so generacii) i im gi dade site prava na vrabotenite.Po negovata sema na rabotenje (i slicnite na nego novokomponovani biznismeni-kriminalci) ja vratija MKD vo vremeto na feudalizmot, a nekade i do robovladetelstvo.