Уште еднаш, по којзнае кој пат, државата ја покажува својата површност за тоа како треба да се однесува кон нашите великани. Смртта на еден од најизведуваните на сцената и најпродуктивните македонски драмски автори, чии дела одамна се длабоко навлезени во антологиските ризници, Коле Чашуле, за нашата држава очигледно значи и инстантно бришење на она што навистина вреди. Речиси е неверојатно како државава, која се труди да живее само за овој момент, нема никакво чувство за големината на луѓето преку кои станала препознатлива. Како најважно од се' е големината на другиот да се обидеш, ако може, да ја срамниш со земјата. Но, сите мали покрај Чашуле овие денови се претворија во вистински лилипутанци.
Не слушнавме, или, пак, прочитавме во медиумите, ниту една изјава од министерката за култура, на пример, во чест на грандиозниот Коле Чашуле. Ниту, пак, од некој од луѓето што ја водат оваа држава.
Семејството не сакаше да се крева голем прав околу погребот на Коле Чашуле, не сакаше помпезности, не сакаше комеморација. И тоа секако треба да се почитува, како што и се почитуваше. Па, сепак, зачудувачки е да не им се оддаде ниту најмала чест на оние што не' задолжиле во моментот на своето заминување. Од МАНУ, каде што Коле Чашуле беше почесен член, и од ДПМ, каде што во еден мандат беше негов претседател, но и еден од иницијаторите за формирање на ова Друштво, се огласија со штури соопштенија со основните податоци за животот и за творештвото на овој мошне значаен лик од поновата македонска историја. И толку. Дури и срамно беше оваа маргинализираност на човекот, кој толку многу ја задолжи македонската литература.
Логично е, за вакви настани, кога од сцената, во сеќавањата, заминуваат величини како што е Коле Чашуле, да се надевавме дека ќе слушнеме и реакции од политичарите, затоа што тие се минливите во македонската историја, а опусот на Чашуле ќе ги надвисне и ќе ги покрие со голема сенка и во иднината. Но, тоа со Коле Чашуле не беше пример.
И по два дена од неговото заминување од овој свет нема никакви одгласи од политичките фактори во земјава, од претседателот на државата и врховен командант (Чашуле, веројатно, беше последниот од групата храбри млади луѓе што го нападна бугарскиот участок во Прилеп на 11 октомври 1941 година и со тоа почна големата антифашистичка борба на македонскиот народ), од премиерот, од министерката за култура, од министерот за надворешни работи во чии области, културата и дипломатијата, Коле Чашуле остави неизбришливи траги.
Останува нејасно што никој, еве од неколкуте врвни функционери во државава, не се огласи во јавноста, ако не поради себе и поради функцијата што моментно ја има, туку поради големината на прилепчанецот што ја задолжи земјата.
Но, Коле Чашуле беше скромна личност, не беше во трендот на популарните личности, кои побудуваат популизам и очигледно тоа е причината за молкот на највисоките државни и надлежни институции по повод смртта на овој грандиозен писателски лик. Човек кој зад себе ги остави своите 25 драми, меѓу нив и најпознатите „Вејка на ветрот“, која, покрај содржината, внесе новини во македонскиот говор на сцената и „Црнила“ со својата универзална порака.
И самиот Коле Чашуле во една пригода кажа: „Од кризата што ни се заканува и не' загрозува, најмногу стравувам. Од малодушноста. Од кревањето раце, од предавањето и кога тоа не се бара од нас...“. Тој беше еден од оние писатели, кои постојано реагираа на феномените што ни се случуваа. Затоа можеби се очекуваше нешто повеќе од државата, од институциите. Некаква реакција.
Но, колку сме оптоварени со дневната политика, забораваме на најважното. Поважно ни е, се чини, да зборуваме за истории, за Александар Македонски, Филип Втори, за споменици, коњаници, шмизли, бикови, да се занимаваме со митови и со легенди. А, повторно ја испуштаме нашата стварност.
Gospogjo Ivanovan nekade skoro procitav deka Casule bil del od sudskiot odbor sto go imaat osudeno Cento na dolgogodisna zatvorska kazna. Ako e vistina, zosto se premolcuva seto toa , kako i premolcuvanjeto na negovata uloga vo toj sramen proces. Veruvam deka mnogu citateli i gragjani bi sakale da doznaat povekje za toj proces i negovata uloga. Pozdrav, Irak / Makedonija.
Од: Vodno
Датум: 26.09.2009 00:35:00
Pocit kon velikanot Kole Casule. Steta sto nemase komemoracija ili velicestven pogreb, Grujo sigurno ce se istoporese da sobira poeni kako sto pravese i so nasiot Tose! Sramota za drzavata, samo clenovi na VMRO dobivaat pocesti.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 26.09.2009 01:43:04
Не би сакал да помислам да отсаството на премиерот се должи на случајот Ченто,ептен би било примитивно.Но негледам во написот да бил некој од опозицијата,ништо не пишувате.Да биле на ,,сва звона,,ќе беше објавено.Сепак ова е писател кој многу ја задолжил Македонија со своите драми и романи.Редно беше да се покаже елементарно почитување.
Од: goran makesoski
Датум: 26.09.2009 02:26:17
zaboravivte da spomnete deka toj bese eden od egzekutorite na prviot Makedonski pretsedatel Metodija Andonov Cento.Toa bese i pricinata poradi koja sto bese povlecen celosno po obelodenuvajneto na vistinata za Cento.
Од: koki
Датум: 26.09.2009 06:02:58
Tina.... ne zameraj im ... sepak se dokazuva deka bahati decinja ni vodat drzava......Tolku im dal Gospod sto veli nasiot narod.....
Од: USA
Датум: 26.09.2009 06:53:17
Kole Casule stana golem Makedonec za vas gospogo koga go osudi prviot presedatel na Makedonija Metodija Cento ,i po taa stramna presuda se probi da bidi golem VELIKAN..Pa ako vie zaboravivte da kazite koe delo go izvrsil ovoj GELAT sigurno denesnite politicari dali se ministri ili premieri ili od Manu sigurno nema da se glupiraet da drzet nekoj komemoraci i cirkuzi za eden sudija koj e donesol najstramnata presuda na eden najgolem Makedonec kako Cento .Zatoa koga nesto sakas da pisuvas pisuvaj iskreno i za ova delo.
Од: Alek
Датум: 26.09.2009 08:34:51
Vecna mu slava. Goleminata na Kole gi plasi samo malite lugje
Од: Itar Pejo
Датум: 26.09.2009 09:49:40
Imal sreca Pikaso sto ne bil Makedonec. A vo vrska so komentarite. Koj e toj Cento? Toj sto sakal da im objavime vojna na Anglija i na Amerika i da trgneme da go osvojuvame Solun?
Од: NATO-JATO
Датум: 26.09.2009 09:53:29
Znaci, ako napises drama ne e vazno sto si go unistil najgolemiot makedonski sin!
Од: kidnapiran
Датум: 26.09.2009 10:16:17
neli g ivanova ne znaete da receme ni zosto naredbodavecot i likvidatorot na kosta solev bea isprateni na slicen nacin , da bese samo cento ...
Од: пг
Датум: 26.09.2009 11:22:20
К.Чашуле има напишано една статија во дневен весник за однесувањето на тогашната влада :"додека нојот ја држи главата в песок и си мисли колку е убав,паметен,голем, заборава дека за тоа време газот му е напучен".ова уште повеќе важи за денешната влада.
Од: Jane
Датум: 26.09.2009 16:30:41
Do "Itar Pejo".Po nalog na Stalin, na stranata na grčkite partizani vojuvaat deset iljadi dobrovolci,vsušnost del od regularnata vojska na FNRJ(Izvor:"Crna kniga na komunizmot" , Stephane Courtois i ušte pet evropski avtori,objavena 1997).Grčkite partizani se pred pobeda, no kodošot na NKVD Tito gi predava grčkite partizani, ja povlekuva vojskata i ja zatvora granicata.Zaradi ova Stalin saka da go likvidira kodošot 1948(rezolucijata na INFORMBIROTO), na koj što Crveniot saka da mu podiga spomenik.Taka kodošot Tito, vo najmala raka spreči denes da ima avtonomna pokraina na makedoncite vo ramkite na Grcija.
Ete, toj e Čento.
Од: Ранко од Пуздерци
Датум: 26.09.2009 19:39:38
Е, Коле, Коле еве ти ја твојата “Црнила„ и во 21 век и во слободна, независна, суверена Македонија! Само оние што го “заборавија“ забораваат на уште нешто. Се додека постои Македонија, македонсство, македонска култура Коле Чашуле е голем камен межник кој ниту може да се заобиколи, уште помалку заборави... Ви честитам, иако како селанец од с. Пуздерци не знам дали имам право, г... македонски сеедно од која страна сте...
Од: 1949
Датум: 26.09.2009 22:25:16
„грчките партизани пред победа“.е од вакви старадаме и ќе страдаме. победата била далечна со светлосни години ама , по тоа се разликуваат учените од приучените. ех кој те учел историја. може некој „доктор“ кај бојо на европски.
Од: cane
Датум: 27.09.2009 02:32:53
.."Kole Casule stana golem Makedonec za vas gospogo koga go osudi prviot presedatel na Makedonija Metodija Cento ,i po taa stramna presuda se probi da bidi golem VELIKAN..Pa ako vie zaboravivte da"...
A sigurni ste li deka bas taka se sluci vie kako sto vikate!
Kako, podjavolite Cento ce ja oslobodese Egejska Makedonija i Solun?! So fakti ve molam!
Од: ljube
Датум: 27.09.2009 10:17:29
Pa posle ovoj narod zasluzuval drzava.Citajki gi poedini komentari,NE."Slepi pri oci".Velicaj te go Grujevski,no posle ,a nekoi i sega,nemojte da placete.
Од: R..
Датум: 27.09.2009 10:39:21
Do jabe, cane mane dane...., ako ne bese "kodosot Tito" deneska nemase da imame moznost nie Makedoncite da se prepukuvame na makedonski jazik, vo makedonski vesnici! " Ajde da go ostavime ovoa da go razjasnat istoricarite..." kako bi rekle lugjeto od denesnata Vlad koi se poklonuvaat pred grobovite na diskutabilnite licnisti, pravat spomenici i gi oblekuvaat nivnite "vosocni figuri"! A do togaj, doblesnoe da mu odadem pocit na PISATELOT, DIPLOMZT I PATRIOT Kole Casule koj bese eho na makedonskoto ime niz celiot svet. NO, kako sto cesto se slucuva vo vakvi momenti,nie ostanuvame SITNI DUSI i lazni patrioti. Na Casule , mnoguminaod "srednata genesacijai postarata",
ke mu se sekjavaat i na duhovitot besedi (na svoja smetk) koj zaedno so Popovic- Cico, gi raskazuvase vo klubot na pisatelite...