Број 3095  сабота, 26 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Спринт на директорот на УБК до докторска титула по економија

Четири дена откако стана магистер, Љупчо Тодоровски се пријавил за докторат по економија

Гордана Дувњак

Првиот човек на јавна безбедност (поранешно УБК) стана корисник на единствената стипендија за докторски студии што му ја додели Европскиот универзитет на Бојо Андревски на МВР. Зад оваа одлука застанала лично министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која за ова писмено ја известила универзитетската управа. Стипендирањето полициски кадри и тоа на додипломски, магистерски и докторски студии е предвидено со Протоколот за соработка што овие две институции го потпишаa пролетоска. Инаку, цената на докторските студии на овој приватен универзитет изнесува 5.000 евра.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, ја одбрани магистерската титула на 27 август оваа година, а насловот на темата бил „Понови форензички приоди во истражувањето на појавните облици на наркокриминал во Македонија со посебен осврт на злоупотребата на дрогите од природно потекло во период 1997-2007 година“. Четири дена откако официјално стана магистер, првиот човек на јавна безбедност се појавил на Универзитетот за да ги запознае со својата намера да стане иден доктор на економски науки, а набрзо доставил и официјално барање за апликација.

Она што ја прави помалку необична целата оваа ситуација е што Тодоровски магистрирал од областа на безбедноста и криминологијата, а нецел месец подоцна, пројавил желба да стане научник од економските науки. Промената на областа и не би била некаков исклучок, но она што е најчудно е што тој нема објавено научни книги од областа на економските науки, што е еден од условите што ќе го цени Комисијата за оценување на подобноста на кандидатот и темата од апликацијата. Тричленото комисиско тело ќе треба да се убеди во мотивите на кандидатот, оправданоста на темата, како и за неговата сериозност како научник. Неофицијално се говори дека изборот на темата на која сака да работи Тодоровски е финансиски криминал.

Познавачите на оваа материја велат дека иако нема правила, сепак, вообичаено е да помине барем една година од одбраната на магистерскиот труд, па да се пристапи кон повисок научен степен. Тие потсетуваат дека на доставувањето на апликацијата за докторски студии треба да и' претходат големи истражувања и собран материјал. Брзањето на Тодоровски веројатно се должи и на потребата да го фати последниот воз пред промената на условите за студирање, кои стапија во сила на 15 септември оваа година. Според стариот закон, кандидатот пријавува тема, ја подготвува и ја брани, а сега докторските студии траат три години и предвидуваат слушање на предавања.

Токму пријавата на Тодоровски, но и на слични на неговата, била повод за искричења меѓу деканката на Факултетот за детективи и криминологија, Слаѓана Тасева, и универзитетската управа. На седница на Ректорска управа, таа побарала да се води сметка за процедурата, а во спротивно, најавила дека е подготвена да даде отказ. По две недели неплатено отсуство, Тасева по празникот, сепак, се појавила на работното место и одлучила да остане.

„Моето барање беше принципиелно. Истото тоа ќе го поставев како дилема и доколку работев на кој било друг универзитет. Немам ништо лично против Тодоровски, но побарав сите апликации, вклучувајќи ја и неговата, да се гледаат во законска процедура и со почитување на критериумите“, објаснува Тасева. Таа додава дека добила уверување оти ќе се случи тоа. Во случај да се отстапи од процедурата, вели дека е подготвена во секој момент да си замине од Универзитет.

Сопственикот на првиот приватен универзитет - Европски универзитет Бојо Андревски тврди дека нема спор со Тасева и таа останува на Универзитетот.

Што се однесува до изборот на Тодоровски да биде корисник на нивната стипендија, тој вели дека нивно било да ја доделат стипендијата, а МВР си одлучува кого ќе го предложи. „Секој во оваа држава може да поднесе апликација за докторат, дури и да има основно образование“, иронично коментира Андревски. За него не е спорно кој и за што се пријавил, па дури и тоа да го направил истиот ден, кога одбранил магистерска титула, туку дали ги исполнува критериумите.

„Не само Тодоровски, туку дури и да биде во прашање претседател на држава, доколку не ги исполни условите, нема да ја прифатиме неговата апликација или, пак, ќе ја вратиме на дополнување“, уверува Андревски. Тој тврди дека непотребно се подигнала тензија и оти гласиштата околу нивниот универзитет ги шири конкуренцијата. Тој негираше и дека немаат дозвола за докторски студии од Одборот за акредитација.

„Економскиот факултет постои веќе шест години и ги имаме добиено сите акредитации за повисоките циклуси за образование“, тврди Андревски. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 4481 пати.

Испрати коментар

Од: Горан
Датум: 25.09.2009 23:44:59
Европскиот институт покажа каква "научна" институција е. Сега Бојо Андревски треба и на Амди Бајрам да му среди набрзина една факултетска диплома.
Од: Acko
Датум: 26.09.2009 00:19:15
Do Gordana Duvnjak edno pojasnuvanje:UBK e Uprava za Bezbednost i Kontrarazuznavanje poranesna DBK ili UDBA ILI OZNA znaci nikogas Javnata Bezbednost vo MVR ne bila poranesna UBK. Novoto ime e Biro za Javna Bezbednost od predhodnoto kade bese samo Javna Bezbednost kade navedeniot e Direktor.A inace ova svesno se pravi so magisterski i drugi tituli za koga ke bide smenet da zavrsi kako profesor na nekoj od fakultetite vo drzavava.Inaku neubavo i nevkusno na prv pogled e ovoj poteg na Direktorot koj samiot pravi somnez duri i vo magisterskata diploma kako da se raboti za kategorii vo vozackata dozvola pa aj sea pokraj za kola da si polozam i za motor ,avtobus za se po red koga site ja znaeme negovata mok vo ova nase opstestvo so funkcijata sto ja ima zatoa eden sovet koci majstore popoleka malce.
Од: Јован
Датум: 26.09.2009 00:28:49
Ако де : тоа е нормална работа. Во секоја западна развиена земја е можно да се кандидира за докторски студии со завршена магистратура па макар и пред два саати!!!! И?
Од: Arben
Датум: 26.09.2009 00:30:02
Ne smeete da pravite vakvi smesni greski kako pisuvanje deka "Javna Bezbednost e poranesno UBK". Morate sekoj tekst da go proveruvate pred da izleze, sigurno na novinarov ova mu e prv tekst.
Од: Mene
Датум: 26.09.2009 00:39:47
Немам што да кажам освен Знаењето е сила , знаењето е моќ ...
Од: valentina
Датум: 26.09.2009 00:41:17
G.Andreevski sekoj moze da aplicira no ne i da dobii. sigurno stipendijata ne ja dobil nekoj sto treba da ja dobie ja dobiva g.Todorovski zatoa sto saka na brza raka da stane doktor, i zatoa sto za nego se zalaga gospogicata ministerka.kaj nas vo Makedonija taka se obrazuvaat kadrite na vlasta.
Од: Mila
Датум: 26.09.2009 00:47:57
Bravo za Ljupco!
Од: mitko za novata sostojba
Датум: 26.09.2009 00:55:35
Evropskiot Unirvezitet stana omilen unirvezitet za VMRO-ovcite. Duri poomilen od Prilepskiot Harvard Fakultet za Ekonomija na koj diplomiral Grujo. I site podobro ucat. Se zbori deka i onoj Latas koj edvaj vo komunizmot zavrsil srednoskolo so vecerno sega ke magistrira i doktorira na ovoj unirvezitet. Kletite komunisti ne mu davaa da uci. Jaki kadri ke ispadnat od ovoj Unirvezitet a toa e edinstveno i samo "zasluga" na ovaa vlada.
Од: janko
Датум: 26.09.2009 00:57:33
Se prasuvam kako Fiat Canoski stana magistar so samo osmo oddelenie.
Од: Кичево
Датум: 26.09.2009 01:24:31
Боговите им се наклонети на убавите луѓе...не му љубоморите.Честитам г.н Тодоровски.Му посакувам еден ден да имаме најубав претседател во Европа.Неговата способност е повеке пати докажана,а лепотата е дополнителна.Позз
Од: golman
Датум: 26.09.2009 01:52:07
taka se stanuva magister i doktor vo nasata drzava- preku nok !!! ostajte go covekot da si iskoristi dodeka e na vlast da stane doktor, pa da lapne uste edna plata od 40 000 denari kako univerzitetski profesor, pa da se akne vo nekoja komisija, pa na postdiplomski studii.......i taka ke si zema plati od 5 mesta i ke si zivee svajcarski zivot vo makedonija i ke si svirka ..... alal da im e , a na site nas slepcite sto si molcime samo stap!!!
Од: bale
Датум: 26.09.2009 06:08:12
Ocigledno doktorative stanaa kaj Bojo i kaj Fijat obicna ZAFRKANCIJA odnosno HOBI na sekogo sto ke mu tekne.... a Ljupco veke doktorira otkako ja najde bavcata so marihuana pod folija.......
Од: jimmy1
Датум: 26.09.2009 08:36:50
Site sakaat na nekoj nacin da dojdat do bilo kakva titula, ali poveketo pojma nemaat kako nasiot Grujo. Ako nebese Prilep Grujo ke bese bez titula.
Од: gledacka
Датум: 26.09.2009 08:40:52
Mamooooo!!!!!! I jas sakam da stanam doktor na nauki, vidi kolku bilo lesnoooooo!!!!! Sega na strana, na BA Univerzitetot ili ti Evropskiot, i "redovnite studenti za edna godina zemaat dve godini (500 eura ispit). Znaci BA Vecerno e kovacnica na pari.I vadi jaki kadri! Da se iskompleksiras sto si triel klupi 16, 20 godini za site vakvi tituli na Drzavniot Univerzitet. Da ne zboruvam za tie sto doktorirale vo stranstvo, dzabe pravele patni trosoci...koga ovde si imame skopski Harvard.
Од: Димитар
Датум: 26.09.2009 08:46:51
Кичево рече ЛЕПОТА??? Иако се сложувам дека лепотата е релативна работа, ама има ситуации кај што теоријата на релативност не паша... Уште малку ќе помислев дека за Нарцис се зборува од страна на Кичевчанецов. А инаку што се однесува до докторатот, имаше еден проф. на економски што викаше - Кој разбра, разбра, кој не ќе си научи.
Од: Goran
Датум: 26.09.2009 09:04:04
Sto ve cudi, pa denes nisto polesno od toa da se kupi diploma. Duri i najgolemata supozitorija na ovie prostori Latas kupi diploma vo Evropskiot Univerzitet na stari godini a naskoro ed ocekva i da doktorira. Makedonija propagja vece 18 godini.
Од: ramadan
Датум: 26.09.2009 09:15:24
Nisto cudno.Ova sto sega se pravi vo Makedonija i vo Socijalizmot se pravese na Kosovo.Poseben period bese negde pomedju 1980-90 godini.Zatoa ova ne me iznenaduva.Toa samo dokazuva na koe obrazovno skalilo e nasata Slavna Makedonija.Posle Cacko ni kriv sto zboruvaat deka sme Titova tvorba.Gonete se site.Neka se cuva mladinata od ovie doktori i akademici.Se sramam da pisuvam za vakvi sostojbi,arno ama dali ima nesto kaj nas normalno pa da zeme covek da pisuva i da komentira so argumenti.Argumentot kaj nas e 10.000 Evra.Aj zdravo Bibliska nacio.
Од: Трпе
Датум: 26.09.2009 09:45:14
По се излегува дека дојде времето кога дипломите ке служат само за окачување во рамка на зид.Ова власт со тие постапки покажува дека знаењето не е богатство туку само сила и моќ.Незнам зошто има потреба од образование кога имаме градоначалници со основно и средно образованиеЗа директори на одредени фирми и да не стане збор.Но ке имаме премиер,министри и големи функционери со докторати на ниво со поранешните мајсторски дипломи.Само што мајсторите барем си го разбира занаетот.А овој универзитетот кој го нарекуват европски,треба да се именува во партиско селски.Од оваа поголемо обезвреднување и мајтапење со дипломите здравје.Е сега веке светот повеке ке не цени.
Од: Nikola
Датум: 26.09.2009 10:08:15
E sto treba da ceka godina-dve za da mu "legne" magistraturata? Cisti gluposti. Zaradi toa sme zad skoro site drzavi vo Evropa i vo svetot zatoa sto za da doktoriras ti trebaat 10 godini. Doktorat ne e Nobelova nagrada pa da se dobie na 60 godini starost. Koga ke stanes doktor na nauki toa e samo pocetok vo tvojata kariera, ili barem e taka vo normalni zemji
Од: Zgrozen
Датум: 26.09.2009 10:42:29
Site tie privatni univerziteti, toa e edna komercijalna dejnost i nema nisto so naukata. I sega tie paralelki po gradcinjata i selata na Gruevski, e edna sramota za makedonskata nauka, koja i onaka ne e mnogu ceneta vo regionot, za svetot da ne zboruvame.Zanaete li kako se stanuva doktorvo svetot ,po izdadeni povece naucni knigi. I vo pariz ima 15 univerziteti, ama koga ce baras rabota se priznava samo Sorbona i uste nekolku, a so diplomite na ostanatite mozes gazot da si go brises. Ova sega sto se slucuva vo makedonija ce gon placaat idnite generacii. So skopska diploma vo Amerika ili vo EU mozes samo da dobies fizicka rabota, a potoa treba so doponitelni nad 15 ispiti na nivnite univerziteti da dokazes deka sto znaes. Zatoa nasite doktori na nauku na TV koga zboruvaat upotrebuvaat ulicen recnik, nemaat nikakva elokvencija, za nea treba citawe i citawe. Edinstven prav d-r kaj nas e g. Ferid Muhic, evropski intelekt. Bruka, Bojo Andreev, 5000 evra i se e mozno. Bruka nevidena.
Од: prjatel
Датум: 26.09.2009 11:36:27
Срам за Така на речениот Европски унивирзитет на Бојо Андревски сега очекувамеБојо да му додели дипломи и на Амди Барам и неговиот неписмен син а градоначалник во Скопје.Е Македонче што те снсшло-судбина.
Од: pero
Датум: 26.09.2009 12:46:44
Navali narodeeeeee !!!!!!! Magisteriumi,doktorati za badijala............ Navali narode kaj Bojo i Fijat......ovaa sansa ne se propusta..............
Од: jovan
Датум: 26.09.2009 13:02:59
Vo drzavava koj stigna stana magister i doktor. Koga na toj ist fakultet i Latas stana magister so vecerno metalsko, zosto pa i covekov da ne stane doktor. Jas da sum kako nego DVA doktorata ke prijavam. EEE narode narode, ke dojde vo drzavava koga so lopati da rineme magistri i doktori, a nema da imame vodovodzii, frizeri, moleri...... i drugi zanaeti. Ke dojde vreme, i toa mnogu brzo, koga poveke ke zarabotuvaat zanaetciive od doktori i magistri, bidejki zanat nemoze sekoj da nauci taka lesno, treba trud, a lesno ne se stanuva ni magistar, no ovde blagodarenie na privatnive "fakulteti" doktor mozes da stanes preku nok. Tamu diplomira koj stigne, site koj na vremeto edvaj zavrsile sredno zeleznicko, trgovacko i sl. sega se zapisani za idni INSPEKTORI. Da ne e zalno, ova ke bide smesno.
Од: Marija
Датум: 26.09.2009 18:32:14
Do Jovan & Nikola: da, toccno e deka "na zapad" mozze da se prijavite so magistar od "nerelevanten predmet" i toa dosta brgu po magistriranjeto. No, vo povekjeto zemji i nivnite elitni univerziteti postojat striktni statuti za taa procedura. Ssto znacci: polagate prossiren magistarski ispit (sose predmetot po koj kje doktorirate), ili Vi se bara dopolnitelen ispit po noviot predmet, ili imate ogromno prakticcno iskustvo po relevantnata oblast - pa polagate skraten dodaten ispit. Nema ssansi da poccnete kako "tabula rasa" so nov predmet. Kako i da e: obavezno dostavuvate ekspoze za trudot ssto go ocenuva komisija. A za stipendija se zema predvid ne samo finansiskata sostojba, tuku socijalen i akademski angazzman, kvalitetot na trudot i se minuva povekjefazna selekcija, sose intervjua i sl. Znacci ima razliki, neli?
Од: жална македонија
Датум: 26.09.2009 22:06:18
„најелитниот “ универзитет со диполи за латас,томиќ,миленко,јанко и идни докторанти како грујо,ставре, љупчо, михајло итн, најблескаво ја отсликува вистинската претстава за иднината на образованието во државата во која „знаењето е сила, знаеењето е моќ“.
Од: p.s
Датум: 26.09.2009 22:41:35
Zosto go vikaat radnik dali mnogu raboti ili nisto ne raboti
Од: ljube
Датум: 26.09.2009 23:29:00
So vlast se dobivaat i diplomi.Grujevski so "prilepska" diploma,magistar,Zmejkovski,fakultet za bezbednost,Florovski,vo Sofija,A Todorovski kaj magister pa sega i doktor na nauki.Sto li ce bidat Gjorcev,Nikolovski i Dimovski.Bez diplomi a pratenici,nesto kako i Amdi Bajram ,zaedno so sinot,gradonacalnik so 8-mo oddelenie.Nazdravje Makedonijo.
Од: zabegan.
Датум: 27.09.2009 11:01:52
дипломата е само едно парче хартија,За која треба знаејне но кога е во прашајне,ВМЕЛОТО се глеа колку се писмени,еде наоружани со знаење ГОСПОД на помош.Би ги прашал ВМЕЛОТО за понискиот ешалон еде обичниот гласач за колку време добива ВОЗАЧКА од Ц категорија???.Ја ФАТИВМЕ удолнината еде отидовме ВПРОВАЛИЈА.
Од: МАНУ
Датум: 27.09.2009 11:15:08
Веднаш после докторатот Љупчо ќе го стават да ја пишува Енциклопедијата.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Иванов со остра реторика кон Грција во говорот во ОН
Енциклопедиски јазол
Амбициите на Рамковски
Големината на Чашуле и срамот на државата
Златниот лав се сопна во Собранието
Бунтовна елеганција за инает на рецесијата
ЕК молчи за енциклопедијата
ДУИ бара смена на Блаже Ристовски
Нова рамнотежа на силите во Европа
„Јазикот на другиот“ - за почит или за омраза?
Груевски ја повика НБМ да ги спушти каматите