Број 3608  сабота, 18 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Новата црква во Тетово остана само желба

Иницијативата потекнува уште од 2007 година, но до денеска се' е на ниво на идеја

Гојко Ефтовски



Тетово - Идејата на тетовци во рамничарскиот дел од градот да се изгради нова црква останува само пуста желба. Во надлежните органи во Тетово засега барањата мируваат, а нема ниту акција, ниту, пак, е преземено нешто поконк��етно. Иницијативниот одбор е во некаков застој, а отсуствува и поголемо ангажирање на Синодот на МПЦ, посебно од Полошко-кумановската епархија.

Православен храм со старовизантиска македонска архитектура, посветен на македонските светители свети Великомаченик Грегориј и Преподобен Сисој Велики требаше да се гради во реон на Тетово каде што нема цркви, а во кој градот одамна е проширен. Сите постојни пет цркви се наоѓаат во горниот дел од градот, од каде што населението постепено се раселува. Кај новите живеалишта нема православен храм, што очигледно претставува неминовност. Граѓаните со задоволство прифатија да бидат колективни ктитори и по пат на самопридонес да подигнат нова црква.

За почеток, во 2007 година, по основањето на иницијативен одбор, се пристапи кон барање локација. Прстот беше насочен кон паркот „Жена-борец“, кај автобуската станица. Вакво барање беше поднесено и до општинските органи, од каде што требаше да се добие маркица. Се планираше целиот комплекс да има околу 4.000 квадратни метри на кои да се подигне црква од 200 квадратни метри, како и други објекти својствени за православни светилишта. Првите преднацрти упатуваа и на уредени алеи, шеталишта, услови за духовен мир и одмор, како и за семејни верски обреди од помал карактер. Прелиминарните пресметки покажуваа дека се работи за инвестиција од околу еден милион евра, а парите сукцесивно би се собирале од граѓаните во вид на самопридонес, но и со учество на иселеништвото, на бизнисмени, стопански капацитети и други донатори. Освен тоа, не се очекуваше само духовна, туку и парична помош и од МПЦ.

„Точно е дека имало барање за изградба уште пред три-четири години. Иницијативата беше очигледна. Меѓутоа, на посочената локација не била предвидена градба на објект со урбанистички план. За добивање маркица требало да се смени планот во целиот реон. Во овој момент сме во претходна рана постапка за измени на урбанистичкиот план за тој реон“, ни рече Скендер Палоши, началник на Одделението за урбанизам на Општина Тетово.

Сепак, првата официјална повратна информација Иницијативниот одбор ја добил на 15 декември 2008 година. Во неа било наведено дека „локација за изградба на православен храм е одредена во урбан блок 29 на која може да се гради, но дури по измените на ГУП, чија изработка е во процедура“. На 3 ноември 2009 година од Советот на Општина Тетово е доставена до Иницијативниот одбор нова информација во која се вели дека „нема поведена постапка за измени на ГУП за урбан блок 29“. По ваквиот одговор, во кој е очигледна разликата во ставовите меѓу два органа на Општината, деветтемина советници поведуваат иницијатива до Советот да се стави на дневен ред извештајот од секторот за урбанизам за тоа до каде е постапката за измени на ГУП-от. Но, од таа иницијативата нема епилог.

„Сега засега не гледам решение. Мислам дека треба сите оние што ветија дека ќе се изгради црква сега јавно да им се извинат на граѓаните“, ни рече Драган Давидовски, член на Советот на Општината од ВМРО-НП и додава дека православните верници во Тетово треба сами да се организираат и да пристапат кон реализација на идејата.

Очигледни се недостатоците во конкретното водење на акцијата. Некои алки од иницијативата како да се скинаа и сега не е јасно дали некогаш ќе дојде до изградба на толку потребниот и посакуван православен храм во Тетово.


#
Статијата е прочитана 988 пати.

Испрати коментар

Од: Zvonko
Датум: 18.06.2011 01:51:42
da se rabotese za dzamija,izgradbata vednas ke zapocnese i nikoj ne ke smeese da preci i da rusi i so nekoja odluka na vladata ili drug organ bi bila legalizirana.Zalno za pravoslavnite vo tetovo i vo tursko vreme polesno mozele da izgradat crkva.
Од: Ljubotan-Trade Name
Датум: 18.06.2011 02:00:40
Kolku se secavam Dvajcata ve pamtam [od moite gimnaziski denovi, vo togasno ubavo Tetovo]]David i Evto,Uste pred tri godini kogaj ,,Vladikat Kiril" Nikola Popovski se pofali Tetovo ce pravi nova Crkva vo Ravnicarskoto Tetovo,Jas Vi rekov togas; Kogaj Vrba ce Rodi Grozje i Tetovci ce napravat Crkva,Tetovcii ne se Vratnicani!Vratnica ce im gi dade,za badiala na najubavata pravoslavna crkava Arhitektonskite Resinija BLUE BPRINTC, Na Sveta Petaka od 1000 kvadratni metri ,najgolema crkva vo Diasporata.Tetovo ne moze da se meri so Vratnica,ama mozat da ja smalat proporcijata na Blue Printc,i Tetovo da izgradi Ravnicarska Crkva!.PS . Moze bi i Vratnica ce im pomogne!
Од: jimmy1
Датум: 18.06.2011 10:28:36
Ako inicijativata bese za dzamija ke se rabotase i noke sto pobrzo da se izgradi, pa makar i bez dozvola za gradba. Takvo ni e opstestvoto, udri po svoite da koristat tugite. Velam tugi zosto poveketo se deklariraat kako albanci a ne makedonci kade sto se rodeni.

Најди! во Утрински
Македонија
Хроничар на сите промени
Живот зависен од сонце и од ветер
Македонец херој во Бугарија

"""