Економската состојба се' уште неповолна
Домаќинствата во земјава оцениле дека економската состојба на државата во следните 12 месеци ќе биде понеповолна во споредба со нивната оцена од октомври, додека, пак, оцената за невработеноста за следната година е поповолна. Сепак, очекувањата на потрошувачите за финансиската состојба на домаќинствата, за невработеноста и за штедењето во ноември се поповолни во однос на претходниот месец. Резултатите од анкетата на Државниот завод за статистика покажуваат дека очекувањата за веројатноста во поглед на штедењето во следните 12 месеци се незначително зголемени во споредба со очекувањата во октомври. Поповолни се и очекувањата за финансиската состојба на домаќинствата во следните 12 месеци во споредба со претходниот месец, но понеповолни во споредба со очекувањата од ноември минатата година. (МИА) |