Број 3446  среда, 01 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Енергија








Site Meter
Економија

Каде се земаат највисоки плати

Банкари, брокери, фармацевти и вработени во телекомуникацискиот бизнис се најголемите среќници во поглед на примањата

Соња Маџовска

Што би правеле и на што би потрошиле 60.000 евра ако по некоја случајност ви се посреќи и во најубавиот сон се замените со топ менаџерот, кој ја зема оваа месечна плата?

„Веднаш би си купил стан, кола, ќе одам на Хаваи. Дел од парите би ги инвестирал во акции, по можност на странските берзи, иако и некои домашни компании не се за потценување“, ваков е одговорот на голем број граѓани, кои додаваат дека, сепак, за нив таквата плата е научна фантастика и не можат дури ни да ја замислат.

Некои во земјава се и такви среќници, па кај останатите логично се наметнува прашањето, кои се топ менаџерите што земаат топ плати?

Не е тајна дека месечните примања на најплатениот менаџер во земјава изнесуваат ни помалку ни повеќе, туку 60 илјади евра, овој податок веќе го објави и Управата за јавни приходи. Во телекомуникацискиот сектор месечната плата на најплатените достигнува и до 30 илјади евра, кај банкарите највисоките плати се движат од 10.000, па се' до 30.000 евра.

Кои се најплатените професии, менаџери во земјава е една од најинтересните теми, но тешко се доаѓа до официјални податоци, бидејќи нашите менаџери ја кријат висината на платите, како змија нозе. „Нема шанси да ви дадеме такви информации, тоа се строго доверливи податоци“, е најчестиот одговор што го добивме од компаниите, а за кои и врапчињата знаат дека делат астрономски плати, барем за наши услови. Но, не е се' во платите. Ако на нив се додадат и бонусите, дивидендите, тогаш излегува дека некои навистина не знаат што да им прават на парите. Но, и овие податоци се строго доверливи. Не се открива ниту колкава е вкупната сума што ја издвојуваат компаниите за распределба како награда. Она што неофицијално се открива, на пример, е дека околу 7 до 8 проценти од вкупниот профит што го остварила банката во претходната година, се издвојува за бонуси. Според досегашната практика, прво се распределува сумата за дивиденда, а потоа сумата за бонуси. Сепак, банкарите коментираат дека бонусите што ги добиваат се смешни во споредба со милионските бонуси што ги добиваат светските банкари. Според некои наши пресметки, тие изнесуваат по неколку илјади евра.

Она што не го кријат компаниите, се дивидендите. Тие јавно се објавуваат. Познато е дека „Телеком“ дели највисока дивиденда, потоа доаѓаат „Алкалоид“, Комерцијална банка, Стопанска банка - Битола, „Гранит“, „Топлификација“, „Скопски пазар“, „Фершпед“, „Реплек“, „Македонија турист“. На листата на најголема добивка од дивиденда лани беше лице од Скопје со приход од дури 1,1 милион евра.

Но, ако се симнеме малку подолу, меѓу раководителите на сектори во банките, излегува дека највисоките плати што се исплаќаат во земјава се движат од 1.000 до 2.000 евра. Тука некаде, околу илјада евра се движат и платите на најплатените брокери. Оваа професија иако беше меѓу најплатените за време на берзанскиот бум, па некои брокерски куќи исплаќаа и по 2.000 евра плата, сега сликата е драстично променета. Освен првите луѓе на брокерските куќи, другите вработени ја земаат просечената плата во земјава од малку над 20.000 денари.

Добро платени, освен менаџерите, се и другите пониски скалила кај фармацевтските работници. Во зависност од тоа каде се вработени, дали во домашна или странска фирма, платата им се движат околу 1.000 евра кај нашите газди, а до 2.000 евра кај платите што ги делат странците.

Платите на шалтерски работници во банка или оператори во телекомуникациските фирми се движат од 500 до 700 евра.

За наши услови и овие суми се сметаат за солидни примања. Но, не само фирмите, туку добри плати во земјава имаат и судиите до 1.300 евра, а месечните примања на највисоките државни функционери достигнуваат до 1.500 евра.

Овие плати се помалобројни, во однос на целата бројка вработени лица, но тие, всушност, го качуваат просекот секој месец, што го објавува Државниот завод за статистика. Според последните податоци, просечната исплатена нето-плата во септември годинава изнесувала 20.554 денари. Во земјава во последните дваесет години до тој степен се продлабочи разликата меѓу богатите и сиромашните, што во услови кога земјава се дави во сиромаштија и невработеност, има такви што не знаат каде да ги потрошат парите, додека повеќето не знаат како да преживеат.


#
Статијата е прочитана 5593 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 01.12.2010 12:26:10
За разлика од горе наведените нигде ги нема Политичарите.Да несте во грешка?.Нигде не видовме толку турканици за дасе дојде до тие работни места.За разлика од политичариве очи ќе си извадат кој да биде Министер,пратеник,директор по партиска линија плус нешто додатно.
Од: zapad
Датум: 01.12.2010 12:37:48
na zapad tie sto imat pogolemi plati placat i povece porez n.p. do 75%.......jASNO MI E SEGA ZOSTO NEMA ZA BOLNI a kako i ce ima eden pliva vo pari drug ni za leb
Од: nekoj
Датум: 01.12.2010 13:03:15
Ima razlika megu menager i sopstvenik na firma. Ako sopstvenikot zema plata od 60,000 evra bruto mesecno, neka si i trosi so zdravje. na vrabotenite ke im dade od 200-500 drugoto ke si go lapne. No ako stanuva zbor za :menager: na nekoi od navedenite: farmacija, telekom, banka itn. togas toa ne e top plata tuku kriminal.
Од: od mene od daleku
Датум: 01.12.2010 13:04:09
Tipicno za tranziciskite ekonomii koi se vo razvoj, no vo nasiot slucaj trae predolgo.
Од: Dilan
Датум: 01.12.2010 13:06:46
A kolkava e miimalnata plata vo BJRM?za toa koga ke pisuvate vo sledniot broj??????
Од: Citatel
Датум: 01.12.2010 13:13:18
A kade se tuka NOTARITE koi zemaat i po 3 iljadi evra pa nagore,a koi se pod ministerstvo za pravda.
Од: perica
Датум: 01.12.2010 23:09:15
Najplateni se kontrolrite na letanje vo M-NAV (Makedonska Navigacija) so prosek od 2 000 EVRA mesecno.
Од: kontrolana letanje
Датум: 02.12.2010 01:06:32
Provereteja kontrola na letanje. Polupismeni deca i tehnicari zemaat po 2000 evra mesecna plata
Од: maja canada
Датум: 02.12.2010 01:41:56
Znaci za nekoi i ne e taka loso da se zivee vo Makedonija???
Од: Mirko
Датум: 02.12.2010 09:03:01
А тука во купчето се и комисиите за полагање као приватните имале лош квалитет, а сега бутаат нон стоп за да земат плада од 1200еу.Дури има и измислени прекршоци.Професија во која неможеш да ја докажеш вистината.
Од: istrazuvac
Датум: 02.12.2010 09:33:17
Makedonija e raj... IstrazetejaMakedonija....
Од: Od strana gledano
Датум: 02.12.2010 09:34:22
Da se igrame malku Matematika ! Covekot koj sam sebe si placa 60 000 evra plata, presmetal deka godishno na drzavata ce i isplaca za pridonesi po 500 000 evra, shto znaci za tri godini ce i ima isplateno 1 500 000 evra, za da pojde vleze vo penzija so 70% od prosekot na pridonesi vo poslednite tri godini i zema penzija od 50 000 evra! Pametno i jas taka bi napravil koga bi imal pari koi ne sum gi zarabotil! Znaci rezime: toj parite ce shto gi dal ce gi vrati za 30 meseci, i ce uziva vo penzijata od 50 000 evra do krajot na zivotot, SKROMNOST nema shto!

Најди! во Утрински
Економија
Конечно, ветерот ќе почне да ни прави струја
МЕПСО бара поскапување на струјата
Пак намален бројот на работниците во индустријата
Економската состојба се' уште неповолна
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars