Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Арачиновци бараат спас од фекалниот канал

Силна смрдеа се шири од фекалниот канал во Арачиново, при што постои голема опасност оттаму да се рашири епидемија на болести од загадените води што минуваат низ цела општина. Градоначалникот Бастри Бајрами е револтиран затоа што и по една година упорно тропање на вратите на министерствата, наидувал на, како што вели, „глуви уши“.

Арачиново, со околу петстотини куќи, секојдневно се соочува со ужасна миризба што на температура од над 40 степени ја задушува оваа скопска општина. Жителите што вчера излегоа на протести најмногу стравуваат за своите деца, кои играат во близина на каналот преполн со фекалии и обраснат со треви од каде што демне опасност и од змии.

„Средби имав во сите министерства и институции - со министерот за екологија, вицепремиерот и со премиерот, но наидовме на глуви уши. Откако станав градоначалник јас направив проект со целосно решение и го доставив до министерот за екологија. Досега имам поднесено над 20 барања, но нема никаков одговор. Во последно време дури и престанаа да контактираат со нас“, се жали градоначалникот Бајрами. Иако проблемот со овој канал е од поодамна, сепак, тој вели дека во последно време состојбата е неиздржлива.

„За да се реши проблемот со каналот потребни се околу 600 илјади евра, а Владата само за еден споменик потрошила 800 илјади евра. Ние во општината немаме средства, бидејќи годишниот буџет изнесува 300 илјади евра, од кои 70 проценти трошиме за образование“, додава Бајрами.

Посебна мака имаат жителите чии домови се веднаш до каналот, бидејќи честопати загадената вода им ги поплавува куќите.

„Ние како да не сме луѓе. Секој втор ден децата се разболуваат и постојано ги носиме на лекар. Минатата година поради излевањето на каналот во подрумот ми скапаа 1.500 килограми компири и затоа оваа година не насадив ништо“, се жали Асани Раман. До каналот се наоѓа и основното училиште „Скендер-бег“ во кое учат околу две илјади деца.

Доктор Билјана Ристевска од локалната амбуланта предупредува дека во летниот период многу деца се жалат на болки во стомакот. Најверојатно заболувањата се предизвикани од нечистотиите во фекалниот канал од Гази Баба, кој минува низ Арачиново и продолжува кон општина Илинден.

„Ако вообичаено имаме по четири-пет деца дневно, во последно време бројката на оние што се жалат на цревни заболувања расте и до 20 дневно. Ако минете крај каналот ќе почувствувате миризба што е опасна, бидејќи во Арачиново има голем број деца. Некои од нив завршуваат и на инфузија“, вели Ристевска која стравува дека со почнувањето на школската година бројот на заболени деца може да се зголеми. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 238 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 13.08.2010 06:17:56
Па нели лопатаров се фалеше токму со чистењето на каналите....Па и таму што не оди да се фали а и да се исчисти и среди тоа седиште на зарази...или тоа не е добро за рејтингот кај неговите?????
Од: јас
Датум: 13.08.2010 10:50:22
Вчера на ТВ ги гледав изјавите на селаните , кои велеа дека 40-50 години каналот не е исчистен , а сите фрлаат , дури и пцовисани животни во каналот..Па господа , морам така да ве наречам ( ама во стварноста сте бетер од селјаци) КОГО ЧЕКАТЕ ДА ВИ ЈА ЗАВРШИ ВАШАТА ДОМАШНА РАБОТА ????Некој од надвор да ви го чисти вашето домашно џубре ???? Да не барате преку леб погача??? Ај место пред ТВ да давате вакви изјави , да протестирате и да кукате , зафатете се со чистење и казнување на секој што ќе го загадува каналот!!!! Сепак во вашиот двор е !!
Од: lili do Jas
Датум: 13.08.2010 12:53:55
Sto ne se nafatis i ti da cistis pred zgradata kaj sto zivees nego cekas od Komunalna higiena da dojdat i da go zemaat gubreto, a i Aracinovo mislam deka e del od Skopje i Makedonija, i tie plakaat pridonesi za drzavata. Za Aracinovo nikogas ne se grizela drzavata a se bunat ako proglasat drzava vo drzava, togas site aracinovci stanuvaat ekstremisti i tn, i tn, a da ne zaboravime Aracinovo se naoga samo 8 kilometri daleku od glavniot grad, a tamu ziveat 12 000 luge. Sramota za Gujo i za A.Ahmeti.

Најди! во Утрински
Политика
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (8)
Отпуштените од Канал 5 ни на небо ни на земја
Лицата што постат да не работат на жешко
Петтоодделенците ќе добијат учебници
Прегазените овци топ-вест во светот
Труење од брза храна