Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Лицата што постат да не работат на жешко

Директен престој на сонце и физич��а работа, посебно во најжешкиот период од денот, треба да се избегнува. По најавата за топлотен бран и температури и до 40 степени за време на викендот, Институтот за јавно здравје го препорачува ова за хронично болните и за децата. Посебно претпазливи треба да бидат граѓаните со муслиманска вероисповед, кои постат во овие денови. Епидемиолозите советуваат да се престојува во климатизирани простории или ако такви нема, да се оди во најблискиот трговски центар.

Препорака е да се носи облека во светли бои. При излегување од возило, да се отвори прозорец за да има вентилација и да не се остава никого во возилото.

Освен овие посебни мерки за жешко време, Институтот укажува и на општите превентивни мерки. Да не се консумира многу храна, да се избегнува мрсно јадење, а на менито да бидат застапени овошје и зеленчук, кои треба добро да се измијат. Екстремно ладни и алкохолни пијалаци треба да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин. Особено внимание треба да се обрне на консумацијата на производи што имаат краток рок на траење, како месни и млечни производи или оние што се подложни на расипување - сладоледи и разните видови слатки. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 612 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Арачиновци бараат спас од фекалниот канал
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (8)
Отпуштените од Канал 5 ни на небо ни на земја
Петтоодделенците ќе добијат учебници
Прегазените овци топ-вест во светот
Труење од брза храна