Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Отпуштените од Канал 5 ни на небо ни на земја

Отпуштените новинари од Канал 5 се најдоа во ситуација ни на небо ни на земја. И покрај тоа што дел од нив од 15 август треба да се појават на новото работно место во конкурентската телевизија А1, раководството на нивната сегашна телевизија се' уште тактизира и не им ги потпишува решенијата за отказ.

Сопственикот на телевизијата, Емил Стојменов, во моментов е на годишен одмор, со уредникот Иван Мирчевски комуницираат со СМС- пораки, а на прашањето кому да му се обратат вработените во телевизијата креваат раменици. До пред неколку дена првите луѓе на телевизијата им нудеа, како можност, спогодбено раскинување на работниот однос, но откако тие не се согласиле со ваква опција, од нив сега се бара сами да поднесат барање за раскинување на договорот за работа. Тоа не го прават, бидејќи, како што велат, тие сами не побарале да си заминат од телевизијата, туку им бил даден отказ.

„Доведени сме во многу непријатна ситуација, бидејќи мора да чекаме некој да ни го потпише решението за отказ, за да можеме да се пријавиме на новата работа“, вели Весна Коваческа-Трпчевска, една од отпуштените новинарки. Таа вчера испратила писмо до сопственикот на телевизија Канал 5, Емил Стојменов, во кое бара да и' се достави најавеното отказно решение. За она што и' се случуваше во изминатиот период писмено ги информирала и народниот правобранител Иџет Мемети, како и Детската амбасада „Меѓаши“, кои ги повикува да реагираат.

Во писмото до нејзиниот газда Стојменов таа го повикува да и' се достави отказното решение во најкраток можен рок.

„Дозволете да продолжиме натаму со нашите животи и со професионалниот ангажман. Доволно беа стресови. Не е в ред да си поигрувате со човечки судбини“, пишува Коваческа.

Револтираната Ковачевска смета дека во циничниот предлог од раководството на телевизијата да се грижи за нејзиното дете, бидејќи е самохрана мајка, има место за реакција и од Детската амбасада.„Дома, моето деветгодишно малолетно дете, ме праша: ’Мамо, а како телевизијата ќе се грижи за мене, јас сакам ти да се грижиш‘“, наведува таа.

Во преставката, пак, до македонскиот омбудсман Иџет Мемети, Коваческа го информира дека за состојбите во нивната телевизија и бара од него да ги заштити нејзините права и да го испита целиот случај.

Омбудсманот Мемети во изјавата за „Утрински весник“ ни потврди дека ја примиле преставката од н��винарката.„Немаме директна надлежност да постапуваме во овој случај, бидејќи станува збор за приватна компанија. Она што можеме да го направиме е целата документација да ја доставиме до Трудовата инспекција, а потоа од нив да побараме одговор што направиле“, вели Мемети. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 1413 пати.

Испрати коментар

Од: Riste
Датум: 13.08.2010 00:38:14
Дали во оваа држава постои трудова инспекција???
Од: Петар
Датум: 13.08.2010 00:49:03
Кога дојде време Иван бла, бла, да дели откази а тој плачеше кога го избркаа од МТВ, да се чудиш и крстиш.
Од: забеган.
Датум: 13.08.2010 07:34:03
Дали има Закон во ова ДРЖАВА за Големите газди???.
Од: Реган
Датум: 13.08.2010 09:09:27
Со себет на рационализацијата на работни места во ТВ5 слушнавне дека постоела и некоја новинарка Ковачевска чиј најголем до��трел е отвореното писмо до Премиерот.
Од: Marga
Датум: 13.08.2010 10:17:37
Vesna imas cela podrska od tvoite rodnini i prijateli od Kumanovo,TI cestitame na smelosta sto kako samohrana majka mu se sprotivstavi na nedopirliviot araclija Grujo.A tvoeto dete pak ti ke si go cuvas,bidejki si hrabra i silna i odgovorna licnost.Pozdrav do maliot maz sto ima golema majka po dusa.
Од: сирма војвода
Датум: 13.08.2010 10:30:41
гледаноста на канал 5 опадна за неверојатни 20% со бркањето на новинарите епа Емил светската криза најбргу ке затропа на твојата врата,БОГ е голем не си створен на овој свет да уништуваш луѓе,ќе си го платиш цехот како и сите други останати...со наведната глава ќе го поминувате остатокот од вашиот ценет живот,незаборавај колку ти значи твојот толку им значи и на избрканите и др новинари животот на овој свет сите сме исти...кога и да е во текот на животот твој ке го сватиш ова биди убеден
Од: A sto si iljadnici rabotnici otpusteni
Датум: 13.08.2010 11:18:32
Znaci novinarite se nesto drugo, povlasten sloj od rabotniot narod. Znaete li na kmolku vraboteni vo drzavni i privatni firmi im se davaat otkazi i kade e vasata novinarska reakcija kako sega. Treba da imate ist tretman a ne da se umisluvate deka ste nesto posebno, baska sto makedonskoto novinarstvo e recisi 70% korumpirano, neobrazovano, prepotentno i neprofesionalno, zavisno od sopstvenicite na nivnite vesnici i televizii.
Од: majka
Датум: 13.08.2010 12:02:13
Не ми е јасно: Прво се жалеа дека им дале отказ, а сега плачат дека НЕМААТ отказ-не им бил даде, па затоа не можеле да преминат во друга фирма?!? Па од каде знаеја дека се отпуштени? Мореееееееееее....
Од: skopje
Датум: 13.08.2010 13:05:18
se slagam so posledniot komentar'a sto so site iljadnici ispusteni'.tocno e taka...kolku stecajci bea pred vlada ..pa bea zaboraveni...kolku otkazi se delat, pa nikoj nisto nepisuva...za neaa se dozna sto e novinarka pa javna licnos, i kako segokas ke se socustvuva so nea...pozdrav za hrabrosta i upornosta sto ja ima.

Најди! во Утрински
Политика
Арачиновци бараат спас од фекалниот канал
Рецидивите на македонскиот етнонационализам (8)
Лицата што постат да не работат на жешко
Петтоодделенците ќе добијат учебници
Прегазените овци топ-вест во светот
Труење од брза храна