ГЕВГЕЛИЈА - Вкупно 59 лица од Гевгелија во изминатите неколку дена побарале лекарска помош откако добиле симптоми за труење со храна, 29 се на болнички третман, а другите се на домашно лекување. Според лекарите од Инфективното одделение во гевгелиската болница, сега се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.
Според нивните изјави, сите јаделе брза храна од сендвичарницата „Алфа“. Најверојатно, труењето било предизвикано од бактеријата салмонела, а не е исклучено и присуството на стафилокока. По извршената контрола од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Дирекцијата за заштита на храна, сендвичарницата е затворена, а против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава. (Е.П.)