Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

ИВЗ ја обвини Владата дека ги дели граѓаните на верска основа

Со измени на Законот за денационализација, ИВЗ ќе остане без имотот во Старата чаршија

Билјана Јовановска

„§ дадовме уште една шанса на Владата да ја коригира дискриминаторската и исламофобична политика, но последниот чекор што го презеде за измена и дополнување на Законот за денационализација, е јасен сигнал дека наместо да создава рамноправни услови за сите граѓани и да чекори кон ЕУ и кон НАТО, го избра газењето на основните човекови права и узурпацијата на тужи имоти“. Со вакво обвинување излезе вчера поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, кој потенцира дека со ова Владата сака да се самопрогласи за легитимен сопственик на вакуфот и да го оневозможи неговото враќање.

Според Реџепи, за 12-годишниот период на приватизацијата биле направени низа узурпации и злоупотреби на имотот ИВЗ, а со законските измени се создава проблем околу нивното враќање. Со донесувањето на Законот за Старата скопска чаршија, таа се прогласува за заштитена зона со посебно значење, така што се оневозможува враќање на имотите. Новите измени ќе значат дека Капан-ан, Сули-ан, Безистен, Детскиот театар и десеттина дуќани ќе останат во сопственост на државата со што, како што рече поглаварот Реџепи, „дефинитивно се отстранува муслиманскиот елемент од Старата чаршија“.

Тој ја обвини Владата дека во желбата да го славјанизира овој дел од градот, дозволува Албанците да се кираџии на сопствениот имот.

Како посебен проблем ја истакна и потребата барањата за денационализација да бидат регистрирани во Јавната книга, а познато е дека ИВЗ таму нема евидентирано ниту едно барање. Реџепи информираше дека од 350 барања доставени од ИВЗ, со кои се бара враќање на четири милиони квадрати земјиште, ливади, пасишта и шуми и околу 42.000 квадрати станови, куќи и дуќани, за 12 години им се вратени само 10 отсто.

Со ова, вели поглаварот на ИВЗ, „Владата испраќа порака дека не е за соживот, за мултиетничка, мултиконфесионална и демократска држава, туку се јавува како столб на поделба на граѓаните врз етничка и верска основа и ги продлабочува омразата и поделбите. Доколку не го смени политичкиот курс, Владата ќе ја врати државата во насока на крстоносците, кои зад себе оставија само жртви, омраза, делби и болка“.

Реис-ул-улемата Реџепи предупреди дека трпението им е при крај и за натамошно ескалирање на состојбите, единствен виновник ќе биде Владата, па во тој контекст апелира да се стопираат измените на Законот за денационализација.

Прашан дали се точни тврдењата дека ИВЗ нема тапии за Бурмали-џамијата и за локацијата на која се гради Филхармонијата, тој б��ше категоричен: „Тоа е апсолутно неточно. Не постои никаков пазар и вицепремиерот за оваа изјава ќе биде даден на суд. На Управен суд го добивме спорот за земјата на која ќе никне Филхармонијата, додека земјиштето на Кале само ни е ветено, ама не и добиено“. Реџепи, исто така, демантираше дека на средбата со претседателот Иванов и со премиерот Никола Груевски станало збор за давање согласност да се откажат од обновување на Бурмали-џамијата. Напротив, рече, остануваат на цврстиот став на скопскиот плоштад да биде обновена џамијата, која изгоре во 1925 година.


#
Статијата е прочитана 630 пати.

Испрати коментар

Од: STRAHIJA OD TETOVO
Датум: 21.04.2010 03:43:36
KAPAN AN SULI AN se izgradeni od okupatorski turci koi se dojdeni vo MAKEDONIJA KAKO OKUPATORI .turcite se isterani od MAKEDONIJA i tuka rabotata STOPIRA se sto bilo pod islamska okupacija mu pripaga na DRZAVA MAKEDONIJA i sega sto ima ti redgep od nekade da baras MAKEDONSKO NASLEDSTVO VO GLAVNIOT GRAD NA MAKEDONIJA GRAD SKOPJE .ako sakas imot toa slobodno moze da go pobaras od sosedna albanija zasto tvoite dedovci i od tamo i dosle.ajde fatise za nekakva pokorisna rabota i dosta so terane KONI PO PRAZNO GUMNO .zasto go vregas MAKEDOSKIOT NAROD ke si gradel dgamija U CENTAR SKOPJE I kego prekrstuvas SKOPJE vo -meca-ajde ne traskaj GLUPOSTI i ne TROSI vreme badijala.posle izvesno vreme postanuvate DOSADNI a ne opasni.
Од: terezija
Датум: 21.04.2010 08:03:34
Vernik sum - Hristijanin i za zal se slozuvam so konstatacijata na IVZ za podelenost na gragjanite itoa ne samo po verska osnova...Za se' ova shto ni se sluchuva, A KE NI SE SLUCHAT ushte mnogu neubavi neshta - najpovikani se G-dinot Premier N. Gruevski i moshne opasniot "G-din"(itoa X 2)Stefan... Sakale nie da si go priznaeme toa ili ne, no FAKTITE go POTVRDUVAAT toa ushte od poodamna (podelbata na teritorii -G.Ljubcho...)a za nesreka NAJLOSHITE SCENARIJA DOPRVA DOAGJAAT...p.s./ Sakajte se lugje, ne dozvoluvajte da NE' PODELAT na Vashi - nashi ili bilochii...!!!
Од: Normalen
Датум: 21.04.2010 08:33:37
Власта го дели народот тоа е точно, но го дели по етничка,верска,партиска ,територијална,општинска и каква се не основа.Подели па вл��деј е основата на владеење на оваа корумпирана власт.Со тоа не прави ништо добро за државата.Ужас!
Од: pogled
Датум: 21.04.2010 11:04:31
Проблем се јавува затоа што не се разликува што е СВЕТО а што ПРОФАНО. Затоа се јавува ЛАКОМОСТ и ТРПЕНИЕ ПРИ КРАЈ, што сами по себе не се верски доблести.
Од: вераг
Датум: 21.04.2010 15:08:53
So toa [to Albancite ja prifatile verata na okupatorot na makediskiot narod,stanale naslednici na se [to izgradile tie? Pa so koi sredstva gi gradele,da ne nosele zlatnici od Istambul?

Најди! во Утрински
На прво место
Ќе се ревидираат решенијата на комисиите
„Метастаза“ ќе ја шири истрагата
Извинување