Извинување
Во вчерашниот број на „Утрински весник“ е направена грешка со објавувањето на името на заменик-министерот за здравство, Владимир Поповски, меѓу приведените во акцијата на полицијата за корупција во инвалидските комисии, како и на лекарите Александар Адамов и Кирил Лозанче. Оваа информацијата што ја објави порталот Кирилица, а „Утрински“ ја пренесе, не е точна. Му се извинуваме на заменик-министерот Поповски и на лекарите Адамов и Лозанче што ги доведовме во непријатна ситуација, а и на читателите зашто „Утрински“ пренесе информации од непроверени извори. |