„Сите предмети контролирани од МВР во кои тие утврдиле неправилности при издавање пензии, ќе бидат ревидирани“, изјави вчера министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. Тој најави дека доколку се утврдат неправилности при издавањето пензии ќе биде побарано од корисникот на пензија да ги врати земените средства. Бајрами појасни дека од март функционира нова повеќечлена комисија и оти претседателот на комисијата, кој е осомничен, е разрешен од поодамна.
„Ја поддржувам борбата против корупцијата во сите сегменти на општеството, вклучувајќи го и здравството. Но, значајно е и тоа со полициската акција „Метастаза“ да не се наруши имиџот на целиот здравствен систем и довербата што ја имаат пациентите во неа“, изјави министерот за здравство, Бујар Османи, при вчерашната посета на Гостивар.
Според него, со оваа акција се докажува посветеноста на државата во борбата со корупцијата се посочуваат индивидуи што презеле девијантни појави и го нарушуваат угледот на здравствениот систем. „Состојбите во здравството, вклучувајќи го и нивото на корупција, не смеат да се генерализираат и да се носат општи заклучоци, туку секој во рамките на своите задачи, надлежности и одговорности да си ја преземе одговорноста, тоа е и најбитно во овој момент“, потенцира Османи, според кого, најголемиот дел од здравствените работници совесно ја вршат својата работа.
Вчера реагираше и Лекарската комора, според која, сите што ќе го нарушат угледот на лекарската професија треба да понесат соодветна одговорност, но, сепак, повика на принципот на пресумпција на невиност и го осуди начинот на кој беа уапсени докторите за време на состаноците на стручните колегиуми.
Опозициските партии СДСМ и ЛДП вчера обвинија дека тајмингот за спектакуларното апсење на повеќе од 30 лекари е да се покрие лошата и катастрофална работа на министерот
за правда Михајло Маневски, чија интерпелација завчера беше на дневен ред на Собранието. (К.К.-Д.Р.)
Точно е дека ова пропагандна блада,живее во некој свој филм.Само сценаријата и се предвреме откриени.Ова акција им е само сеење на магла за да сокријат некој поголем проблем кој незнат или не сакат да го решат.За вакви акци не треба големи помпи кои се јавна тајна.Тоа се гледа и без очила дека има луѓе кои не заслужуват инвалидски пензи преку врски и подмитување земат и тоа големи пензи а овие кои сакат на чесен начин а да земат пензија неможат иако работат и на опасни работни места.Не да се казнуват само митаџиите ,туку и овие кои потплатиле за да земат пензија а овој број не е мал.Овде има замешано прсти и власта(партиите).Тие ги кажуват условите и кај кои лекари може да се комплетират лажни дијагнози
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.04.2010 11:00:30
Ептен изместено расудување на виножитниве,те преголема сила,ако апсат дома ги плашат фамилиите,апсење на работно место ги потресуваат колегите,специјалците носеле маски,те петминја во комбе се стискале и се така просветлени коментари и најновата иновација,зошто во исто време интерпелација и апсење.Инаку покажаа завидно ниво на грижа за пациентите искубани за 3-4000 евра,исто како и за ланскиот снег.И после се чудат и друг им е виновен за состојбата тотално очајна во која се навоѓаат.
Од: Soobraćaec Uličar
Датум: 21.04.2010 12:37:06
АааАаа... Кој ќе ги ревидира бројните Адвокатско-Докторско-Пациентски ујдурми за Обесштетување при Сообраќајни несреќи?? За удрена глава,во болница,добивате потврда дека главата ви е Здробена,колкот скршен,забот искорнат,раката модра,ушите накриво насадени... За чукната нога,скршен `рбет,потрес на мозокот,ќе ви недостасуваат и неколку ребра...Тука воопшто нема Ујдурми! ;) Процентите се 20-40% за адвокатот и судијата,остатокот за Џип,или палата... за „сиромавиот“, кој како наумил!Кој ќе ги ревидира доделувањата на денационализиран имот - на државата,или на лица кои не се сопственици?! Кој ќе ги Намали Платите на Судиите,чии предмети траат Децениски долго? Кој ќе ги намали Платите и Привилегиите на Парламентарците, на министрите од Владата? Па тие со години не работат! Што направија за да ја подобрат состојбата во Македонија? Што направија за економијата? Што постигнаа, освен зголемувањето на своите привилегии и џебовите? Кој ќе се јунак одбере,Чумата да ја пропади?!