Број 3263  среда, 21 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

„Метастаза“ ќе ја шири истрагата

 

Триесет и тројца лекари и посредници завршија во притвор, а по четворица се трага поради малверзации со инвалидски пензии

Ортопеди, психолози, неврохирурзи, психијатри, кардиолози, пулмолози, терапевти, но и административци и архивари, кои според полицијата, биле дел од синџирот на „метастазата“, вчера попладне завршија во притвор поради сомневање дека учествувале во малверзации со инвалидски пензии. По целовечерното испитување пред истражен судија во Основниот суд Скопје 1, на 33 од уапсените им е одредена мерка притвор и тие со шест полициски комбиња беа префрлени во затворот „Скопје“. Полицијата се' уште трага по четворица, за кои има сознанија дека не се во земјава. Најголем дел од приведените се звучни лекарски имиња од скопските јавни и приватни клиники, но има и медицински лица од Тетово, Крива Паланка, Куманово, Велес и од Струга.

Заминувањето на полициските возила од судот кон затворот „Скопје“ беше будно следено од најблиските роднини на притворените. Некои од нив плачеа, други довикуваа, а трети заминувањето на возилата го проследија со скандирања и извици. Според неофицијални информации, најголемиот дел од приведените лекари, членови на првостепената и на Ревизионата комисија, како и вработени во ПИОМ во текот на 12-часовната истрага одлучиле да се бранат со молчење, но имало и мал број од нив што дале своја одбрана. Како што дознаваме, на еден од приведените му се влошила здравствената состојба, поради што во судот била повикана Итна медицинска помош.

Полицијата ја осомничи 37-члената група за злосторничко здружување, со цел „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“ и „фалсификување исправа“. Решението за притвор на групата е испишано на 126 страници, а ова е прв случај каде што осомничените не беа задржувани во полициски станици, туку беа директно изведени пред истражен судија.

Акцијата „Метастаза“, која кулминираше завчера со масовни апсења во здравствените установи, започнала пред една година кога полицијата добила сознанија за малверзациите со инвалидските пензии.

Со примена на посебните истражни мерки, во изминатите 365 дена од МВР тврдат дека прибрале доказен материјал од 300 страници, кој е предаден до истражните органи во судот. Завчера биле извршени претреси кај 15 лица, а кај тројца од нив била пронајдена поголема сума пари (само кај еден од лекарите се пронајдени 50 илјади евра). Во досегашната истрага се евидентирани 57 случаи, односно баратели на инвалидска пензија, но од МВР велат дека постојат уште 200 сомнителни случаи, кои допрва ќе се истражуваат.

Според полицијата, во малверзациите учествувале претседатели и членови на Ревизионата и на Првостепената комисија за утврдување инвалидност, лекари од повеќе јавни и приватни здравствени установи, медицински лица и посредници, кои ги пронаоѓале барателите на инвалидски пензии, а во синџирот имало и лица што фалсификувале медицински документи.

„За работата што за завршувале, тие добиле парична награда од 1.500 до 4.000 евра што ја исплаќале барателите на инвалидски пензии. Досега се идентификувани 57 баратели на инвалидски пензии, од кои 26-мина веќе добиле инвалидска пензија, 10-мина добиле решение, но тоа не е процесуирано, а за 21 барател постапката се уште е во тек“, информираше вчера помошник-министерот за информирање во МВР, Иво Котевски.

Групата, според сознанијата на МВР, досега заработила околу 165.000 евра, или над 10 милиони денари со овој бизнис, а на Фондот за ПИОМ му била нанесена штета од околу 53.000 евра, со исплата на нелегалните инвалидски пензии.

Полицијата нема поднесено кривични пријави против барателите на инвалидски пензии, и покрај тоа што дел од нив морале да плаќаат мито за да им се забрза работата. „Што ќе се случува со нив, ќе се утврди во судската постапка“, вели Котевски, објаснувајќи дека станува збор за две групи граѓани, оние што немале право да добијат пензии, па на секој начин се обидувале да го сторат тоа, и втората група, кои ги исполнувале условите за пензија, но постапката им била одолжувана само за да бидат изнудени пари од нив.

Како првообвинет и организатор на групата, полицијата товари кардиолог од скопската Клиника, кој бил и претседател на Комисијата за ревизија за утврдување на инвалидност, како и претседателка на првостепената комисија, кои, наводно, имале увид и контрола над сите барања за инвалидска пензија. Двајцата се товарат дека ја координирале групата, во која најпрво посредници наоѓале баратели на инвалидски пензии, а потоа тие биле носени на прегледи кај лекари, кои им давале лажна медицинска документација, со дијагнози со кои најлесно се добивала инвалидска пензија. Меѓу притворените има 17 лекари-специјалисти од приватните и од јавните клиники, кои издавале лажни документи и медицински наоди, пишувале дијагнози, без воопшто и да ги прегледуваат пациентите. Двајца лекари добија пријави и за земање поткуп, бидејќи побарале 2.500 евра од еден граѓанин, а успеале да земат 1.500 евра, ветувајќи му инвалидска пензија. (Д.Т.-Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 4218 пати.

Испрати коментар

Од: mimi
Датум: 21.04.2010 00:28:24
Super e ova kako sto trgnale ke treba da gi apsat site lekari zosto sekade e isto nemas li pari mrtov si se ponasaat so pacijentite kako so zivotni Sum bila u klinicki edna nedela so maz mi katastrofa nisto ne funkciunira bolnicarite samo spijat i se derat a funkciuniraat bubasvabite grozno
Од: sirma vojvoda
Датум: 21.04.2010 00:42:36
факт е дека вакви работи постојат во Македонија но доктори безразлика на се да ги апсиш со специјалци АПСУРД,немајки што веке да презентираат немајки веке ниту лаги да кажуваат останува апсење на доктори со специјалци хахахахахаххаа смешно смешно ама простата маса да бидам искрена верува хахахахахаххаха
Од: Zarko
Датум: 21.04.2010 04:23:11
doktorite gi apsat so specijalci... kakvi reklami si pravat od toa sto veke neznaat veke kako da se reklamiraat deka nesto rabotat ili zavrsile. mesto tie 15 milioni evra za spomenicit plus 20 milioni za stadion da gi potrosea vo bolnicite oni gi investiraa tamu kaj sto narodot nema benefit i mozat da si ukradat pari. a bolnicite nasi se za zalenje doktorite isto taka rabotat po 18 saati za 500 evra plata... uapsete gi site pa da vidime kaj ke odite na doktor probajte vo bugarija ili grcka da se izgorite. Pouka ovaa vlada stanuva se popateticna i popateticna makedonija vleguva vo 3 depresija so ovie... nikoj od EU ne mu pravi muabet na premierot.
Од: SPIRIDON - do Sirma vojvoda ha ha ha
Датум: 21.04.2010 07:08:12
Nogu smešno,be dušo draga,smešno ama za tebe.Dali e smešno za tia šo na seta siromaščija sobirale pari za da im se potvrde invaliditeto.A ima i takvi,ja znam bar dvujca,šo mua ne gi laze,"tovareni"si se,imatrazvien biznis i so "tahikardija",visok pritisok i gulem stoma zemaa invalidska penzija,pa i se falat kolku bile snaodlivi,a ja dremam,čekam da mi dojde redo,a i nevraboten sum.Smešno neli?E sea ne trebaše baš specijalci,može trebaše kako brat Ljube i pokojnio mu partner,so kaubojski šeširi da upagjat po stanovete.Via se malku posofticirani,a,ubavo go kaža voa,via em apsat,em stra u koski,so izgledo i puškite,im uteruvat na "česnite gragjani".Kako i se u vaa naša Makedonija.Živ cirkus.Samo ne e za smeenje,za plačenje e.
Од: Bile
Датум: 21.04.2010 08:02:33
Bravo za akcijata samo ne treba vaka spektakularno da e da se [rocelsaat i drugite raboti,komisii,gradonacalnici..Eden Leku gi iskrsi site plocki po kejot so dzipot ,ja uzurpira plazata i nikoj ne reagira ....cela stara arhitektura vo Struga se unisti,rasprodade a nikomu ne mu fali nisto...
Од: Nato-Jato
Датум: 21.04.2010 08:10:53
Procitajte gi brojkite kolku e osteten fondot , 50 000 evra?????? Pa vo akcijata poise pari za benzin potrosi ,MVR! A , ako im se apsi moze i da dojdat vo Pasosko i za dr. licni dokumenti da vidat tamu kakov kriminal se pravi na celo so Mence i kompanija!!!!
Од: sss
Датум: 21.04.2010 09:15:34
dobar den na site dobronamerni i napateni luge od Mk ! ja pozdravuvam akciata i treba ponatamu da ima mn. vakvi akcii ako saka MK da odi napred,toa bese vece se preku granica ,a sega treba i invalidite da se proverat dali ja zasluzuvaat penzijata,site oni koi ovde komentiraat protiv ovaa akcia imaat nekoj svoj tamu inaku normalen covek ne bi gi podrzuval tie nenasitnici ,zarem ne se znae koe bogatstvo go imaat steknato za kratko vreme ,koi vili gi imaat po selana ,i toa ne samo lekari tuku gradonacalnici ,carinarnici i.....zatooa se sto e protiv korupciata treba da se poddrzi a ne po komentarive da se raspravate ,sramota bilo so specialci ,zosto e sramota ,koga niv ne im bilo sram da baraat pari kako prosjaci i ucenuvaci a zosto sega da im bide sram ,taka treba i samo napred no i do kraj da se zavrsi pozdrav
Од: lazeski
Датум: 21.04.2010 10:05:35
na Firmata KONARTIS i Goce Zelenkovski kriminalot im tezi nad 19 milioni evra,a MVR ne go goni Goce Zelenkovski i negovite firmi KOnartis i Zimeks.Dali MVR raboti selektivno i po naracka.
Од: maca
Датум: 21.04.2010 10:06:13
bravo za bile,navistina eden leku ja unisti struga a tie so prs ne mrdnaa! mislam na policijata.ako se tolkavi mangupi neka gojdat struga da gi uapsat bosovite!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.04.2010 10:06:40
Ноторна вистина е да на виножитниот кампус и коментаторите како водоотпорната леди Сирма им е поважна формата од суштината.Зарем не гледаат дека така се прави секаде во светот,јавно и транспарентно.Имаме примери во САД,Италија(мафијаши)Хрватска (Подравка) и т.нЈа разбирам јанзата да ова носи политички поени,но да наоѓаш некакво алиби за општо-позната криминална работа е ептен изместена работа.И затоа виножитните ,,топтан,, се таму каде шти вистински припаѓаат.
Од: Трпе
Датум: 21.04.2010 10:08:05
Ова е сеење магла без ветар.Затоа не треба да се очекува проветрување.Голем дел стана предвремени пензионери ,со лажен инвалидет а со благослов на владеачките парти.Тие директно препорачувале кај кои доктори и какви дијагнози може да ги направат пензионери.Метазтазата е поопасна и од Октоподот.Но така ке биде се додека има луѓе кои веруват на филмовите на актуелната блада.
Од: дарко
Датум: 21.04.2010 11:00:59
Конечно им текна на државава да реагира сите што го прекршиле законот да се осудат за делото што го сториле.А цега ќе се жалат дека ништо не сториле е слатко им било кога ги земале парите.
Од: anonımen
Датум: 21.04.2010 11:18:17
bravo samo napred a nekoj vas da ve provere sto pravıte ama neka ce se zavrte ovaa pa togas da vıdıme
Од: Ајван Доктор®
Датум: 21.04.2010 12:15:08
Бладата почна,но најверојатно и ќе Заврши со Апсење Доктори!Во чудо од „богатствата“на докторите и високообразованите медицински лица,иако и мама-средношколка си купи Четири станчиња!Тоа што Ѕинго ги плаќа своите „Подобни“новинари„само“4000 евра;тоа што вратари и рампаџии си изградија палати и се возат во џипови;тоа што Т��рористи,Криминалци и Неписмени влегоа во Собранието,воопшто и не е чудо!Во Земјата на Чудата е Чудно кога докторите и учените Имаат!Не се поставува веќе прашањето од каде на невкусниот Радник часовникот Ибло;од каде на Полициските шефчиња Кафеани и Палати;од каде на Средношколскиот полуписмен колумнист Мерцедес;од каде на Ѕинго цело Кратово;од каде на Маневски„реформаторот“ и Плата и Пензија и Палата...??!Прашањето е: Зошто докторите да имаат?Очигледни се Двојните аршини за „нашата“правда!Во светот,Се Апсат и „сиромашните“понудувачи на Поткупот!Тие го оствариле најголемиот бенефит(Криминал) од ваквите црнила,а не докторите!
Од: Mite
Датум: 21.04.2010 12:42:35
vo ovaa drzava, vklucuvajki ja i komunjarskata, ne veruvam deka lezel zatvor nieden doktor, sudija, advokat,politicar..duri i menadjerite gi osuduvaat uslovno ili ne se javuvaat na izrsuvanje kazna, a i ako odat tamu imaat renovirani kelii so dobri uslovi , poseti i vikendi.... .. a vo komunjarskiot sistem najstroga kazna beshe Penzioniranje, se sekavam koga otri Milicija Mito i Potkup vo SiZ za domovanje go penzioniraa glavniot..
Од: valerijana
Датум: 21.04.2010 13:46:13
jas sum za da se fatat no vistinskite vinovnici, a ne ova da ispadne uste edno show na Gruevski odnosno Jankulovska koj zgresil neka si odgovara i ednas za sekogas da se stavi red vo ovaa drzava a ne kriminalcite da se setaat po ulicite bez razlika dali se vidni doktori ili bilo koj
Од: митко
Датум: 21.04.2010 14:44:54
Ми сечини дека и оваа акција ќе биде како и претходните:,,Бачило,, Змиско око,, Пепел,, итн.Причината ја гледам во правосудниот систем на Републиката,бидејќи во сите случаеви како адвокати бранители се јавуваат исти лица:Владимир Ракочевиќ,Коцарев и сл. Само не знам како правници за каква правда се залагаат,кога сопругата на адвокатот Ракочевиќ е првиот криминалец во случајор ,,Бачило,,.
Од: Suzana
Датум: 21.04.2010 15:04:40
Cestitki za akcijata. Sega uste edna vakva akcija i da se uapsat kriminalnite investitori i graditeli na objekti, koi gi lazat i kradat cesnite gragani.

Најди! во Утрински
На прво место
ИВЗ ја обвини Владата дека ги дели граѓаните на верска основа
Ќе се ревидираат решенијата на комисиите
Извинување