Исчезнат прилепчанец пронајден мртов
ПРИЛЕП - Прилепчанецот Диме Новески (58) е пронајден мртов кај месноста Зеленик под Маркови Кули во непосредна близина на Прилеп 18 дена откако семејството го пријавило за исчезнат. Телото на Новески го пронашол планинар во неделата околу 14 часот. При увидот е констатирано дека станува збор за неидентификуван машки труп, со повреди по телото и без облека, која била пронајдена во негова непосредна близина.
„Обдукцијата покажа дека смртта настапила пред 72 часа, поради здобиени повреди изразени со прекин на ’рбетниот мозок и набиеници“, изјави Ѓоко Стрезовски, портпаролот на СВР-Битола. Телото на Новески го идентификувала неговата сопруга. (Мн.Т.) |