Богданчанец ранет со ловџиска пушка
Богданчанецот Митре Т. (48) е пренесен на лекување во скопскиот Ургентен центар, откако бил ранет со две сачми од ловџиска пушка. Митре Т. лежел во дворот од семејната куќа на улицата „Осоговска“ во Богданци, кога бил забележан од соседот. Кога и како се здобил со повредите не се знае. (Г.А.) |