Малолетник прободен со нож во Чаир
Петнаесетгодишно момче завчера било претепано и прободено со нож во грбот во близина на сендвичарница на улицата „Џон Кенеди“ во скопската населба Чаир. Според МВР, осум до девет непознати лица го нападнале тинејџерот, удирајќи го со тупаници, а кога момчето паднало на земја, еден од напаѓачите извадил нож и го пробол во грб. Полицијата не ги знае напаѓачите ниту мотивот за инцидентот. (Г.А.) |