Маневски се заинтересира за „Ореше“
Министерот Михајло Маневски ќе се вклучи во случајот со исчезнувањето на предметот за убиството во велешкото село Ореше. Како што обави „Утрински весник“, овој кривичен истражен предмет неодамна исчезнал од канцеларијата на судијата Валентин Зафиров. Министерот Маневски вчера изјави дека, како член на Судскиот совет, ќе провери што се случило со предметот. „Не е прв пат во велешкиот суд да има нерегуларности“, вели тој, најавувајќи конкретни активности на Судскиот совет. Исчезнатиот предмет се однесува на браќата Ордан и Љупчо Георгиовски, обвинети дека како платени убијци, во декември 2005 година, убиле жител на велешкото село Ореше. (Љ.С.) |