КоЈ се меша во ингеренциите НА ДРУГИОТ во управувањето со црковниот имот за коЈ со години се води судска битка во судовите?
Гордана Дувњак
Австралискиот црковен вирус зафати и двајца владици на МПЦ и се заканува да внесе раздор во Светиот синод. Владиката Петар, кој е во децениски судски спор со 12 црковни општини од Австралија, кои не се под ингеренција на матичната црква, јавно го обвини владиката Тимотеј дека се меша во туѓа епархија.
Митрополитот преспанско-пелагониски Петар, кој воедно е и администратор австралиско-новозеландски, се заканува дека за однесувањето на колегата, кој раководи со дебарско-кичевската епархија, ќе го извести црковниот врв и ќе бара дисциплинска мерка. Прозваниот владика Тимотеј не сака да ги коментира изјавите на владиката Петар, но додава дека ќе има што да каже пред членовите на Синодот, доколку дотаму дојде работата.
Владиката Петар во интервјуто за австралиското радио Илинден од Мелбурн, викендов опширно зборувал за законот за МПЦ. Во новата законска рамка тој се залага за решение, кое ќе предвиди создавање законски старател на имотот на МПЦ во Австралија. На тој начин, смета тој, конечно, ќе се надмине спорот со црковните општини, со кои се суди во австралиските судови уште од 1996 година и им се дадени големи пари на адвокати.
Во интервјуто значаен дел му е посветен и на актуелниот портпарол на МПЦ, владиката Тимотеј. Нивниот личен анимозитет одамна е јавна тајна во црковните кругови, но со последните случувања само излезе на виделина.
„Каноните велат дека ниеден владика не смее да служи и да проповеда во туѓа епархија. За служба во туѓа епархија на некој владика, и особено за верници во таа епархија, или цркви, според каноните, таквата личност треба да се расчини. Во туѓа епархија не би си дозволил да отидам и без благослов на надлежниот владика да вршам каква било служба или најмал чин без одобрение од тамошниот владика“, изјавува владиката Петар. Тој објаснува дека многу се манипулирало оти тој ја зел епархијата од митрополитот Тимотеј, но, како што додава, тоа не е вистина. Од членовите на Синодот бил замолен да ја преземе поради поделбите што настанале таму пред да дојде.
„Уште на првата седница Тимотеј рече дека ќе се меша во епархијата и оти ќе работел да ја растури. Еве, ја растура. Јас јавно апелирам и го молам да не ја растура. И тврдам дека овие луѓе надвор од епархијата се негова жртва. Тој ги манипулира и им ветува дека ќе го отстрани владиката Петар и епархијата ќе му ја даде на некој друг“, нагласува владиката Петар. Тој му испратил порака на Тимотеј да не се меша во неговата епархија за Австралија и за Нов Зеланд, и, како што вели, да не „испраќа поштари да читаат негови писма“. Вели дека владиката ја минал границата на некоректно однесување и тоа било сигнал дека ова прашање треба, конечно, се постави пред Светиот синод. Неговото инволвирање го доживува како нож в грб и најавува дека ќе се преземаат црковни правни мерки.
Владиката Тимотеј вчера во телефонскиот разговор не сакаше да ги коментира обвинувањата на Петар, но, сепак, нагласи дека е „срамота тоа што го изјавува во Австралија“.
За причините на гневот на владиката што го обвини, рече само дека се банални и неаргументирани.
„Јас само испратив писмо до нашите верници, со кои им го честитам 50-годишниот јубилеј на најстарата македонска црква ’Св. Ѓорѓија‘, која е прва основана црква надвор од Македонија, а во време кога МПЦ се' уште немаше добиено автокефалност“, истакнува владиката Тимотеј.
Тој вели дека не е никакво мешање доколку им се честита еден таков важен датум на нашите луѓе таму.
„Не сум направил ништо лошо. А, доколку владиката Тимотеј сака да го отвори ова прашање пред Светиот синод и реши да бара некаква одговорност, навистина би сакал да слушнам што има да каже. За многу работи и јас ќе имам што да го прашам“, додава на крај Тимотеј. (Г.Д.)
Neviden sram ,zbesnati od pari ne znaat so pravat
i tie se nekoi crkovni lica ,site ovie se za vo idrizovo
Од: Goran
Датум: 18.08.2010 00:53:36
Do sega gi obedinuvase omrazata kon POA, no toa ne moze da gi drzi vecno posto ne se edno, a POA si ima pozicija vo pravoslavieto, kakva takva, MPC nikakva. Ako im ja trgnes taa omraza sto gi obedinuva, a na zlo ne se gradi dobro, MPC ce se iskasaat kako kucinja. Raskolot e osuden na propast. Ova e pocetok na krajot.
Од: stevo bojler
Датум: 18.08.2010 01:13:01
I dvajcata se krivi. Gi nateraa barakja protiv brakja da se mrazat i da se tuzat. Makedonec protiv Makedonec. Potroseni se preku 15 milioni dolari na sudski sporovi. I, se resei nesto? -Nisto. Ova samo dokazuva deka ovie vladici ne se zainteresirani za Crkva, za duhovni i vosviseni nesta. Ocigledno deka samo pari i vlast gi interesira. No i ovde tie istoto go pravat i ne brukaat pred celoto pravoslavie, tuzejki go Jovana za se i sesto. Slava im!
Од: Od fakelaki
Датум: 18.08.2010 02:00:13
Bog da te cuva od hostapleri kriminalci da nee od onie od izvor kaj sto ima pari ima i hostapleri se krijat zad mantiite ali cuvajse mi lici na vraniskovski kamo da imam greska izgleda ima nekoj golemi finanseri gospo da vi pomogni....
Од: Ljubotan trade name
Датум: 18.08.2010 02:32:24
Ova go rece, Negovoto Preosveceni Timotej ,, Јас само испратив писмо до нашите верници, со кои им го честитам 50-годишниот јубилеј на најстарата македонска црква ’Св. Ѓорѓија‘, која е прва основана црква надвор од Македонија, а во време кога МПЦ се' уште немаше добиено автокефалност“, истакнува владиката Тимотеј. Negovoto Preosvestenstvo veli ,, MPC se uste nemase dobieno Autokefalnost. Preosveceni Timotej !!Kolku sto znam, MPC Nikogas nemala AUTOKEFALNOST, imase samo; LIMITED AUTONOMI,i toa Go izgubi! Za novinarkata Duvnak ; Kogaj se raboti za Crkveni Kanoni [zakoni],a specialno vo ovoj kontekst, ne se upotrebuva Ingerencja tuku ;Jurizdikcija!
Од: Тони
Датум: 18.08.2010 05:00:58
Црквата Св Горгија, онаа за која Тимотеј испраќа честитки беше продадена во 1997 без знаење и без одобрување на МПЦ. Таа црква беше од историско значење за секој македонец, зошто беше првата црква изградена надвор од Македонија. Како може владика да им честита на продавачите на македонскиот храм? Честитки за што? За заработувачката? Мислам дека тоа е единствената македонска црква која е продадена и уште да им се честита! Резил!
Од: vernici
Датум: 18.08.2010 06:13:59
na petreta im preporacuvame da prestane da laze bidejki i mravite sto toj gi gazese ke prozboruvaat za nego.
Karevski ne bese postaven za mitropolit avstraliski od sinodot tuku nie 14 mazi budali si go izbravme za nasa nesrekja i go donesovme vo avstralia, a podocna se otkaza od mitropolit i si ja samiot si klade titulata administrator po zasluga na negoviot ucenik vraniskovski......a zasto vraniskovski izbega od nasata crkva treba da se prasa karevski.
Од: Petrovden
Датум: 18.08.2010 06:17:28
Dragi makedonci koi go citate ovoj napis, odlucete koj e vo pravo, dali Petar koj nedava nikoj drug da stapne vo Australija i Nov Zeland i da cestita jubilej, ili Timotej koj predxodno bese na sluzba ovdeka i koga crkvite se formirava velese deka crkvite se na narodot. Od kade sega crkvite se na Petre, da ako petre im plati na site vernici sto platile i doprinele tie crkvi da se izgradat. Od site strani potisnati i svojot svestenik ve gazi, pa sakate nekoj drug da ne pocituva. Sramota za petar i site negovi pobornici koi napraviva razdor kaj naselenieto, koj kakao trgnalo ke pocne i da ne se kazuva deka e po poteklo od makedonija. Od 1996 god, se tuzi po site sudovi, gi razdeli ljugjeto i toj ke deli mir i spokoj. Aramija neviden e toj Petar i se krie pozadi nekoi neranimajkovci ovdeka koi preku nego gi razedinuvaat makedonskiot narod.
Од: pero magacinero
Датум: 18.08.2010 10:15:30
Ete da go obvinime petreta kako sto pisuvate,za aramilok,raskolnik,necesen pa lopov da go nareceme,no sto e so onie sto zasednale po crkvite kako odbornici,trasisisti,doverlivi lica,"patrioti" koi so godini zasednale i so bulduzer nemozes da gi isteras
poveketo od niv se nemoralni,zenskari,kockari,kavgadzii ili so eden zbor receno NERANIMAJKOVCI,GLUMAT DEKA SE NEKOI PATRIOTI i se najomrazeni vo makedonskata zaednica
Од: Лазо Стефанов
Датум: 18.08.2010 10:46:03
Реформи, реформи и само реформи во МПЦ!. Во спротивно лошо и се пишува. ќе биде одлошо полошо. МПЦ не го почитува ниту сопствениот Устав. Таму пишува дека со црквата управуваат верниците! А гледаме кој и на кој начин управува, а пак резултатите се никакви.
Од: nadidan
Датум: 18.08.2010 11:45:47
Се срамам од ваквите преставници на Бога, самобендисани и алчни за пари.Тие треба да шират љубов и само љубов меѓу луѓето а не луѓето да ги смируваат нив двајцата кој е во право или не сеедно.Дедо Стефане засучиги ракавите и види што ни се случува во нашата МПЦ-ОА? Не дозволувај да не резилат во светот ваквите владици.Нели се строги црковните канони де!!!!!!!!!!!!!
Од: Учо-Гостивар
Датум: 18.08.2010 12:02:56
Не сум запознат со состојбите во МПЦ, но од коментарите на почитуваните читатели можам да закључам дека и таму заиграла мечката.Па кој тоа го дели македонскиот народ ? Па зарем и Вие господа владици? Нели Вие треба да раборите народот да го водите по правиот БОЖЈИ пат.Ако ве следи народот вака раскарани и разединети баш ќе му го покажете правиот пат.Оставете го бизнисот оној матниот кој го води мафијата,свртетесе кон правите вредности за да Ви веруваат верниците.Вака со аферите „Изгрев“ „Сончев град“ ,продавањето црковен имот на газдите на Усје и уште кој знае колку можете да опстанете само со мешање на политиката во црквата и црковните закони каде верниците не се во можност да кажат што мислат ќе постоите самите за себе а не за верниците.Времето ќе покаже се,но се плашам да не биде доцна.Затоа секогаш трчаме по последниот вагон на последниот воз.
Од: Zagrizen vernik od Sydney
Датум: 18.08.2010 12:38:00
Dolgata tazna i mracna sudska-suetno bezobzirna
crkovna saga, za sekogas ke ostane dlaboki luzni
vo zivotot na makedonscite i nivniot ugled na pettiot
kontinent.
Ovaa bruka na maratonski preskapi procesi i procepi - nema opravduvanje.Zamisli pa uste Petar se rasfrli so izjavi, demek nikoj da ne mu
se mesal vo negovata eparhija, nebare dedovina
mu e..
Vladikata Timotej ubavo vozraka deka e doblesno
da se isprati cestitka koga si pokanet na gosti.
Од: Kliment-Ohrid
Датум: 18.08.2010 12:53:26
Grigor Prlicev ednas opeal za nekoi tugji vladici : Licem svetci srcem v"lci.. A, sega nasive se takvi REZIL.....
Од: Тони
Датум: 18.08.2010 13:21:09
Браќа Македонци, немојте да се грижите! Ние, како и секогаш за секој проблем ќе најдеме некој, кој ќе го обвиниме за кавгата помеѓу „Божјите луѓе“. Ете, ги имаме на располагање поранешните комунисти во СФРЈ, Слободан Милошевиќ, Божидар Димитров, клетите Грци... Сега репертоарот енормно е проширен. Ги имаме Цеца, српската фолк музика, бугарската фолк музика, грчките војници кои скандираат против Македонија... За катастрофалната состојба со МПЦ и моралот на народот никако не смееме да се обвиниме самите, или да ги обвиниме македонските црковни луѓе. Кај нас никој и никогаш за ништо не е виновен. Изјавите на црковните луѓе дека ќе се здружат и со црниот ѓавол, дека ќе прават унија со Католичката црква итн. не се вистина. Тоа се настани од некој друг свет, тоа е само фикција на поединци (несоцијализирани поединци со моменталната состојба во Македонија)!
Од: Игор
Датум: 18.08.2010 13:21:30
Додека има овци ќе има и волна. Одете пак оставајте пари по цркви.
Од: dedo dimo
Датум: 18.08.2010 13:31:05
Zalosno e no e vistina ,do kade ima para ima i kavga a pogotovo kaj nas Makedoncite .Vladikite se rakovoditeli na Eparhiite Vo Makedonija I nadvor po naredba na Makedonskata prvoslavna Eparhijaod Skopje .Vladikite ne gledaat koj gi pravel crkvite a sakaat da rakovodat ,toa ne e pravilno.Crkvite se narodni a Vladikite se slugi na Makedonskiot narod .Sekoja crkva si ima svoj odbor i tie treba da vodat rachunza crkvata Ali ne e losho ako vladikata znaj kolku pari vleguvaat vo crkvata i kade se troshat .Crkvite treba da plakaat procent od parite zaraboteni na Makedonskata Eparhija kakoi katolichkite crkvishto plakaat na VATIKAN.Crkvite vo nikoj nachin ne trba da se pretvoraat vo opshtini .Opshtina e edno a crkva drugo .Vo Australija toa se pravi za taka na opravdan nachi da se troshat crkveni pari ili poinaku kazano najlesen nachin da se prisvojuvaat crkvenite pari.Na edna strana go imame Vladikata a na drga Igor i kompanijata .Vladikata i Igor mora da odat pa da ima mir vo CRKVITE MAKEDO
Од: Slusajte sto vi zboruvam, ne gledajte sto pravam
Датум: 18.08.2010 15:44:36
ke stavam eden citat od pesnata Patriot od poetot Hristo Botev, ne e preveden, no se nadevam ke ja razberete negovata poraka:
И е добър християнин:
не пропуща литургия;
но и в черква за туй ходи,
че черквата й търговия!
И секиму добро струва,
само, знайте, за парата,
като човек - що да прави?
залага си и жената.