Загреб - Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер и неговото семејство ја напуштија татковината, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека Санадер во последните месеци се' почесто бил во странство и, најверојатно, го подготвувал теренот за бегство поради вмешаноста во корупциски афери.
„Индекс“ објави дека еден ден по апсењето на сопственичката на агенцијата „Фими медија“, Невенка Јурак, обви��ета за перење пари за време на мандатот на Санадер, поранешниот премиер заедно со сопругата и двете ќерки слетал на аеродромот во Лос Анџелес.
Медиумите истакнуваат дека Хрватското обвинителство првпат почнало истрага против Санадер за негова вмешаност во аферите „Хипо банка“ и „Фими медија“.
Обвинителството почнало истрага поради тврдењата дека Санадер добил 800.000 поранешни германски марки од еден од 50-те најбогати Хрвати, Мирослав Кутле, за да му овозможи да добие кредит во висина од четири милиони марки од банката „Хипо Алпе Адрија“.
Претходно „Јутарњи лист“ објави дека за време на премиерски мандат Хрватска била оштетена за 192,5 милиони евра во досега откриени 11 корупциски афери. (МИА)
Од: Blue fighter: DPMNE e copy-paste na HDZ,a Grujo na Sanader
Датум: 18.08.2010 00:23:04
Voopsto nema da bide iznenaduvanje koga nasive oduseveni kopiraci na metodite na vladeenje na HDZ ke go sledat primerot na Sanader,zasto se "brakja po oruzhe" vo sekoj pogled.I nivnoto bogatstvo e odamna smesteno na sigurno,a po pustosot shto ke go ostavat tuka ostanuva samo da molat Boga i da rabotat poposveteno na napustanje na vlasta sto pobrgu i da uzivaat vo plodovite na "specalenoto" nebroeno bogatstvo.Isto kako nivniot mentor ,koj go kupi polovina Blagoevgrad,taka i Grujo & family se idnite najbogati Cesi od "stransko poteklo".Osven,ako ne staneme pobrzo clenka na EU pa da moze da gi estradiraat nazad(nivnata borba so site sili protiv zaclenuvanjeto naogja smisla vo ova).Mozebi,ke obezbedi drugar im Ivo i za niv vo USA nekoe posigurno pribeziste.Ostanuva samo da se razoblici nivnoto pogubno vladeenje dodeka se tuka,za da nikogas povekj nikoj Makedonec ne bide izlazan od imeto VMRO ,upotrebeno veke 20 godini samo kako mamec za patrioti,na cija smetka se stanuva multi milijarder.
Од: Трпе
Датум: 18.08.2010 07:10:44
Балкан си е балкан.Корупци и подмитувања има во цел свет.Аферата која ја направил поранешниот хрватски премиер,кај нас не му е доста на еден заменик министер.Во македонски услови сумата е смешна.По завршувањето на функцијата,нашите функционери веднаш постануват обични бизнисмени.Затоа народот ке страда и ке бидеме таму,каде сме.Некои остваруваааааат
Од: Riste
Датум: 18.08.2010 09:19:39
I kaj nas nekoj veke si obezbeduvaat begstva, samo ne vo Praga ,kako sto nekoj mislat, tuku vo Kanada.
Од: coco
Датум: 18.08.2010 09:33:58
Нека си го земе и Грујо с�� другарчињата.
Се знаеше дека голтарот Санадер од 13 детно семејство кое израснало со помош на црквата, е алчен и корумпиран.
Ја искраде Хрватска, се чепатеше со богатството ала јахти, костуми, скапи ролекс часовници. Го викаа доктор Санадер, ама тој бил доктор по археологија не доктор по медицина.
Хохштаплериште од Балканска провиниенција. Само Мило Ѓукановиќ е поголем хохштаплер " capo di tuti capi", мафиозо со обвинение од Италијанскиот обвинител во Бари тешко еден тон за перење пари, шверц со цигари и дрога.
Изгледа Балканците сме криминоген народ.
Никој не ние е крив.
Од: покахонтас
Датум: 18.08.2010 13:36:13
можеме да се гордееме со сите наши досегашни (и сегашни) премиери ... за нив сеуште, никој не успеал да покрене истрага за ништо досега ... (освен за бучко, но тоа е за времето кога беше министер за одбрана)
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 18.08.2010 16:22:41
Нашиве ќе одат годинава или следната...а и кој се ќе му ја дувне?.Се копираа од таа партија...Па и ова како се мати...Може да се отвори кладилница само со тоа прашање...?