Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Посна трпеза

АлександриЈа Стевковска

Минимална храна за оптимално здравје, советуваат нутриционистите. Дали овој совет може да се примени во практиката во македонското секојдневје, каде што статистичарите пресметале дека навистина се храниме минимално, но евтино и неквалитет��о, што би значело дека со официјалната потрошувачка кошница далеку сме од оптимално здравје. Бидејќи кој може да биде здрав ако во неговото семејство од четири члена, месечно се јаде само 1,2 килограма риба, 1,3 килограма месо, 600 грама пилешки стек. За да не биде премногу строга методологијата за пресметка на месечните потреби за храна на едно семејство, замислете, дозволено е да се испие дури 13 литри млеко во тие 30 дена, 3,6 литри јогурт и да изеде 2,5 килограми кисело млеко. Целата листа на кошницата содржи можеби разновидни најосновни продукти, но во бизарни количини, кои никако не можат да го нахранат семејството, па треба да се биде вистински волшебник за да се преживее месецот, онака како што тоа го измоделирале статистичарите. Тие, пак, се потрудиле да се збогатат менито, со тоа што на сметка на поскапите артикли што се дел од листата, кои се бројат во грамови, се ставени поголеми количини од евтините артикли, како да секој ден во месецот ќе се јаде компир, грав, ориз, колку за да се залаже гладот.

Потрошувачите одамна реагираат дека Статистика сосема ги промашува пресметките за тоа што тие трошат за храна и за пијалаци, иако и луѓето кои ги прават листите на производи и сами се свесни дека е невозможно на терен месечните трошоци да бидат како оние на хартија. Секојдневјето ја демантира статистиката и докажува дека издатоците за потрошувачката кошница се многу поголеми и тоа, ако не повеќе, барем тежат колку просекот на една македонска плата, која се движи околу 20.000 денари.


#
Статијата е прочитана 1503 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan trade name
Датум: 18.08.2010 04:49:39
Zosto vo Makedonija ima najpovece Gusteri?? Vo vremeto na potopot ,znaen kako Noev Potop,vo Makedonija mnogu Krokodili doplivaa so potopot,ili pak potopot gi isfrli. A, kogaj vodata se povlece Krokodilite ostanaa na suvo vo Makedonija,So nasata ishrana -Dietalna hrana;Piperki .domati, krastavici,slivi,lubenici i so celoto drugo zelencuk i ovostie so prilagoduvane na uslovite -Darvinizmot mi pomogna,da gi razberem nasite Gusteri i,kako Krokodilite vo Makedonija evolutivno stanaa Gusteri
Од: Трпе
Датум: 18.08.2010 07:20:43
Прејаден народ е проблематичен народ.Затоа се настојува ,примањата да бидат мали во споредба со светски размери.Прејадувањето е штетно за здравјето.Само многу е интересно,како голем број од нашите функционери од стапување на функцијата ,веднаш нафрлат во килажа.Но нели тие се функционери ,може да си дозволат да ја менуват и гардеробата.Статистиката кажува,дај му на човек власт и мери му го умот.
Од: dedo dimo
Датум: 18.08.2010 13:57:04
Luge ne kazuvajte babini devetini .Za da mozite podobro da se hranite , trba cigarite da di isfrlite .Vie sakate luksuzno da ziveete ai da imate bogato sve .Starite rekle "DVE LUBENICI POD EDNA MISHKA NE SE NOSAT".Sve zapnale so cigari vusta site i staro i mlado kako lokomotivi pa shto ke vie jadenje.

Најди! во Утрински
Втора страница
Австралија ги скара владиците Петар и Тимотеј
Генерал Стојановски бара поголема поддршка за АРМ
Вербатим
Иво Санадер бега од Хрватска?