Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Изнудени оставки на Митриновски и Лимани?

Судскиот совет веќе в четврток ќе ги констатира оставките на двајцата судии што одлучуваа за тутунскиот бос Бајруш Сејдиу

Гордана Дувњак



Двајцата апелациони судии за кои Врховен суд побара одговорност поради нивното одлучување за тутунскиот бос Бајруш Сејдиу си дадоа оставка. Како што дознаваме од сигурни, но неофицијални судски извори, првиот човек на скопскиот Апелационен суд, Јордан Митриновски, се повлекува од претседателската функција, но останува судија, а неговиот колега кривичар, Исмаил Лимани, си заминува од судството. Како официјална причина за двете повлекувања е наведена вообичаената формулација „здравствени проблеми“.

Претседателот на скопска Апелација, Митриновски, вчера ниту ја потврди ниту ја демантираше оваа вест, нервозно одговарајќи дека во овој момент „не сака да коментира ниту, пак, да дава никакви изјави“.

Според информациите на „Утрински весник“, двајцата апелациони судии оставките ги доставиле до Судскиот совет уште минатиот четврток, на крајот на работното време. Во нив немало никакво објаснување за мотивите, освен дека тоа го прават од здравствени причини.

Веќе в четврток нивните оставки ќе бидат ставени на дневен ред на седница на Судскиот совет, каде што ќе нема гласање, туку само ќе бидат констатирани. Најверојатно, уште истиот ден ќе биде назначен и вршител на должност претседател во скопска Апелација. Многу е веројатно на истата седница да бидат донесени одлуки за објавување два нови огласа: за претседател на судот, како и за пополнување на двете испразнети судиски места. Едното што остана непополнето со последниот оглас, а второто, по оставката на Лимани.

Во судските кругови, во кои вчера проструи веста за повлекување на двајцата апелациони судии, ова се толкува како последен удар на власта за ставање под целосна контрола на второстепениот суд. Хајката против скопска Апелација почна уште многу одамна, а се засили по укинувањето на неколку крупни пресуди за корупциски скандали како што беа „Тајвански кредити“, „Змиско око“, „Југ“ 1 и 2... Кулминацијата беше достигната со ставањето надвор од функција на цел Кривичен совет од овој суд и разрешувањето на двајца од петтемина судии што одлучуваа за турскиот државјанин со двојно државјанство. По иницијатива на министерот за правда, Михајло Маневски, прво беше побарано разрешување на претседателот на едниот од кривичните совети, Виолета Дума, кон која, како што се тврдеше, тој и неговата сопруга Филимена имаат силен личен анимозитет. Но, по барање на претседателот на Судскиот совет, Васил Грчев, одговорноста беше проширена на сите петмина члена на советот, за на крај „стапот да го изедат“ спомнатата судијка и судијата-известител, Владо Џилвиџиев. Тогаш, од разрешување се спаси судијата Исмаил Лимани, но тој беше повторно прозван на одговорност за друга своја одлука. Имено, тој заедно со Митриновски, како член на тричлениот Кривичен совет, гласаше позитивно за замена на притворот со куќен притвор засилен со гаранција во вредност од 1,4 милиони евра. Но, по иницијатива на Јавното обвинителство на Македонија Врховен суд го усвои барањето за заштита на законитоста и го укина неговото решение како неосновано.

Цело ова време Лимани не се појави во јавноста, иако Митриновски тврдеше дека неговиот став го дели и посочениот судија. Според наши информации, Лимани порано работел како судија во Основниот суд во Куманово, а во второстепениот суд е избран со генералниот реизбор во 1996 година. Порано работел на стопански спорови, а од 2006 година во кривично. Индикативно е тоа што одлуката за заминување од судството ја носи само една година пред пензија. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 1583 пати.

Испрати коментар

Од: srebre
Датум: 21.12.2010 12:21:27
kakvi se ovie sudii koi go krsat krivicniot zakon....iako nesum za vmro ama za ova postapke se vo pravo vakvi sudii mora da se otstranuvat pa ako treba i vo corka..ocigledno e deka se korumpirani....
Од: zoro
Датум: 21.12.2010 12:45:56
Криминал тежок 8 мил. евра, еден градоначалник обвинет, по брза постапка аболициран од прецедателот, своевремено. Истите сега се токмат на власт да дојдат повторно, па ние што може да очекуваме повторно од нив двајца?!?! Случај тенковски делови, од тројца обвинети, еден го признава делото, судијката Дума вика џабе признаваш, не си крив, деловите се купени и стопени и никому ништо, судијката е разрешена, пастирот е крив за се, Бучко е најважно слободен. Случај Бајруш, орагнизиран криминал, пресуда донесена од 4,5 години, Лимани и Митриновски го пуштаат да се брани од дома, т.е. од џакузито. Нормално пастирот е крив повторно. Судииве работеле под притисок?!?!
Од: забеган.
Датум: 21.12.2010 12:50:41
Овој ли е судија на кадрово???????????.Го глеав на една телевизија плачеше.Сега немал што да изјави.Затоа не не бива абре застани МАШКИ па и ако треба земај социална помош.Не вака да паѓаш толку ниско.
Од: zoran
Датум: 21.12.2010 14:38:09
ocigledno ministerot manevski resil site sudii koi ne se mu po volja da gi smeni
Од: Graganka
Датум: 21.12.2010 15:14:27
Imate li vie pamet kakvi komentari davate? Sudiite mu go zamenile zatvorskiot pritvor so domashen pritvor. Samo vo Makedonija se davaat beskonecni pritvori na luge. Pa, necovecki e koj i da e da sedi so meseci vo pritvor. Asanz, koj saka da go sudi cel zapaden svet beshe osloboden od pritvor posle nekoku dena, a ne Bajrush koj ke trebashe da sedi doma pod policiska kontrola.
Од: mark DO ZABEGAN
Датум: 21.12.2010 15:30:59
Zabegan e ova e kadarot na GUJO i DPMNE utre neka nete cudi koga i komandirot na ALFITE so SSS bez nikakvo iskustvo ke naredi tepajte sve sto ke vi izleze na patot e toa e DPMNE toa e patriotizam toa e prerodba.
Од: Objektiven
Датум: 21.12.2010 17:00:26
Sto e mnogu, mnogu e! Edinstveni institucii koi ne bea pod kontrola na premierot bea Ustavniot i Apelaciskiot sud, no, toj uspea da gi ,,sredi,, i niv! Ne samo sto go sredi pretsedatelot na US, tuku i go proglasi kako edinstven kodos vo drzavata! E, sega so pomos na ,,bracniot par,, uspea da gi stavi vo svoite kandzi i sudiite od Apelacija koi kako taka dosega se sprotivstavuvaa na diktatot na premierot i ,,bracniot par,,! Neka ni e Gospod na pomos!
Од: karokan "gambit"
Датум: 21.12.2010 18:28:12
Ne mi e jasna poslednata recenica od tekstot" Indikativno e toa sto odlukata za zaminuvanje od sudstvoto ja nosi samo edna godina pred penzija". Se prasuvam sto tuka ima indikativno,na sto "indikativno" celela avtorkata na tekstot. Pa bas zatoa sto ima uste godina dena do penzioniranje,nema ama bas nisto indikativno vo takvata odluka,tuku sosema logicka pricina. Vsusnost vo predposledniot pasus od tekstot avtorkata indirektno gi naveduva pricinite (okolnostite) za edna takva,sosema razbirliva. Treba da dopusti so tolkav staz i 63 god. vozrast da mu bide blateno imeto po raznite javni i drugi (ulicni) kuloari.!!!
Од: Bogomil
Датум: 21.12.2010 22:28:44
SSto drugo im ostanuva, posebno na prviot ccovek na Apelacioniot sud, koj occigledno ke mine eftino. Go svi opassot, zassto valkanicite mu se isklu;ivo krajno sstetni za sudstvoto, koe vo mnogu segmenti e neverojatno iskompromitirano. Za takvi metlata e najrealnata kazna. Prostosmrtnite za minorni greski ostanuvaat bez rabotnoto mesto i stanuvaat socijalni sluccai. A nassite sudii imaat debel sloj puter vrz glavata i ni top ne gi bie...

Најди! во Утрински
На прво место
Тивкиот претседател и мудроста - молчењето е злато!
Челникот на Апелација јавно говореше за притисоците
Судството и медиумите недоволно соработуваат
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks