Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Судството и медиумите недоволно соработуваат

Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија и со поддршка од Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ-фондација) вчера се одржа семинар на тема „Право за слобода на информирање“.

„Во овој момент впечаток е дека недоволно соработуваме едни со други. Ако недоволно соработуваме значи дека и недоволни информации се прелеваат од една страна на друга или тие се прелеваат на начин што не ги задоволува интересите на судството“, изјави Николчо Николовски, судија на Врховен суд и претседател на Здружението на судии на Република Македонија.

Според него, правото на слободно информирање, само по себе, треба да изгради релација меѓу судовите и новинарите, која ќе овозможи во јавноста да се слушне за состојбите во судството на, како што рече, многу пообјективен и реален начин.

Николовски рече дека секој новинар што пристапува во разговор или во коментар на судска одлука или во некој контекст го конотира судството и судската фела мора да биде компетентен за тоа. Судијата и директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска, изрази надеж дека соработката ќе биде добра и конструктивна со цел, како што рече, да се подобрат односите меѓу судството и медиумите.

Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари, рече дека новинарите се незадоволни од соработката со судството.

Според него, соработката меѓу медиумите и судството треба да се заснова врз процена што заеднички ќе се направи, врз база на почитување на слободата на говорот, а посебно колку судовите го почитуваат Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 212 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
На прво место
Изнудени оставки на Митриновски и Лимани?
Тивкиот претседател и мудроста - молчењето е злато!
Челникот на Апелација јавно говореше за притисоците
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks