Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
На прво место

Челникот на Апелација јавно говореше за притисоците

Судијата Митриновски на претседателската функција дојде пред околу три години, на местото на Дума, која една година беше в.д претседател. Има шеесет години, а со судиска работа се занимава 38 години. Пред да дојде во Апелациониот суд работел како кривичен судија во поранешниот воен суд, што беше укинат во 1996 година. Важеше за човек близок до владејачката партија, што и самиот го призна неодамна кога кажа дека токму министерот за правда, Михајло Маневски, го претставил пред премиерот, Никола Груевски, како искусен и добар правник. Како што самиот изјави неколку пати, неговите проблеми почнале кога брачниот пар Маневски побарал од него да ја смени судијката Дума од кривично и да ја префрли на друга материја - прекршочно, што тој не го направил. Митриновски целосно застана зад Кривичниот совет што одлучуваше за турскиот државјанин, а јавно говореше и за притисоци врз судот со кој раководи. Не знаеме колку во ширењето на негативниот одиум кон Митриновски има врска и тоа што тој е во кумовски врски со лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Судскиот совет цело ова време се обидуваше да го претстави Митриновски, попознат како Јоцо апелација, како неспособен менаџер на судот, давајќи му единица при годишното оценување на судии, што потоа беше коригирано на двојче. Жестоко се спротивстави на одлуката на Врховен суд за Сејдиу, тврдејќи дека со колегата донеле законска пресуда, а „нестручноста, несовесноста е на друга страна“. Остро ги демантираше шпекулациите дека зел пари за да донесе таква одлука. Но, само еден ден подоцна, веројатно под нечиј притисок (не кажа од кого ), целосно ја смени изјавата и тоа во момент кога експертите застанаа зад него. Митриновски драстично ретерираше и самиот излезе во јавноста со тврдење дека Врховен суд донел законска одлука. „Ние сме понизок суд и должни сме да ја почитуваме одлуката на Врховен. Кривичниот совет на Апелацискиот суд целосно ќе ја почитува одлуката, а тоа што го кажав беа мои лични ставови. Не можам да образложувам сега детали“, изјави тогаш Митриновски. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 784 пати.

Испрати коментар

Од: hahah
Датум: 21.12.2010 16:45:54
haha lele sram treba da vi e ova e sramota drzavata raboti so droga i nikomu nisto a toj so cigari i ajde na sud ajde tamu
Од: јас (Прилеп)
Датум: 21.12.2010 18:36:48
Абе нема мажи во оваа држава !! Денес лае ли лае , а утре ја свиткал опашката и квичи ли квичи...

Најди! во Утрински
На прво место
Изнудени оставки на Митриновски и Лимани?
Тивкиот претседател и мудроста - молчењето е злато!
Судството и медиумите недоволно соработуваат
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks