Се проценуваат штетите од невремето во Прилеп
Општинската комисија за процена на штети вчера беше на терен за да го подготви извештајот за штетите предизвикани од невремето што го зафати Прилепско во понеделникот. На терен беа и екипи од локалната самоуправа, од ЈП „Водовод“ и од „Комуналец“, кои, меѓу другото, почнаа со санација на улиците и чистење на шахтите.
Според Мишко Ристески, претседател на Општинската комисија прво се прави процена на раскопаните улици и на штетите направени по урнатите потпорни ѕидови. Тој информираше дека досега 65 домаќинства пријавиле штети во домовите, а пријавени се и штети на земјоделски површини, пред се', со тутун.
„Штети и тоа на површини, главно, со тутун пријавија 60 семејства во близината на градот и на селото Селце. Првичната процена е дека се направени штети од 60 до 70 отсто“, објаснува Ристески.
Граѓанит�� ќе можат до петок да поднесуваат пријави за предизвикана штета. Во меѓувреме, треба да се санира и патот кон селото Волково, кој беше непрооден и многу оштетен од невремето. Најголеми штети, односно поплавени и раскопани улици, урнати потпорни ѕидови и поплавени домаќинства имаше во прилепската населба Рид.
За време на завчерашната посета на Прилеп, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Зоран Коњановски, побара извештајот со направените процените за штетите веднаш да се достави во Владата. (МИА) |