Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Сега немаме, утре ќе платиме!

Кочанските земјоделци во континуитет му должат 42 милиона денари на водостопанското претпријатие „Брегалница“

Иван Бојаџиски

Штип – „Сега немаме, утре ќе платиме“, е одговорот што најчесто го добиваат луѓето од водостопанското регионално претпријатие „Брегалница“ во Кочани при обидите да извршат наплата за потрошената вода од страна на две илјади водокорисници. Земјоделците во континуитет му должат на претпријатието околу 42 милиона денари, а многубројните мерки за да се подобри наплатата не го даваат посакуваниот резултат. Обидот да се одложи плаќањето се „гарнира“ со ветување дека сметките ќе се намират во целост кога ќе се собере родот, а кога тоа и ќе се направи, сепак, мал е бројот на земјоделците што ја исполнуваат оваа обврска.

Горан Зашов, директор на ВП „Брегалница“, вели дека решенијата што ги применувал со блокада на сметките на водните заедници и исклучување од водоснабдувањето не дале резултат. Три водни заедници „Цепенишко поле“, „Кочани“ и „Оризово поле“ од Крупиште кај Штип се во стечај.

„Како регионално претпријатие правиме се' водата да дојде до сите земјоделци од Кочанско, Штипско и Светиниколско. Пролетва саниравме добар дел од магистралните канали и од деталната каналска мрежа, со цел водата да ја донесеме до корисниците со што помали загуби. Правиме се' што е во наша моќ ниту педа земја опфатена со системот да не остане без вода, но ако добар дел од корисниците продолжат да ги игнорираат своите финансиски обврски, ќе мора да примениме поригорозни мерки“, вели Зашов.

Во почетокот од годинашнава наводнителна сезона во браната „Калиманци“, која е најголема во југоисточниот дел на Македонија имаше акумулирано 115 милиони кубни метри вода. Вистинско богатство за плодните ниви во општините Кочани, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. За првпат по долг период годинава е надмината границата од 7.000 хектари што се наводнуваат со водите од системот. Зашов тврди дека вода има и повеќе отколку што е неопходно до крајот на сезоната, бидејќи во „Калиманци“ моментално има над 80 милиони кубни метри вода. Водостопанското претпријатие дневно им испорачува по 1,5 милиони кубни метри вода на земјоделците од зафатот кај Истибани, Виничко, до нивите во атарот на општината.

За ова подрачје од посебно значење е фактот дека оризот годинава е во одлична состојба. Временските услови и изобилството вода, барем засега, ветуваат богат и квалитетен род. Во добра состојба се и другите земјоделски култури како што се луцерката, пченката и овошните насади, кои, благодарение на субвенциите, се' повеќе ги има на овој простор.

Овој крај изобилува со многу сончеви денови, има квалитетна почва и голем систем за наводнување, чиј десен магистрален канал ја води водата на оддалеченост од 101 километар, до нивите во Каратманово, близу Велес.

„Уште земјоделците да сфатат дека намирувањето на обврските е во нивна корист, тогаш навистина сите би биле задоволни од тоа како се развива аграрот во овој наш крај“, вели Горан Зашов.


#
Статијата е прочитана 1536 пати.

Испрати коментар

Од: bitola troa skolovan
Датум: 04.08.2011 09:06:23
Pa neli sme agrarna drzava neli vladata e zemjodelska,neli subvencii isplativme 100 milioni evra neli gi izglasvme za uste poveke da ni dadat parii taka natamu. Staraizreka e:Od seljak beg ne biduva , a i ako e ne go lici.
Од: edno dete
Датум: 04.08.2011 18:30:24
pak da glasate za dpmne mozi od nekoj spomenik ke izvira voda za vas zemjodelcite. sto li si mislevte deka so 100 evra sto vi gi dadoja za da glasate ke vi gi resat problemite. e toa e selani moi mili zatoa nikogas nema da imame drxava

Најди! во Утрински
Македонија
Голем интерес за дивоградбите
Се проценуваат штетите од невремето во Прилеп
Резервоар за вода во Дебреше

"""