Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Преку јапонски цреши до споменикот на Ченто

Малиот плоштад спроти бивш „Ловец“ од вчера остана без трафиките и такси-станицата, но не наменски, не за да се постави споменик, туку за да се изгради пешачка зона. Така тврдат од Општината Центар, по чиј налог од вчера потегот го окупираа багери и други градежни машини. Од изутрината турбо ги раскопуваа тротоарите и коловозот на улицата „Никола Вапцаров“, а уништени за миг беа и шесте паркинг места каде функционир��ше зонско паркирање.

Општинарите информираа дека го подготвуваат теренот за нова комбинирана пешачка зона кон плоштадот која првенствено ќе биде препознатлива по дрворед од јапонски цреши, како тие на улицата „Максим Горки“. Предвидено е целата улица да го смени сегашниот лик, и од цвеќарско уредување и од урбанистички аспект. Ќе биде поплочена, пешачка зона со природен гранит со дебелина од 6 сантиметри, а коловозот ќе биде прекирен со природни гранитни коцки. На улицата ќе има и нови дрвореди, како и клупи за седење, жардиниери и компелтно ново осветлување. „Улицата ќе добие целосно нов лик, а тоа е и намерата со проектот за пешачка зона, која е повеќе од потребна во овој реон. Такси-станицата и киосците нема да бидат вратени, но нема да се постави ни споменик на нивно место, иако така се шпекулира во јавноста“, рече вчера Лидија Неделковска од кабинетот на градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 1433 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 05.08.2011 00:16:45
Mozda e dobro toa sto go pravat, ama ovaa vlast se sto pravi pravi skrisum. Se secavam vo socijalizmot bar za ova imase transparentnost. Proektite za obnova na gradot od Kenzo Tange bea javni i odnapred poznati. Sega se nesto se krie.
Од: aco
Датум: 05.08.2011 09:20:10
Pocituvan Pejo, proektot na Kenzo za cel grad go sporeduvas so asfaltiranje na eden trotoar i ulica. Sekoja cest. Posle genijlanata sporedba navistina krjano vreme e da se vratime vo komunizmot!
Од: vlado
Датум: 05.08.2011 09:55:14
Taka e Pejo moze i se krie ama rezultatot e ocigleden i vidliv.
Од: pozitivnite primeri treba da se sledat
Датум: 05.08.2011 11:22:35
Drago mi e shto trgnaa po tragite na Miroslav Grchev, gradonachalnikot na Centar, koj prv gi zasadi creshite. Toj zasadi i drugi drvja vo centarot no za zhal, povekjeto, gragjanite gi iskrshija.
Од: Bojan
Датум: 05.08.2011 22:11:23
Ideata e mnogu dobra, i kje ja oblagorodi taa ulica koja e ruinirana, samo da ne se zavlece kako i site proekti niz gradot. DObro kje bide i da se stavi malce red vo reklamite sto visat po dolzinata na ulicata. Isto, mozese i nekoj od spomenicite od plostad da se premesti ovde: smizlite, vljubenite, drvoto, koi ne odgovaraat povekje tamu so ogled na toa sto golemite spomenici na plostad se ogromni i na istoriski licnosti.

Најди! во Утрински
Скопје
Стаса фалангата на Александар
Реонски центар се дави во прашина
Привремен режим на „Даме Груев“
Продолжува проширувањето

"""