|
|
Продолжува проширувањето
Булеварот „Илинден“ од вчера се проширува во насока на Карпош. Со тоа продолжува реализација на проектот за реконструкција и проширување на булеварот до бензинската пумпа на „Макпетрол“. Предвидено е за два месеца потегот од раскрсницата со булеварот „8 Септември“ до бензинската пумпа да добие плус две ленти широки по 3,25 метри, една дополнителна лента за свртување в лево и велосипедска патека широка 2,5 метри. Градските власти информираат дека раскрсницата на булеварот „Илинден“ со улиците „Бледски договор“ и „Борис Трајковски“ ќе биде семафоризирана. Градежните работи ги изведуваат екипите на ЈП „Улици и патишта“. (Дс.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 845 пати.
|
|
|
|
|
|
|