Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Реонски центар се дави во прашина

Покрај новата населба во Нови Лисиче, се' уште боде очи прашливиот и запуштен земјен простор

Бојан Шашевски

И по четири-пет години откако започна да се населува и урбанизира реонскиот центар во Ново Лисиче, на влезот во комплексот од згради и деловни простори покрај булеварот „АСНОМ“, близу новата пошта боде очи прашлив и необјасниво запуштен земјен простор. Кога ќе заврне, целата нерамнина плива во кал, а кога е суво, пак, ветерот создава магла од прашина. Насекаде има раскопани површини и едно чудо пластови земја. На нечистиот простор пред минитрговскиот центар каде што функционираат маркетите „Тедико“, „Кам“ и игротеката „Би хепи“ може да се забележи и една огромна дупка, за која локалните дуќанџии и жители велат дека само оние што ја знаат може да го спасат автомобилот од влечна служба.

Граѓани од населбата посочуваат дека запуштениот простор пред трговскиот се користи и како паркинг, како илегален пазар за камионџии, но и како стојалиште за диви таксисти. За решавање на проблемот, жителите се обратиле до Општина Аеродром, постојано разговараат и со дуќанџиите, но се чини дека сите само си ја префрлуваат топката, а локацијата повторно останува нечепната.

„Неасфалтираниот и запуштен простор создава грда слика за една населба со урбан предзнак. Не ми е јасно како локалните власти тапкаат в место со години и не се најде некој да го среди местото да заличи на нешто. Да не зборуваме за безбедноста на граѓаните во вечерните часови. Нерамниот простор и длабоката дупка веќе искршија неколку автомобили. Во неа може да влезе цела предница заедно со тркалата на возилото. Дупката е обрасната со трева, во внатрешноста има ѓубре, а околу неа никаква сигнализација или предупредување“, се пожали Антонио Глигоровски, жител од Ново Лисиче.

Тој објаснува дека граѓаните интервирале и до општинскиот граѓански центар, но целата работа само се одложува и никој не сака да се организира да го реши проблемот.

Од Општина Аеродром ни рекоа дека на таа локација, според Деталниот урбанистички план се предвидува изградба на сервисна улица. „Нејзината реализација ќе се спроведе откако ќе влезе во програмата за работа на Општината. Градежните парцели пред објектите треба да ги уредат самите сопственици или корисници, додека Општината, во конкретниот случај е надлежна за делот каде што ќе се гради улицата“, информираа од Секторот за односи со јавност на Општина Аеродром, наведувајќи дека ќе се чека на измените во ДУП-от, по што треба да се почне со изградба на предвидената улица.

Дотогаш, се чини, дуќанџиите од трговскиот центар ќе треба сами да го израмнуваат и да го чистат просторот, но и да си набават песок да ја закопаат дупката.


#
Статијата е прочитана 912 пати.

Испрати коментар

Од: alek
Датум: 05.08.2011 09:11:03
Sekoja cest sto nekoj konecno se seti da napise za drugata strana na reonskiot pokraj postojanite najavi za novi proekti i slikanja od frlanja lopati. Sigurno ne dojdovte do Tediko peski po bulevarot i ne vidivte deka na ovoj del od Bul. Video Smilevski- Bato nema trotoar pa pesacite odat po kolovoznata lenta. Se nadevam deka ne daj boze nama da ima potreba nekogo da zgazat za da se napravi trotoar. Ke bese odlicno pri posetata da ja videvte i divata deponija i divata romska naselba koja e na 500 metri od lokacijata za koja pisuvate, a na koja postojano se trupa sut, se palat plastiki, setaat konji i se razbira se siri nepodnosliva rea od nuznicite na otvoreno. Zgora na se toa e verojatno ednistveniot del od aerodrom na koj nema ulicno osvetluvanje, trotoari i za da dojdete pred zgrada mora da vrtite cel kilometar oti nekoj ne gi napravil servisnite ulici, a koga ke sakate da parkirate nema parking. Se razbira najdobrata opstina na sevo ova ima ima izgovor deka ne bil gotov dupot.
Од: goce
Датум: 05.08.2011 10:17:08
za ova ste vo pravo,ali malku podole ul.gavril konstantinovic e cela godina raskopana i vo kal

Најди! во Утрински
Скопје
Стаса фалангата на Александар
Преку јапонски цреши до споменикот на Ченто
Привремен режим на „Даме Груев“
Продолжува проширувањето

"""