Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

МНТ со „Женидба“ ќе одбележи 200 години од раѓањето на Гогољ

Македонскиот народен театар со претставата „Женидба“ се придружува на светското одбележување на двестегодишнината од раѓањето на рускиот писател и сатиричар Николај Василевич Гогољ, значаен во историјата на светската драматургија од кого учеле познати книжевни имиња, а чии пиеси, како „Ревизор“ и „Мртви души“, се предизвик за многу режисери и неодминливи за сите академии.

По повод одбележувањето на овој јубилеј на сцената на МНТ, вечерва ќе гостува Битолскиот народен театар, со Гогољевата „Женидба“, во режија на Лилија Абаџиева од Бугарија. Истовремено е предвидено во просториите на МНТ да биде поставена и изложба посветена на Гогољ, реализирана во соработка со Здружението на Русите во Македонија „Чајка“.

Актерите го сакаат Гогољ, вели директорот на МНТ Сашо Миленковски, зашто неговите ликови се совршено извајани карактери. Гогољ е наследство на целиот свет и ги надминува границите, без оглед на тоа што постојат убедувања во две насоки во поглед на тоа дали тој е Русин или Украинец. Годишнината од неговото раѓање не е важна само за Русија, а за тоа говори и фактот што УНЕСКО ја прогласи 2009-та за година на Гогољ.

Елена Силјанова, претседателка на „Чајка“ и раководителка на Руската читалница во НУБ „Св. Климент Охридски“, претставувајќи ги содржините кои ќе може да се погледнат на изложбата, рече дека „ќе биде претставен сиот материјал поврзан со претстави од авторот одиграни во сите македонски театари. Изложбата не е голема, потенцираше Силјанова, но е носталгично потсетување на неговото творештво. Таа ќе биде кратка ретроспектива на сите претстави, нивните плакати и датумите кога биле изведени на сцените во Македонија.“

Идејата за поставувањето на изложбата во чест на Гогољ е реализирана во соработка со режисерката Наташа Поплавска која, како што рече, и самата половина Русинка сакала да придонесе за големиот настан. Здружението „Чајка“ јубилејот ќе го чествува во текот на целата 2009-та со други активности кои, како и овој, ќе бидат поддржани од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. (К.Р.)


Статијата е прочитана 105 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
И годинава репризи на „Мајски оперски вечери“
Се запали покривот на Македонската опера и балет
„Табернакул“ ќе ја објави „Црна Атена“
Почина Морис Жар