Број 2950  вторник, 31 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Табернакул“ ќе ја објави „Црна Атена“

Книгата на Мартин Бернал, кој ќе присуствува во Скопје на Саемот на книгата, предизвика голем број дебати и полемики

Деновиве на македонски јазик во издание на „Табернакул“, ќе може да се набави книгата „Црна Атена: Афроазиските корени на класичната цивилизација - том 1. Фабрикацијата на античка Грција 1785-1985“ од Мартин Бернал. Официјалната промоција на делото, како што информираат од „Таберанкул“, со присуство на авторот Мартин Бернал, ќе се одржи во рамките на Саемот на книгата на 9 април, а два дена пред тоа, професорот Бернал ќе одржи предавање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Црна Атена“ првпат е објавена во 1987 година и тоа е книга, која како ретко која друга, последните дваесетина години предизвика толку многу научни дискусии, дебати, полемики и која ја разбранува научната јавност како во САД, така и во Западна Европа. Всушност, мегапроектот „Црна Атена“, предвиден да биде тетралогија (досега се објавени три тома, четвртиот се очекува да се појави наскоро), привлече неверојатен интерес и предизвика објавување на редица други томови.

Еминентниот научник Мартин Бернал, како што вели самиот, втората половина на својот живот ја посветил на проектот „Црна Атена“ во кој со научни факти и аргументи дава одговор на прашањето за потеклото на античка Елада, нејзината историографија и историја. Бернал поставува две објаснувања за потеклото, што ги нарекува антички и ариевски модели. Токму затоа многу научници и критичари, уште во средината на осумдесеттите години на минатиот век, појавувањето на „Црна Атена“ го ставија во контекст на академската борба меѓу таканаречените афроцентристи и евроцентристи. На изјавите на критичарите дека Мартин Бернал со неговата „Црна Атена“, всушност, се ставил на стра��ата на афроцентристите, тој го спротиставува тврдењето дека културните и цивилизациските достигнувања не доаѓаат од само еден центар во светот или од еден континент, туку од повеќе страни.

Треба ли во ваква ситуација да се поставува прашањето зошто грчкото издаваштво и култура воопшто, до денес не најдоа сила и доблест да ја објават оваа книга на својот јазик. Одговорот бездруго се содржи во студијата на Мартин Бернал според која и во античко време елинската цивилизација била мултикултурна, како што и денес целиот Балкански Полуостров е мултикултурен. Со други зборови тоа значи дека народите на овие простори отсекогаш се мешале и дека никој нема ексклузивно право на антиката, или поинаку кажано, тоа право го имаат сите подеднакво!

Значи, доколку и во античко време Балканот бил мултикултурен, а според неоспорните факти објавени во „Црна Атена“ се потврдува дека бил, природно се наметнува и прашањето: кој и зошто би имал право на ексклузивитет врз цел еден период, исклучувајќи ги сите други племиња и народи?! Или: зарем може, туку така без трага, да исчезнат Венетите, Пелазгите, Етрурците, Сарматите, Скитите и Аварите, како и ред други племиња што постоеле, владееле и создавале, со апсолутни докази од материјалната, духовната и општествената култура, а притоа да останат само тие што ни се познати како Елини, денес Грци?! Така, произлегува дека конструкцијата елинска или грчка култура и цивилизација е чиста фабрикација на германско-виенската школа, којашто Мартин Бернал успешно ја демистифицира и деконструира.

Благодарение на „Табернакул“ една вака значајна книга се објавува и на македонски јазик и може да биде достапна на сите што се во потрага по вистината и суштината на тезата за мултикултурноста на балканските простори од антиката до денес, наспроти наметната имагинација за чиста и цивилизирана Грција. Досега постојат девет преводи на првиот том на „Црна Атена“: пет на европски и четири преводи на азиски јазици. Македонскиот превод е десетти, но прв на словенски јазик и прв на некој од источноевропските јазици воопшто. (Н.П.)


Статијата е прочитана 306 пати.

Испрати коментар

Од: Velimir Cvejic
Датум: 31.03.2009 09:15:39
Ne samo na osnov na naucnite istarzuvanja i teorijata na Bernal, tuku pred se na naucnite dokazi na postoenjeto na Vinchanskata civilizavija i deshivrovanjeto na vinchanskoto pismo, od strana na profesorot Pesic, vo sedumtesedtite godini od minatiot vek, poradi sto stanal redoven profesor na Unuverziteti vo Milalno i Vienaa, a gostuvase vo Ljubljana, e dokazano deka toa pismo e najstaro vo svet, so koj se sluzele Venetite, dikrektni potomci na starite Sloveni. Duri vo 2001 godina bese svikan Svetskiot kongres na antroplozite vo Ljubljana, koga zemaa ucestvo site najznacajni akademii vo svetot, a najvazno e sto bea prisatni naucnicite od zemjite koji sto ja unistuvule slovenskata istorija, a sega priznaa pred svetskata javnost deka prvite i najstarite civilizirani narodi na Evropskiot konitinet bile perdci na Sovenite. Izvestaj od odrzaniot Kongres dva pati sum go objavil vo makedonskito pecat, no ne i vo Utrinski, poradi toa ke go ispratam do urerdnikot da go objavi, ako saka.
Од: kati
Датум: 31.03.2009 11:00:52
Koga ke naucat novinarite edno osnovno pravilo: koga se pisuva za prevod na nekoe delo da se napise imeto na preveduvacot na toa delo

Најди! во Утрински
Култура
И годинава репризи на „Мајски оперски вечери“
Се запали покривот на Македонската опера и балет
Почина Морис Жар
МНТ со „Женидба“ ќе одбележи 200 години од раѓањето на Гогољ