Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Македонија

Сончевград се „гради“ во судови

Инвеститорите од Израел досега три пати отворале предмет пред Управен суд и еднаш пред Уставен

Деспина Трајковска

Грандиозниот израелски проект, Сончевград, вреден над 100 милиони евра, наместо да ги одбројува месеците до сечење на црвената лента, се' уште се гради, ама по судови. Во наредниве два месеца Уставен суд, очигледно, ќе ја реши неговата судбина, додека празното земјиште во Сопиште ќе сведочи за изминати повеќе од две години со непреземени конкретни активности за изградба на миниградот.

Од израелската компанија „Сан сити“ веќе подолго време нема ни трага ни глас, иако завчера крена прав со иницијативата Уставен суд да ја испита законитоста на Деталниот урбанистички план на предметната парцела. Јавноста останува без директно објаснување и за трите предмети што ги отвориле од „Сан сити“ пред Управен суд во изминативе две години, во својство на тужител против државата. Неофицијално, никој од компанијата веќе извесен период не се наоѓал во Македонија, а правните застапници, пак, не сакаат да коментираат за случајот.

Наводно, израелските инвеститори, всушност, сега купуваат време, оти констатирале дека климата во државава за проектот била несоодветна, а истовремено, се' уште е актуелна и економската криза.

И не само што со проектот сега се зафатија уставните судии, кои до епилогот забранија секакви активности на локацијата во Сопиште, туку и од Управниот суд вчера потврдија дека и тие работеле на случајот.

Всушност, „Сан сити“ во 2008 година и во два наврата лани ја тужеле државата. Официјално, сите три случаи во Управниот суд се затворени, но надлежните вчера не беа во состојба да информираат за деталите. Инаку, поранешниот градоначалник на Сопиште, Љупчо Мицковски-Кец, во чие време е усвоен ДУП за предметниот проект, ги отфрла обвинувањата дека планот бил донесен незаконски, што допрва ќе го испитуваат уставните судии. Кец не чувствува никаква одговорност, бидејќи, како што појаснува, ДУП-от би нарачан од Владата, го изработила Државната агенција за урбанистичко планирање, а била организирана и јавна анкета, за што преку медиумите Општината навреме ја информирала јавноста.

„Мое лично мислење е дека проектот се искомпликува речиси уште од почетокот, бидејќи она што беше обврска на државата, не се изреализира. А, очигледно, имало и други проблеми. Сметам дека свесно се создадоа проблемите со изградба на водоводот, а нејасно е зошто не се започна со изградба на пристапниот пат до локацијата, што беше обврска на Министерството за транспорт и врски, за што дури беа издвоени и средства во програмата на Фондот за патишта“, вели поранешниот градоначалник на Сопиште и потенцира дека им стои на располагање на надлежните институции да приложи докази оти урбанистичкиот план бил спроведен согласно со сите законски рамки.

За случајот вчера немаше никаква реакција од Министерството за транспорт и врски. Единствено завчера министерот Миле Јанакиески рече дека Министерството ќе ја испочитува конечната одлука на уставните судии. Конкретно, пак, за законитоста на урбанистичкиот план, кој, всушност, е иницијалната каписла за отворање предмет пред Уставен суд, Јанакиески ја посочи за одговорна Општина Сопиште.

Токму Сончевград беше првиот грандиозен урбанистички проект со кој актуелната Влада го најави влезот на странските инвестиции во државава. Сепак, од оваа гледна точка, проектот тежок повеќе од 100 милиони евра е осуден на неуспех, барем во наредниве два месеца, во кои не смеат да се преземаат никакви активности врзани со проектот се' до конечната одлука на Уставен суд.


#
Статијата е прочитана 442 пати.

Испрати коментар

Од: Како ќе каже Бранко
Датум: 16.04.2010 07:26:15
Не само Сончевиот град, како тргнало Уставниот суд ќе ја укине и Република Македонија!!!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.04.2010 10:31:10
Од поднасловот читаме да имало 3 пресуди од управниот суд и една од уставниот суд.Ете можност за истражувачко новинарство. Интересантни се за јавноста овие пресуди а посебно онаа на уставниот суд, мислам на првата пресуда. Дали има пресуда или се прогласиле за ненадлежни.

Најди! во Утрински
Македонија
Пациентите ќе го спасуваат Фондот од банкрот
Споменикот ќе се врати на плоштадот, ветува градоначалникот Панов
Регионалните депонии под концесија
Ќе се вади отоманско оружје кај Сараиште