Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Македонија

Пациентите ќе го спасуваат Фондот од банкрот

Снежана Калабакова

По најновиот законски „упад“ во последната одлука на Уставен суд, која е трета едноподруго за истата работа, македонските граѓани ќе се лекуваат со сини картони само во приватните клиники што склучиле договор со Фондот за здравство. Државата повторно им диктира на граѓаните кому да му го доверат своето здравје, а целта и' е да го спаси Фондот од банкрот.

Последните измени на Законот за здравство што беа донесени во минатиот четврток, ги направи пациентите жртви за спас на фондовската каса. Со нив уште еднаш е ограничено нивното загарантирано уставно право на лекување, бидејќи сега тие повторно не можат слободно да одлучуваат каде ќе се лекуваат. Оние, пак, што ќе решат да се лекуваат во приватни установи што немаат договор со Фондот за здравство, не ќе можат да се надеваат на рефундирање на дел од парите што ги потрошиле за лекување.

Пациентите се револтирани и се чувствуваат измамени, бидејќи не можат да си ги остварат правата од здравствената заштита што претходно им беа дадени со одлуката на Уставен суд, сините картони да им важат и во приватните клиники. Многумина сега си го поставуваат прашањето дали постои правна сигурност и владеење на правото, бидејќи ова право им го даде Уставен суд, а сега им се одзема со измените на Законот за здравство.

Здравствените власти завчера сами признаа дека ако и натаму Фондот продолжел да ги опслужува пациентите што навалија за здравствени услуги со сини картони во приватните здравствени установи, а кои немале склучен договор, Фондот ќе банкротирал. Над триста пациенти месечно што користеле најразлични услуги од приватните болници, барале враќање на парите што ги потрошиле за лекување.

Министерот за здравство, Бујар Османи, нагласи дека за неколку месеци Фондот би банкротирал, но призна дека обврска на Владата е да го заштити пациентот и системот од колапс. Особено затоа што за него е нелогично Фондот да одржува 113 јавни установи, со плати, опрема и материјални трошоци, а паралелно да издвојува и за трошоците за плаќање услуги во приватните здравствени установи. Пратеникот од СДСМ, Андреј Петров вели дека не може Владата да покажува загриженост за здравството, а да не и' е гајле за пациентите.

„Здравството е уништено и големи средства се одлеани за вработување партиски кадри, а буџетот од 300 милиони евра е најмал во однос на земјите од регионот.

Здравствениот систем е тотално колабиран, средствата од Фондот се потрошени, а Владата ја фаќа паника и купува време да прикаже дека некој друг и' е виновен“, додава тој.

„Освен одлуката донесена во јануари оваа година, Уставен суд има уште две други одлуки од 2006 и од 2009 година, кои се однесуваа на правото на пациентите да се лекуваат со сини картони и во приватните клиники. Првата и последната одлука беа интервентни, а средната со правно дејство за неповедување постапка. Со двете интервентни одлуки се потврдува уставното право на граѓаните кому ќе ја доверат грижата за сопственото здравје. Ако сега некој смета дека со измените на Законот за здравство се кршат одлуките на Уставен суд, треба да поведе постапка и Судот ќе го преиспита тоа и ќе се произнесе“, вели Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставен суд.






#
Статијата е прочитана 716 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 16.04.2010 07:27:36
sto ke ni e zdravstvo, site sme zdravi otkako vladata zabrani pusenje 100 cekori
Од: pacient
Датум: 16.04.2010 09:37:13
So svoite "reformi" Vladata na VMRO-DPMNE i DUI, go dovede zdravstvoto vo kolaps, se na steta na pacientite. Mozebi treba site pacienti da "umrat" za Fondot da nema nikakvi trosoci. Fondot za zdravstvo go polnat so pari site gragjani na Makedonija, ama za zal Ministerot i Vladata odlucuvaat za nivnoto zdravje i zivot. STO MISLI OVAA VLADA, DA IM JA ZEME I DUSATA NA PACIENTITE??????
Од: antilegalizacija
Датум: 16.04.2010 10:34:04
Mislam deka nema drzava vo moderniot svet vo koja vlasta ne gi pocituva odlukite na Ustavniot sud.Makedonija barem vo nesto e prva i edinstvena. Ustavniot sud gi ukina odredbite za eksternoto ocenuvanje, sega Vladata go menuva zakonot, so sto pak ja ignorira odlukata na Ustavniot sud. istoto se pravi i so veronaukata.Kruna na se e poslednata odluka za Zakonot za zdrastvena zastita. I pokraj decidnata odluka na Sudot deka pacientot e toj sto odlucuva kade ke se leci. Vladata mu preti na maticnite lekari da ne davaat upati za privatni zdravstveni ustanovi.Ova ne go pravi ni Cavez.Ministerot za zdravstvo pred dva dena se "lizna" izjavuvajki deka nivniot stav e politicki, za da vednas se koregira.STRAMOTA, na grbot na siromasnite pacienti, ke se drzi vo "konicija" zdravstvoto.Zosto soprugarta na Gruevski ne se porodi vo klinickiot centar, tuku otide vo Mala Bogorodica?Sigurno zatoa sto javnoto zdravstvo ne e za sekogo.Neviden rezil
Од: В. Кратовалиев
Датум: 16.04.2010 14:29:10
Секогаш одмерениот Андреј Петров, почна да се изместува со некои свои помалку зачудувачки изјави. Згриженоста на Владата за здравството и неговите институциите што се друго, освен грижа за пациентите. Што со празен фонд, кој и колку може да биде згрижен?

Најди! во Утрински
Македонија
Сончевград се „гради“ во судови
Споменикот ќе се врати на плоштадот, ветува градоначалникот Панов
Регионалните депонии под концесија
Ќе се вади отоманско оружје кај Сараиште